тетка ми имаше такво грутче на градата па излезе тумур и мораа да и ја отсранат плус и примаше некои си хемотепапии и такви заебанции пошто и се понови од менструалната крв не сакам да те плашам да помислуваш на најлошото но најдобро што побрзо да си појдеш на преглед дури да му ја мислиш.
Jas da ve prasham neshto..Imam 12 godini sega vo mart mesec kje pravam 13 i sum sedmo oddelenie .. Od pred dve godini do sega pred edna nedela me bolea gradite majkami mi vikashe toa e normalno i deka mi rastat ..no sega vekje ne me bolat a inace dobiv menstruacija lani na 1vi mart .. Sega gradite vekje ne me bolat .. dali toa znaci deka vejkje nema da mi rastat..mene mi se sosema mali seuste.. Dali povekje nema da mi rastat..?
Девојче, темава не е за ова што ти прашуваш, ако не си приметила тука се збори за нешто сосем друго, многу посериозно, најди соодветна тема за прашањево, поздрав
Кога веќе прашала зошто да не и се одговори. АннаМарија сеуште си мала, ако сега не те болат, ќе те болат понатаму, за неколку години и ќе ти пораснат. До 18 години на сите девојки им растат, на некои побрзо на некои побавно. Не се секирај и прифати си ги твоите гради колкави и да се. Ич да не се срамиш дали се мали или големи.
Вака, уште пролетта забележав мала грутка во долниот дел на градата, но не отидов на преглед. Сега грутката е поголема. Решив да одам на доктор бар да знам на шо сум. Колку чини прегледот кај доктор Крцковски, бидејќи процитав дека сите се задоволни од него. Ве молам за брз одговор, навистина сум исплашена...
здраво!имам 23 год пред 2 месеци добив остра болка во градите не можев ни да дишам..другата ден осетив безболна грутка на левата града. ме пратија на ехо на дојки докторот ми кажа дека имам тумур ... но чудно како пред недела дена си ги проверував градите немаше ништо а ми кажаа дека е големо 17мм и ми рече дека треба да порасни 2цм pa da se оперира и повторна контрола по 6 месеци,но ако расти да одам по брзо и некогаш ми изгледа помало некогаш поголемо...
фибром ништо само тоа или операција или пораѓај само што јас не сум мажена.и мојата комшивка имаше сличен проблем се породи и и исчезна
Фиброаденом се отстранува со оперативен зафат ако има потреба, меѓутоа воошто не е страшно. Нема место за паника. прочитај наназад во постовите има такви искуства.
Имав и јас такво грутче фиброаденом пред 5 години, на резултатот пишуваше бенинген тумор и јас се утепав од плачење кога прочитав тумор/ Потоа разбрав дека тие тумори не се развиваат во рак, не се малигни. И моето беше мало, па направи 2цм и решија со оперативен зафат да мки го извадат. Не е ништо страшно, се прави со целосна анестезија, за три дена те пуштаат дома, за недела дена се вадат конците.
Имав ама не постојано, затоа инсистирав да ми го извадат, ем големо беше непријатно за допир и секако од превенција.
И јас имам грудка на градата предпоставувам дека е како твојата бидејки ми рекоа дека додека не достигне 2 цм нема потреба да се вади , мн од тие грудчиња не се згоемуваат јас мојата ја имам 2 години и ја следам и одам на контроли наредната недела треба да одам на контрола не сум била скоро година и осекам дека ми е порасната знам дека и јас ке треба да ја вадам
А мене ме интересира лузната исчезнува ли целосно и за колку време? Дали би можело да има компликации при операцијата и после неа?
Мене лузната ми стои и ден денес, значи се наоѓа околу брадавицата и нее многу приметлива, ептен ако се загледаш. А за компликација мислам дека 99% не, сепак е едноставна операција од 20 мин.
јас неможам да ја проценам зошто се движи! и од секогаш си ги проверувам градите и незнам како не сум забележала а докторот ми рече дека ми е од порано!
Mојата не беше подвижна. Имав и друга , ама таа се движеше и докторот рече дека тоа е хормонална промена што кај мене порано започнала, ме праша да не имам абортирано??? Не ми ја извади таа и си исчезна сама од себе.
А ја мачкаш ли некаква крема, колку време ти стои лузната, ќе исчезне ли? Јас имам 17 години и имам проширен канал, докторот не ми препорачува операција затоа што сеуште сум млада и би можело да се повлече, но јас искрено сакам да го отстранам затоа што го осеќам и страв ми е да си ги фаќам градите, езиво ми е, премногу се исплашив и испаничив кога си го напипав па затоа ве распрашувам. А и докторот ништо посебно не ми кажа ако се прошири повеќе од незнам колку цм (заборавив) што ќе се случи само ми рече дека ќе треба да се отстрани.
Значи јас ставав само кантарионово масло, така ми рекоа, ама ништо лузната си остана, а се оперирав 2006 година.Сепак не е приметлива, резот е на самата линија околку брадавицата.