Мене доктор, радиолог ми има кажано да ставам листови од свежа зелка или ракија на крпче на местото на грутчето. Доколку ти кажал доктор може, иако мислам дека и Ациди Борици нема да наштети , бидејќи јас на децата сум ставала А. Борици на местото на примена вакцина , совет од медицинска сестра.
Да ми препорачате добар торакален хирург на државно за отстранување фиброаденом на дојка? И некоја ако има отстранувано нека ми пише ЛП. Фалаа
Има некоја искуство со бременост и фиброаденом? Го имам околу две години, нема никаква промена, 7,5 мм. Го следам на прегледи ама денес докторката веднаш излезе и не стигнав да ја прашам. Мислев дека ќе е проблематично и дека треба да се отстрани пред бременост ама како што читам искуства, не мора? Ако беше сериозно ќе ми спомнеше и без да ја прашам.
Јас поминав две бремености со фиброаденоми на двете гради, без никакив проблем. Докторот викаше кога ќе доиш, ќе се намалат. Со второто се молзев еден месец, не цицаше. Кога отидов на преглед после 5 месеци од пораѓај, беа намалени. Тоа е моето искуство
Јас имам фиброаденом, пред 8 месеци откриен, го следам, не расте, 13мм е. Веќе имам едно бебе кое го доев до 15 месеци (сега е 2,5 години) и докторот кога ме гледаше првиот пат ми рече дека сигурно сум го имала и пред бременост. Но ми посочи дека добро би било ако планирам да останам бремена да го отстранам, зошто таква му била положбата, можел да расте заради хормоните и да ме боли, а тогаш не смее да се чепка. Мене пред добивање ме наболува грутката и како да расте, па после добивање спласнува и се намалува. Можеби стварно зависи каде му е положбата и како реагира на хормонски флуктуации. Имам другарка која има, но не ѝ прави ни болка ни ништо, па не го извади, бремена беше се породи, дои без проблем и последно ми кажа дека уште бил исто, не се зголемил.
Здраво девојки скоро се породив и дојам. Додека се измолзував на едната града од долната страна баш каде што доаѓа жицата од градникот приметив нешто како потврдо и малку ме боли на допир сега не знам дали е нешто многу е ниско долу баш до реброто за да е жлезда не знам.. каде да се обратам дали има простор за паника
Измасирај го со топло можеби е затнат канал. Ако го снема после масажа и доење тоа било. Ако не, оди на едно ехо, по ова што го опишуваш сигурно е бенигно.
Имам и јас фиброаденом. Го открив во рани 20-ти од животов, со самопреглед од што се извадив од памет. После научив што е...сега сум во 40-тите. Го следам редовно не се менува, фала Богу. Немаше промени ни во двете бремености, правев контрола при почетокот на првата бременост иако тешко го најде, веќе беа почнати ефектите од хормоните... Ми рекоа да не правам воопшто контрола за време на бременост зошто прво тешко се гледаше од самата промена на жлездите на градата од хормоните. Второ, зошто од хормоните може да варира во димензии и да личи дека расте па после бременоста да се намали. Не ме болело за време на бременостите или при доење. Никогаш не ми препорачале да го оперирам, а сум била на многу различни доктори. Наводно ако не расте, подобро е да не се вади. Од операцијата остануваат артефакти. Кога прашав што е тоа, ми објаснија дека може да останат како траги од зафатот и дека може при контрола заради нив да имаат потешкотии да следат и да гледаат дали има или нема такви структури после операцијата. Нешто во тој стил... Секако не гледаа причина за операција. Но, сите ми препорачаа да следам дали се менува. Еднаш годишно обавезно ехо преглед. Еве сега како влегов во 40- те ми препорачаа да правам и мамографија на две години и тоа го правам. Во однос на болката, знае да ме подболува уште од почетокот. Докторите ми велеа дека тоа е заради цикличните месечни промени во хормоните и дека ќе поминат за некој ден, додека не се смират хормоните. Еднаш само ме болеше после двете деца, и тоа толку многу што се уплаишв и отидов на итно ехо. Ми кажаа дека биле цисти - исто заради хормонски промени. (Лекот за болката е лист од зелка. Имав слушано како доилка за зелката ама не верував додека не пробав. После ја благословував)
Здраво Дали има некоја членка проблем со цисти на дојките кои болат ? Бев на гинеколог и ми утврди две поголеми цисти и на лева(8mm) и на десна града (7mm) А инаку на левата имам и мноогу повеќе цисти ама помали,а на десната уште една околу 3-4mm Ми рече контрола после 3 месеци. Дали да чекам 3 месеци или да закажам мамографија? Инаку не е до циклусот ,болат постојано Благодарам
Јас имам мастодинија, ниту знам што значи и дали е тоа циста или фиброаденом или масно ткиво, инаку само на левата имам болки, пред циклус, во тек и повеќе пати во текот на тој месец, незнам што е тоа
На ехо гинеколог може да направи разлика помеѓу циста и фиброаденом? Не знам ни јас ,прв пат се соочувам со оваа ситуација
Јас имам цисти само на десната, повеќе се, ама помали, како во зона од 2цм се сместени, така е во извештајот. Подобро да си закажеш преглед кај радиолог. Гинеколозите може да прегледуваат, ама радиолозите се постручни за тоа.
Јас престанав со доење пред 3, 4 месеца некаде, на ехо кај матичната заради друг проблем, ми виде проширен млечен канал 2,5 мм. Рече може уште е висок пролактинот, може не се затворени скроз каналите ништо страшно. Ми даде да проверам пролактин и тироидни и тоа. Бев кај неа ради тоа што ми протече млеко , ми рече сосем нормално ама ај да те видам на ехо. Има некоја искуство со ова? Баш детално ме гледаше и под пазуви и палпација , мислам дека едно 40 мин ме гледаше жената Инаку сакам да закажам и кај Петановска, но не се сеќавам после колку време од доење се одеше бидејќи она тогаш ми нагласи , исто имаше и период на мензис , пред, потоа или нема врска?
Колку што знам треба 6 месеци да помине после престанување на доење, нормално ако нема некој проблем порано, јас имам мастодинија на лева града, незнам што значи тоа
Zdravo, Pred nekoi 5 meseci zabelezav topce nad levata dojka vo nasoka na 13 casot. Na eho mi rekoa deka e somnez za fibroadenom (inace imam 27g) Po ova me pratija na biopsija. (Zosto nemam rodeno me sovetuvaa da ne pravam mamofrafija).Rezultatite od biopsijata za srekja se super ispadna deka e benigen mamaren fibroadenom. Na krajot na rezulatot se sovetuva hiruska ekscizija I histoloska evaluacija. Dali ova znaci deka mozam hiruski da go otstranam ili samo da pratam vo tekot na narednite meseci kako ke bide? Isto taka ve molam za sovet na koj doktor da se obratam I dobar dobar doktor za torokalna hirurgija?