Ајде закажи ехо и да си бидеш мирна. Сега во пмс си? Ако си да почекаш да добиеш, па да видиш како ќе ти биде ситуација. Мене така ме советуваа првиот пат.
ДА ВО ПМС СУМ! Затоа и си викам ај ништо не ми е си се тешам...Да почекам најубаво ќе биде ама не можам нема да заспијам
Devojki bev denes kaj maticnata,mi napravi pregled i mi rece deka mi e od pms,biderki celata grada mi bila grutcesta a taka se slucuva pred dobivanje mesecen ciklus.A bolata bila od prslukot.Ali za sekoj slucaj mi dade upat da idam da se proveram na torakalna i plus vo jane sandanski imalo eho za da ne cakm mnogu.
и јас имав грутка на левата града,ми се појави во март,па изчезна,па пак се појави некаде во јуни,па направив ехо,таму ми вадеаа со игла од грутчето примероци, па на крај испадна дека насобрано сало,можело да се појави кај секого,без разлика да е подебел или ептен слаб не се секирајте тие кои имаат може и да е истово и кај мене што беше
Samo kolku za informacija devojki, Krckovski e vo Dijagnosticki centar, a tel tamu e 3223516, pa za kazuvajte si pregled, vikaat deka e najdobar vo Makedonija!
Поздрав и од мене до сите членови на сајтов,не мора да значи дека ако се има грутка на градите дека е нешто малигно или тумор.Зато се прави пред се мамографија па ехо по испитувањата ке се види за што се работи,се сложувам со тоа дека је масно ткиво или хормонско.за девојките е само ехото.Секоја една жена треба да си направи испитувања не е ништо страшно ниту болно пред се се работи за наше здравје.
Може ли некој да ми каже дали има направено интервенција, отстранување на аденом од дојката? Мене ми најдоа мал аденом околу 6мм, со препорака само да се следи и после 6 месеци на контрола
Јас имам проширен канал незнам дали е како твоето или пак станува збор за нешто друго. Мислам дека на почеток беше 9мм и го следам на секои 6 месеци. Последниот пат кога бев се беше намалило на 7мм. и ми рекоа дека е добро и да одам за една година. А кај кој доктор одите на прегледи?
ЛЕЛЕ ЛУЃЕ И ЈАС ИМАМ ИСТО ГРУТЧЕ, ИЛИ ЖЛЕЗДА ИЛИ НЕ ЗНАМ ШТО Е!!! БЕВ НА ЕХО И МИ КАЖАА ДА НЕ СЕ ПЛАШАМ ДЕКА НЕ БИЛО НИ МАЛИГЕН НИ БЕНИГЕН ТУМОР, ТУКУ НЕ ЗНАМ ТОЧНО ШТО АМА НЕ БИЛО ОПАСНО НИШТО И НЕ ТРЕБАЛО НИ ИНТЕРВЕНЦИЈА, НЕГО САМО ЌЕ ИЗЧЕЗНЕЛО, МИСЛАМ ДЕКА ОКОЛУ 6ММ БИЛО, АМА МЕНЕ НЕКАКО МИ Е СТРАВ ПОШТО МИ СЕ ПОЗНАВА ОНАКА И МЕ БОЛИ НА МОМЕНТИ И МИ ТРНЕ РАКАТА, МИ КАЖАА НА 4 МЕСЕЦИ НА КОНТРОЛА ДА ОТИДАМ И ДЕК ВООПШТО НЕ БИЛО СТРАШНО АМА МЕНЕ ЛИЧНО МНОГУ МИ Е СТРАВ, ИСКРЕНО
Пред две недели кога бев на преглед кај др.Кокорманов ми утврди дека топчето е аденом во големина од 6мм. Бев на преглед и после два дена ми дојде циклусот. Закажав преглед за наредната недела кај Крцковски ќе видиме што ќе каже тој.
немој да се грижиш оди само редовно на контроли и следи го ако има потреба од итервенција ке ти кажат,обично ако големината е поголема од 20мм тогаш препорачуваат вадење,но не е секогаш тоа случај. Јас имам веќе 2 години фиброадено 16 мм во едната града и одам само редовно на контроли бев на 5 лекари и добив 5 мислења и решив ниту да правам биопсија ниту да го вадам се додека е мирно. позз
дечки а има ли некој што му се познава на некој начин е видливо, или барем јас така си мислам....дека знам.... ама и боли онака повремено и ми трне раката.....ве молам ако има некој со сличниве симптоми или искуство нека пише совет....
Јас имав фиброаденом пред 4 години и решија да ми го извадат, бидејќи не беше подвижен и беше голем 10 мм. Се оперирав на државна клиника, со целосна анестезија, лежев 4 дена додека да помине дренирањето и после ме пуштија дома. За недела дена ги вадат конците и после е се ок.
Кај мене не се приметува, да не бев на преглед немаше да знам дека го имам. Понекогаш ме боли левата рака, што викаш ми трне ама тоа може да е некоја мускулна болка. Пробај да пиеш аналгин и бедоксин во комбинациа може ќе помине од тоа.
Можеби дека кај мене е во погорниот дел, на почетокот на градата и за тоа, не дека нежто има оток ама малце може да се примети како жлездичка.......а твоето треба да хируршки да се отстрани прасенце?
Ме советуваа да одам на контрола после 6 месеци, ама како што кажав погоре наредната недела имам закажано кај Крцковски да видиме он што ќе каже, дали воопшто е аденом или нешто друго зошто кога бев на преглед после два дена добив.
Епа девојки да ви кажам сите што имате било какво претчуство, некаква болка или едноставно потреба од преглед да се обратите кај Др.Крцковски зошто човекот е закон. Немојте да си го трошите попусто времето и парите за кај “надри доктори“. Од дијагноза (аденом) пред две недели, со вчерашниот преглед кај него немаше апсолутно ништо, освен проширени канали кои ги имаат 90% од девојките кои нераѓале.