девојки ве молам да ми помогнете... пред околку две недели осетив како пецкања во левата града и бев кај матичната и ме прегледа, ми рече дека не е ништо. се исплашив да не имам рак на дојка, бидејќи пр допир на одреден дел од градата осетив мала болка но не грутче. прво почувствував како силно затегнување на мускулот на градата па после тоа при допир осекам мала болка повремено. можеби ми е сеуште надразнато местото од тоа што ме затегна мускулот... и не е баш на градата, не почетокот на градата е помеѓу двете гради (на коската). сега закажав и ехо на приватно но сум во пмс.
Majkа ми по природа си е паничарка и мислевме дека не е ништо озбилно ама имаше огромна грутка на дојката , а баба ми( мајка и ) почина од рак на дојка и ја фати паника нормално а и мене отидовме на ехо и и рече докторот дека има многу цисти а таа што ја осети на допир беше 19 милиметри и рече дека организмот и е склон кон цисти на дојки и дека и да ги отстрани(а има многубројни ситни) пак ке и се створат, и закажа преглед за 3 месеци и незнае дали да ја извади таа големата ..
Sakam da ve zamolam Za mislenje dokolku nekoj IMA nekoe iskustvo ili poznavanje, da mi odgovori . Doilka sum vekje 9 meseci. Pred eden mesec mi se pojavi crvenilo na desnata grada, na koja prethodno imav mastit,se ispanichiv I zakazhav pregled. Na eho dijagnostika mi reche doktorot deka nema nishto na taa grada no ispadna na levata dojka deka imam proshireni kanali. A na taa dojka pretezhno doev dodeka na desnata imav mastit I mi prestana mlekoto. Podocna povtorno dojde mleko I na taa grada. Doktorot mi rece samo proshireni kanali a ne mi spomna nisto Drugo, dodeka vo naodot podocna vidov deka pishuva,, poizrazeni duktusi na dojka vo laktacija; fokalni patoloshki lezii I zgolemeni l.gl. ne se pratat. Kontrola po Edna godina ili po potreba. mnogu se plasham za leziite pa ako mozhe nekoj da mi pojasni shto mozhe da znachat I dali IMA opasnost od najloshoto. Odnapred vi blagodaram
Јас имам ногу лошо искуство од ова. Пред две години додека се туширав, на левата града од надворешната страна, на кај пазувата си напипав малечко топче како зрно грашок.Не беше статично. И одма само што излегов од под туш седнав пред компјутер и на гугл напишав топче на градата и секаде кај што отворив пишуваше рак. И почнав да плачам, и се јавив на мајка ми, и викам мамо јас рак имам, на 20 (или 21, незнам колку точно имав тогаш) ќе шетам без една цицка. Ја испаничив мајка ми одма на матичен да ни даде упат за мамографија, па испадна дека јас не смеам да правам мамографија оти не сум имала доволно години, тоа им го правеле само на постари жени, па наместо мамографија ми даде упат за на ехо. Отидов во болница, па имло гужва, не можело одма на ехо, ме закажаа по една недела. Јас цела недела живеев со помислата дека имам рак. Отидов на ехо, ме прашува таа на која града ми е, и кажувам, и гледа гледа гледа, и ми вели: ти знаеш каде ти е? можеш да го напипаш? да и велам. И ми вели епа ај покажи ми каде е јас не можам да го најдам. АЛОО! Како бе не можеш да го најдеш? Зошто си ти тука? За да не можеш да го најдеш и јас да ти кажам каде е? Што ако бев само на обичен контролен преглед, нели секоја жена треба да го прави тој преглед на 6 месеци, има такви кампањи, реклами за подигнување на свеста на жените да одат да прават прегледи да се отркие на време. Ќе гледаше вака и ќе речеше нема ништо, така? И ок го виде шо го виде, ми вика готово, ја прашувам што има, како има, што е, како изгледа... зеде ми се развика, ми вика: ќе има разултати утре ќе си дојдеш ќе си ги земеш, ќе ти кажат што е. И во ред, ги зедов резултатите, на нив пишуваше нешто што не на мој јазик (стручни термини некој си), а најдолу: да посети торакален хирург. И мене косата ми се дигна. И викам на мајка ми ова е за на хирург, мене таму ме праќаат, сигурно операција ќе ме прават, ќе ми ја сечат градата, инаку зошто би ме праќале на хирург. И одам јас на торакална хирургија, таму ме прашаа кој сакам да ме прегледа, сум можела да бирам, и ми наброија неколку доктори и една проф. др. татјана или тијана,така нешто беше. И ај јас ја избрав неа, пошто мислев овие другиве се со титула само доктор, од неа учеле, а таа единствена професор, докотор. И ок, ми закажаа кога да одам кај неа. Не ме прегледа ништо, само го виде тоа ливчето од ехото и ми вика, да тумур е, ама не е страшно бенинген е, ќе те оперираме, само мал рез колку еден нокт ќе ти направиме и ќе го извадиме тоа топчето, ќе те сошиеме и толку, ништо страшно. И ок, ми закажаа ден, термин, се за операција. Требаше од претходниот ден да одам,а наредниот ден сабајлето да ме направат операција и понаредниот да си одам дома. Во тораклана хирургија беше фул. Сите кревети зафатени. Ми пратија анестезиолог да запише колку сум тежела, колку сум била висока, алергии дали сум имала и други глупости, за да ми одреди количина на анестезија и ми дадоа 2 дијазепами. Ми рекоа 12 сати пред операцијата не смееш да јадеш ништо, а 6 сати пред операцијата не смееш ни да се напиеш било што, ни вода, ни мастика, ништо, и едниот дијазепам да сум го испиела тогаш, а другиот пред да си легнам, за да не сум се плашела од операцијата. И добро. Тој дијазепам наместо да ме заспие, јас мислам дека ме остави будна цела ноќ. Сабајлето ја зедоа една во 8 да јаправат операција, а после неа бев јас на ред во 10 часот. Кај 9 дојде болничар, ми ја намачка целата града со јод и ми рече да очекувам секој момент да дојдат да ме земат. И дојдоа, со се кревет ме зедоа (хаха), мајка ми во ходникот ме гледа со се кревет ме носат во лифт, плачи ли плачи жената. Ме оставија во еден ходник, соба, или што беше -врска немам и таму дремев пола саат, па донесоа уште една жена, и таа за операција. Си подремивме двете уште 15тина мин, барем друштво имав, си споделивме стравови од операции, си се утешивме малку. Па дојде еден ме однесе во операциона сала, ме станаа, ми го извадија чаршафот од креветот и го постелија на операционата маса, сотл, кревет - што и да е. и ме легнаа на истиот (најверојатно за после со чаршафот да ме кренат и да ме вратат на стариот кревет, барем според моја логика), си ја соблеков пижамата. на десната рака ми ставија инфузија, на левата рака некакво си апаратче (ваљда за притисок. И на нозете нешто ми ставија, незнам што, не видов. Ме прашуваа колку години имам, кај сум студирала, ова она, па дојде таа хирургот, ме праша како си и како си помина на одмор.... дали и одговорив -незнам, ама не памтам ништо повеќе. Следно што памтам е дека се разбудив ама тешко ми беше да ги отворам очите, капаците сто кила ми тежеа, и слушам неколку гласа над мене викаат: диши дишии. Ги отворив очите и сфатив дека не дишам, па почнав да дишам, тие си заминаа. Очите ме чешаа ненормално. На десната рака инфузијата, а левата не ја осеќам и не можам ни да ја мрднам. И почнав да викам по сестрата, дојде и кажав дека ме чешаат очите и зеде памукче, ме потапка по очите и си замина. Јас си вика wtf? изедов некако со таа раката со инфузија што ми беше, ја свиткав со страв и се почешав. Бев покриена со 4 ќебиња, незнам зошто, ама битно кога дојде болничарот да ме врати во соба ми ги зеде ќебињата, дури и тоа ќебе што го имаше на креветот пред да ме однесат на операција и ме оставија само со едно чаршафче покриена, јесте да беше лето, ама сепак... Поминаауште неколку часа, јас сеуште не си ја осеќам левата рака. и кажав на докторката а таа ми вика, немаш гајле ќе ти помине за неколку дена, најверојатно ти се укочила бидејќи ми ја ставиле свиткана на горе за да можат слободно да работат, оти нели на левата града ми беше од надворешната страна. и ок , си отидов дома нредниот ден во 7 сабајле, затоа што дојде дрвојче кое исто тебаше да се прави операција од истото, само на двете гради, и неа и рекле да дојде во 7 оти во 8 ќе ја земеле на операција. Па ајде морав да си одам, затоа што мојот кревет беше планиран за неа, а друг слободен немаше. И ок, си отидов дома. Поминаа 2 месеци ја сеуште на ја чувстувам раката, а докторите излегоа со оправдување дека за време на операцијата положбата на раката била незгодна па така бил потиснат некој нер и на нервот му требало најмалку 6 месеци да се регенерира, па полека полека ќе ми се вратело чувството во раката. и вистина почна да ми се враќа постепено чувството во раката, ама како што се враќаше така се посилни и посилно раката ме болеше и тоа болка без престан. За болката докторите исто дадоа објаснување дека нервот се регенерира и дека поради тоа што неколку месеци на сум ја движела раката ми антрофирале мускулите па нормално било да имам болки се додека повтроно не ми зајјакнат, па ме паратија на физикална терапија, на струја, на масажи на незнам кои други апарати што ги користат во физикална. Раката ме болеше 3 месеци, се на се околу 7-8 месеци јас бев инвалид со раката. Е сега битно е да напоменам дека јас пишувам со лева, значи не можев да пишувам, не можев ништо да правам. Кога одев на контроли за раната на градат и на вадење на конците ќе не тупнеа 3-4 жени во едно собиче во кое влегува и излегуваа триста мажи жени и што не, а во меѓувреме ние на удар на вратата бевме и кој како влегуваше и излегуваше луѓето во ходникот се си гледаа. јас првиот пат се пикнав во едно ќоше и ми се раздраа дека сум се криела таму оти таму им стоеле инструметите а тие биле стерилизирани, ќе сум ги допрела. На една таква контрола имаше жена муслиманка, која беше забулена. ни рекоа како и секогаш, соблечете се ќе дојде докторката. и таа беше исто од града праена операција, и се осблековме и седиме дремиме така 3 жени голи во собчето, исто си излегуваат влегуваат доктори сестри, сите од ходникот не гледаат. Па нека имаат малку осет. Жената косата ја крие, матил носи, ти ја присулуваш цицките да ги покажува на луѓето во ходникот. Контролите беа болни. Ми ја притискаше раната и плус се дереше, кога ќе ме притиснела на градата да не сум се навалувала на назад. А кога ми ги вадеа конците, ми ги вадеше студентка, а докторката гледаше. и таа полека полека, пажливо, а докторкава и се сери убрзај и вика, а студенткава се правда вика ми е страв да не ја боли. Докторкава и одговара па ќе ја боли, ами како? Не за џабе ова се вика болница. Додека ги имав конците не смеев да ја наводенам раната, па можете да замислите колку беше тешко туширањето без да си на наводениш едната цицка и сето тоа да го направиш со една рака, оти другата исто како да не постои. А врв на се беше кога докторите ме пратија најпрво на ортопедија, пред да ме пратат на физикална. Стигнувам на ред во ортопедија, беше еден стар излапен доктор. Шо ти е ми вика. И му кажувам. И наградно прашање: погодете што ми рече? Ми рече дај да видам како ти задравува раната. АЛООО, што бара МЕНЕ ОРТОПЕД ДА МИ ЈА ГЛЕДА РАНАТА? МАНИЈАК! Не може му викам, преврзана ми е. А добро тогаш ко ти е преврзана - ми вика. Ете какви се тортури си доживеав јас од едно топче на градата, што на крај испадна дека можеби и немало потреба воопшто да ме оперираат.
Moon1 , tvoevo bilo golgota , a kako i da ne bide so denesnovo zdravstvo .Po bolnicive e kako vo kasapnica,da ne si go zakaci covek taksirat inaku ,mu se eba majkata. I jas imam slicno iskustvo ,ali na druga operacija bev, i bas zatoa sto mi e prpa sega ,nesmeam da odam na lekar. Imam i jas imam nekoi pogolemi grutcinja na desnata grada,koi me bolat,ali kako sto rekov - se plasam od epilogot na lekuvanjeto i zatoa si kjutam. Nego bi sakala edna konsultacija so lekar ,ali po privatnive bolnici ,valjda tamu se posaglam od ovie po drzavnive bolnici ,Pa vi ve zamolila site sto ke go procitate mojov post ,daj te mi preporaka kaj koj lekar da se konsultiram. fala bogu sto postoi sajtov ,i shto mozeme da si pomogneme so preporaki . Mnogu ve pozdravuvam ,imajte ubav denn
Додека лежев на торакална, разговарав со жените таму, и речиси сите бевме од градите првени операција само бевме од различни хирурзи. Е сега многу повеќе ги фалеа тие што беа мажи тораклани хирурзи, отколку ова мојава проф.доктор. што беше. За неа зборуваа дека била вообразена. Па сега што знам... јас се правев операција Скопје, а иначе не сум од Скопје, туку тоа време живеев во Скопје, затоа што студирав, имав стан изнајмено, а и се погоди јуни-испитна сесија, па требаше да си испланирам и испити и операција и затоа се направив Скопје. Кога отидов во мојот роден град, бидејќи за време на летото си се враќам дома, нели, ме искараа многу луѓе, вклучувајќи ја и матичната докторка, за тоа што не сум ја направила операцијата во родниот град, сме имале ние кај нас многу добри хирурзи. По 3 месеци после операцијата беа готови анализите на топчето што ми го извадија. Бидејќи кога ќе ти го извадат го праќаат на патологија и таму прават анализи да утврдат што точно е. и се утврди дека не било ништо страшно и дека дури и не сум морала да го вадам, освен ако ми смета, или во случај да се зголеми. Меѓутоа, со ова што ми се случи јас научив многу за туморот на градата. Научив дека секој израсток во телото е тумор, а тумор не е = на рак, што претходно за мене 2те значеа исто. Е сега туморот може да биде бенинген или малинген. Бенингниот не е страшен, тоа е накакво си ткиво, згрутчено масно ткиво, или поинакво, меѓутоа не е рак, нема во него карциномни клетки, но доколку расте, а не се оперира тогаш ќе прерасне во манинген тумор, што значи рак, и веќе има карциномни клетки. ДОколку не расне бенингниот тумор, тогаш оперираат по желба, ако ти смета ќе ти го извадат, ако не ти смета, не расне си стои така, а во него нема ништо штетно, нема ни потреба да ти го вадат=такво беше моето, ама кој да ми каже, јас отпосле разбрав. Е сега, моето не болеше. Мене всушност никогаш и не ме болеше градата. Јас немав болки ни пред операција. Сега ако го притиснам местото каде што ме сечеа ме боли, а претходно додека беше внатре топчето не ме болеше. Не сакам да те плашам ,ама под итно да одиш на доктор, ни ден да нечекаш, затоа што бенинген тумор не е статичен (можев топчето да го шетам во блиската околина на градата), а малингниот е статичен и боли. Затоа пот идно на доктор. Незнам колку години имаш, ама ако имаш над 30, одма барај упат за на мамографија ( тоа е снимање на градата), а ако немаш доволно години, тогаш оди на ехо, имаш и приватни еха, така ќе утврдат што е, а потоа размислувај за хирурзи. http://popara.mk/2014/zhivot/zdravje/ako-na-dopir-osetite-grutki-na-dojkite/ Еве на овај линк пишува убаво за грутките на градата, за тоа какви можат да бидат и кои се бенингни а кои малингни т.е. карциномни.
Имаш во ремедика ехо на гради 1500 денари ако има потреба ке те пратат и на мамограф ако не ке си завршиш со ехото јас занедела време ке сиодам на ехо на гради иако немам проблем превентива
Alisa0000 , fala ti za ova , ali kaj koj lekar-ka da si zakazam - imas li da mi preporcas nekoj specijalen ili kaj bilo koj da odam. Mi treba filjan covek ,da ne naletam na nekoj so malku iskustvo. Abe glupo e shto vaka pisham ,ali kako vikaat poparen macor i na matenica duva. fala ushte ednas
Здраво, прво да си го кажам проблемот имам едно топче на десната града кое најверојатно е рак, чекам резултати од биопсија и си барам некоја надеж на форумов да не имал некој сличен проблем а да испаднало дека не е рак, епа вака доев до пред 9 месеци и одкако престанав одма забележав топче кое мене ми се чини дека ми е поголемо кога треба да ми дојди, дури еднаш и како да го снема ама сега пак си е тука, кога бев на гинеколог направив ехо и ми рече дека не е нисто страшно да не брзам да не го вадам ама за сигурно да појдам на радиолог, е таму друга приказна докторката вика не треба да се чека па одма мамографија и биопсија направив и таа смета дека има канцерогени клетки и сега паника па се надевам дека згрешила пошто така ми одговара па ве молам ако има некој слична ситуација нека пиши позз
Наскоро треба да оперирам тумор-фиброаденом. Страв ми е од нееднаквоста што ке ја имам после тоа во градите, затоа што и така се малку различна големина и сега туморот што е доста голем ке ја зголеми. Какво искуство имате со естетски изглед на градите после вадење тумори и цисти? И тие што поодамна сте правеле операција, дали ви се оформи нов тумор после некое време? Итно ми е, ве молам одговорете.
Мене Фала Богу ми се нема пак појавено. Кај мене нема никаква разлика во градите, освен онаа што и пред тоа ја имаше, малку нели. Ама ништо значајно после вадењето на фиброаденомот.
Фала ти на одговорот. Проблемот кај мене е што десната града ми е и така помала, а туморот е многу голем и ќе се зголеми разликата, не знам дали ке се надокнади после со сало и ке се прошират каналите што биле притиснати од туморот или ќе се смали уште толку. Иако ми препорачуваат да се опрерирам, скептик сум. Естетски не ми смета туморот, а во последната година не е пораснат. Проблемот е што докторите секогаш викаат да се вади, дури и кога има шанси сам да се намали, а во некои случаи и да исчезне. ти пред колку време се оперираше?
Здраво нова сум на форумот. Би сакала да слушнам ваше мислење и искуство.за добар хирург за фиброаденом. Имам 25 години. Ви благодарам
Здраво сакам да ми кажете дали досега имал некој БЕНИГНА НЕОПЛАЗМА ВО БРЕМЕНОСТ и дали истата пречи во доењето ?
Пред 2 месеци случајно се удрив во вратата, и осетив појака болка во десната града. Кога се допрев, напипав тврдо ткиво, издолжено, да речам во форма на бадем. Требаше да ми дојде менструација за 2-3 дена, и нормално градите ми беа зголемени и почувствителни. Бидејќи се исплашив многу, отидов веднаш на ехо кај гинеког, и ми рече дека не е ништо страшно, најверојатно некоја жлезда која ќе ја снема откако ќе ми помине циклусот. Ама тоа не се случи, туку само се намали како мало топче. Пред 1 месец, повторно пред менструација, истото се случи, пак ми се издолжи и зголеми. Откако ми заврши, повторно се намали, ама на допир се осеќа, а имам и болка кога се допирам таму. Вчера бев на преглед кај доктор специјалист за тие работи, ми направи ехо и првин ми рече да одам на контрола за 3 месеци, да го следиме. На ехото не се покажа ништо, а на допир се чувствува и ме боли. После се предомисли и ме прати во понеделник да направам биопсија во Скопје, во Хистолаб, кај д-р Љубе Ивковски. Сега не сум ни на небо ни на земја, преплашена сум, ама барем веднаш по биопсијата ќе имам резултати и ќе знам за што се работи. Го молам Господ се да биде во ред, се надевам нема да имам посериозни проблеми. Дали некоја од вас имала вакво искуство?
Чекај,ако на ехо не се гледа ништо и нема промени на ткивото зошто би те пратил на биопсија? Не знам дали знаеш,ехо на гради се прави веднаш по циклусот.Значи ако ти трае 5 дена на 6-от треба да одиш на преглед.Се што во меѓувреме ќе се јави може да е од хормонска природа. Сeгa повторно го прочитав постот,ако нешто се напипува тоа мора и да се види на ехо,изгледа тој не ти кажал.Затоа подобро направи ја таа биопсија да знаеш на што си во меѓувреме може да ставаш облоги од ACIDI BORICI.
Баш поради тоа што не се гледа ништо на ехото, а се напипува тврдо и болно ткиво, ме праќа на биопсија, да бидеме сигурно за што се работи. Знам дека ехо се прави веднаш после циклус, така и требаше, по 3 месеци да идам на контрола кај него. Ама после се предомисли и ми рече да направам биопсија. Инаку, и гинекологот и специјалистот ме гледаа на ехо, ништо не се покажа. Инаку, моментално топчето е со големина од 1цм. Само пред да ми дојде, ми се зголемува. Мислам дека биопсијата нема да ми наштети ништо, нели? Само да биде се во ред.
@happygirl Веќе 2 години имам топче во градите и идам постојано на контрола поточно на 6 месеци. Мојата докторка ми рече во никој случај да не дозволувам да се прави биопсија нормално доколку тоа не е потребно, затоа што ако не е ништо страшно секоја следна контрола ќе ти викаат да правиш биопсија. Побарај си упат да одиш на магнетна. Не знам кај кого си била на доктор ама јас ти ја препорачувам докторката Славица Чалчевска од болницата 8 септември најдобра е.
Majkami imase topce koe pri dopir ja bolese.Bese na snimanje pa ja pratija vo privatna klinika Xistolab i tamu otkrija deka vsusnost ima dve a ne edno dobro pomina ispadnaa cisti