Здраво драги мои феминки, синоќа осетив топче под левата пазува. Утрово бев на лекар. Ми правеше ехо преглед на дојки и под пазуви. Ми рече дека топчето не е ништо сериозно, фала на Господ и да не се секирам. Може да е од некој стик и сл и дека ќе помине. Но, на десната града ми рече дека имам фиброаденом, дека не е страшно и е бенигно. Но ми рече дека ќе мора на 6 месеци да правам контроли да видиме дали ќе остане исто. Дали и некоја од вас има некое сл.искуство? Се плашам да не ми порасне и да треба да се оперирам... Инаку имам 25 години. Ви благодарам многу. Хагс.
Немој да се плашиш и да треба да се оперира не е страшно. Имам фиброаденоми на двете гради веќе 3 години. На 6 месеци одам редовно на контроли има периоди кога ми се зголемува, има периоди кога се намалува. Гледај да одиш на контроли 10 дена од кога ќе ти заврши менструацијата.
Немој да се плашиш, оди редовно на контроли и следи го. Јас имав фиброаденом докторот препорача да се опериса во случај ако планирам бременот. И јас имав 25 години и го оперирав во гевгелија др саво пандоров па операцијата беше кратка, не ме болеше, мојот фиброаденом бесе одма до аеролата сега во општо не се познава зафатот толку прекрасно оперирано што кога по операција бев на ехо докторорот го пофали. Еве има точно една година. Точно пред една година, а да за време на операцијата беа присутни анестеолозите што на вестите ги кажваа но јас поминав убаво. Болницата е катастрофа но докторите сестрите и останатиот персонал можам само да им се заблагодарам и шапка до земја да им спуштам. Ако сакаш фетално да разговараме пиши ми во порака
Zdravo neznam dali e seuste aktiven forumov no ajde da prasam Imam 26 god imam edno detence od 3 godini koe go cicav do 1 godina samo na ednata grada . Normalno gradata mi e pogolema od drugata sega . imam premnogu strii i na gradite no nikogas ne sum gi gledala gradite nekako da gi ispituvam ...pred izvesen period 4-5 meseci gradata od koja go cicav maliot mi bese tolku teska kako pak da imam mleko i tecese nekoja tecnost od nea i kako golema grutka imav ...ne ojdov na dok poso posle menstruacija mi pomina ...e sega pak ja imam i trebit da mi dojdi ..ama imam grutka golema nzn kako da ja opisam i pak imam iscedot od gradava...Moze da e nesto seriozno ??Izvinete na dolg post se nadevam ke imam odgovor
Prvo, obavezno pojdi si na doktor. Jas imam fibroadenomi (grutki) na dvete gradi i pred 2nedeli pocnav bleda tecnost da zabelezuvam. Odma otidov na doktor. Mi pravese eho i rece se dodeka e bezboen ili zoltenikav iscedok ne e strasno. Ako e so krv togas da. Tie grutki najveke bolat pred menstruacija. Dodeka da ides stavaj list od sveza zelka (malku omeknata so sukalo) ili na pamuk rakija i na gradata da stavis. Moze ne e nisto strasno, ama moj sovet ti e za da bides mirna da si ides na lekar.
Здраво Вака имам повеке фиброаденоми насобрани на едно место од десната страна, од кои се одкриени случајно во март оваа година, рекоа дека е 97% бенигно. Ми препорачаа да ги одстранам. Дали некој друг има ваков случај и ако има како се снашол во сево ова, поради која причина се појавуваат ( јас имам и др здравствени проблеми) и каде го има извршено овој хируршки зафат... Кои доктори ги препорачувате и како одат подготовките и заздравувањето..
Исчитај ги коментарите, би требало да најдиш одговор на твоето прашање. Имаме споделено повеќе искуства
Здраво на сите , се надевам некој ќе ми помогне и ќе издвои време, ако може некој да ми каже некоја докторка за на ехо на гради и да сте 100% задоволни , бев на 3 различни доктори и пак имам болка , може и на лп ( може и приватни ) зошто неможам да чекам
оди во Центар за дојка, Скопје, мене ми ги препорачаа како најстручни, се закажува телефонски, 2000ден е прегледот
A zosto biopsija? Koga bev na eho dok mi veli samo deka mora da se ostrani imam 3 fibroadenomi 1 vo levata dojka pa dolu pod desnata dojka plus vospaleno.bese i dolu pod rebrata isto.imat i toa sega mie vosplaeno pa so lokalna.anestezija me iscistija
Ne znam kako da postapam posto nekoj mi vika nemoj da go cepkas nekoj pa operirajse treba da razmislam i da se konsultiram so nekoj specijalist od sistina sepak blagodaram na odg
Разгледај поназад мислења има доста пишувано за ова. Оди или на приватно или во 8ми Септември имаше добар доктор за оваа проблематика, не ми текнува на име
Јас после 4 години ги извадив двата фиброаденома. Имав на двете гради и ги следев редовно на 6 месеци. Не ми правеа биопсија и докторката Славица од 8ми Септември ми кажа дека не е добро да се прави биопсија. Се оперирав пред два месеци на двете гради, бидејќи почнаа да растат и мораше да се извадат. Откако се оперирав ги однесов на испитување.
Da i jas isto imam slusnato deka nee bilo dobro da se napravi biopsija i kako se custvuvas sega imas nekakov problem
Немам никаков проблем. Чувствувам болки на промена на време или кога имам циклус, се издржува не е страшно.