Здраво.Бев на хирург ими правеше преглед со допир осети грутки и вика дека било мастопатија мн мие страв се изнаплачив ми даде упат за биопсија а среда и ехо ќе праваам.Во двете гради значи имам 25 год прилично големи гради од секогаш немам ни родено не сум мажена..Денес глата ми пука филмови само триста се изнаплачив мн мие страв што ако не дај Боже е нешто друго..Ве молам некое мислење..поз секое добро
Зошто одма на биопсија? Јас бев 21 кога ми најдоја две топчиња- фиброаденоми , ми правеја магнетна одев редовно на контрола на секои 6 месеци и после 4 години мораше да ги извадат затоа што растеја. Не се плаши, доколку сакаш да слушнеш и друго мислење би ти ја препорачала Чалчевска.
Многу се плашам ете вика мастопатија е не ни знам шо е тоа и како нозете ми се сечат телово ми олади чекам среда да дојди.......
Без паника, ќе те гледаат на ехо и ќе ти кажат што е. Не се секирај не е ништо страшно, побарај и магнетна да ти направат. Мене првата докторката што ме прегледуваше исто веднаш ме прати на биопсија, јас не направив туку заминав на второ мислење. Чалчевска во 8ми септември е одлична докторка и само што ми ги виде резултатите одма рече нема потреба од никаква биопсија само редовни контроли.
За истата дијагноза имам совет од Крцковски, бог да го прости- нема потреба од вадење. Некогаш се средува по бременост и доење, некогаш и по вадење пак се појавуваат. Ако е потврдено со биопсија дека е во ред, нема никаков простор за паника.
Фиброаденомот треба да се следи, а некогаш има и потреба да се извади. Се мери според повеќе параметри: форма, големина, структура, дали излегува од границите, дали продолжува да расте итн. Според тие параметри се утврдува и дали спаѓа во ризичните и се препорачува биопсија. Не се потпирајте на туѓи искуства, следете препораки од специјалист. Јас мојот го извадив и откако го извадив 2 години одев на контроли на секои 6 месеци. После тоа продолжив да одам на регулар контроли еднаш годишно, како што и се препорачува да се оди и кога нема никаква состојба.
На ехото ќе се види поубаво. И јас сум со фиброаденоми(грутки) и си ги "носам" веќе 10тина години Никој не ме прати на биопсија, а одев кај др. Крцковски, многу фален доктор беше. После таму продолжив кај др. Сезан, за последниве 6 години да одам кај др. Златко во 8ми Септември. Прво, не се секирај. Тие фиброаденоми знаат и да растат и да се намалуват. Само треба следење, ехо прегледи на 3,6,12 месеци зависно како ќе одлучи докторот. Мене претходно ми се зголемуваа и докторите викаа ништо страшно. Сега, после вториот пораѓај имав јаки болки, како жежење и готово мислев крај е. Отидов на преглед, докторот ми вика се намалиле грутките. Се зачудив дек болка имав. Ми рече тоа е се од хормоните. Сега, не сум доктор, но сум имала искуство со еден куп прегледи. Мој совет - додека ги направиш сите прегледи, дома ставај лист од зелка. Земи лист од свежа зелка и помини со сукало само колку да пушти малку сок и држи на градата 2 - 3 саати. Можеш секој ден да го правиш тоа. И да правиш биопсија, и тоа не било страшно, барем ќе добиеш одговори. И уште еден совет што ми даде доктор - за ваков проблем, уствари за преглед на гради си одиш само кај доктор специјализиран за тоа, мислам радиолог беше. Не кај општ доктор, не кај гинеколог или било кој друг доктор. Со помин да е и пиши што си направила на прегледите. И не се плаши, јас мислам дека не е ова ништо страшно.
Следење се подразбира, како и за секоја состојба, нормално, a биопсијата потврдува дали е фиброаденом или нешто друго. Вистина е дека може да расте, може сам од себе да престане да расте, може да се повлече и повторно да се појави. Во основа се согласувам со се напишано, само специјалистите не секогаш се едногласни во препораките околу еден конкретен случај. Допишала @flower30 погоре за ехото. Да, радиолог, и тоа радиолог специјализиран за дојка. Имаше една во клинички, ја заборавив како се викаше, убедливо најдобра беше и веројатно сеуште работи.
Се согласувам и јас. Од мое искуство има доктори што не разликуваат фиброаденом од циста на пример. Има некои што се доволно искусни и од ехо знаат, ама секако мора да се потврди со биопсија за да се даде конкретна дијагноза. Најмногу напишав поради искуства што ги имам во приватен живот. Како што кажа и ти, двајца доктори може да имаат различно мислење. И важно е и каде се оди и кој те гледа. Задоволна сум и од докторката во 8-ми септември, од д-р Маја во Центар за дојка и од д-р Маја Чапова во Систина. Најголем дел од жените во мое опкружување не одат на редовните прегледи за гради, па дури и кога имаат причина за тоа. И муабети во стилот - јас имав, мене ми рекоа ништо страшно не е/да не го вадам, може да охрабрат некој што можеби има поинаква ситуација, затоа што има врска каков фиброаденом е, дали има историја на болест во фамилија и слично. Не ми е поентата да се крева паника, туку да се крене свесноста дека мора да се оди на овие прегледи исто како и на гинеколог. Раната дијагностика е клучна во било која промена овде. За многу болести и состојби не можеме толку лесно да контролираме, ама барем за тоа што можеме да ја користиме науката.
Здраво.Бев на ехо денес и во едната града циста.Дали е опаасно.Ми рече секој месец само преглед ми кажа лист од зелка.и гел еден да го земам.Друго уредно не е мастопатиија ко шо рече.хирургот и нема потреба од биопсија..Мислење за цистите?.
Цистата може и со ментруација да ти исчезне. Нормално редовна контрола прави си и немој да се плашиш. Само не ги запоставувај контролите.
Nemam biopsija napraveno, doktorot mi rece samo dokolku se odlucam da go izvadam ke treba da napravam biopsija bidejki mi rece nikoj hirurg nema da te cepne bez biopsijata, ako ne rece nema potreba. Odam na redovni kontroli od 3-6 meseci. Ali me ispanici bolkata sto od vreme na vreme retko se javuva na toa mesto kaj so e grutceto ali ne sum go prasala doktorot dali e normalno ili ne ali ovoj pat ke go prasam sega treba da idam za brzo.
Не разбирам како може со сигурност да каже дека е фиброаденом без биопсија. Јас не би го оставила така, да си направиш биопсија. Инаку нормално е да боли, уствари не боли тоа туку градата боли при промена на хормонско ниво.
И кај мене така 4 години ме следеја, без биопсија како фиброаденом. Со ехо и магнетна преглед. Кога ме оперираја тогаш правеја биопсија. Не знам кој доктор беше ми кажа дека ако се направи порано биопсија ако не е нешто опасно, секој пат после тоа може да им личело на лошото затоа што ќе сменело форма.
Кај мене секогаш кога имало болка сум одела на преглед и освен малку да се зголеми фиброаденомот, фала му на Господ, друго се било ок. Јас болка осеќам и ако сум пред добивање. За да си бидеш сигурна, најдобро е да си закажеш еден преглед, ќе ти направат ехо и мирна глава. А како што пишав и погоре, додека да отидеш пробај со лист од зелка(свежа). Мене ми помагаше.
Stavam zelka periodicno i doktorot mi kaza taka, i porano me bolelo pa na pregled nemalo nikakvi promeni ali denovive me bolese podolgo malce pa zatoa se isplasiv. Na pregled sum za brzo, ke prasam sekako. Sepak fala ti mnogu❤️
Мене докторот кога му кажав дека имам болка се насмеа и вика, штом боли не е страшно. Ама сепак, јас додека не отидам на преглед и додека не се види на ехо, ми е страв. Ама ете, стварно се покажало до сега како што кажа докторот. Ама и хормоните многу влијаат, веројатно и промената на времето. Ставај зелка, ставај неколку дена по ред. Мене покоен др. Крцковски тогаш ми рече зелка, а можеш и на памук да ставиш ракија и така да држиш. И тоа сум го пробала, ако немам дома зелка. Ти посакувам да биде се добро на прегледот и да помине болката брзо