Па да ти кажам јас непланирано направив ехо на гради, инаку бев за пап. Ама и покажав, и така ми направи ехо и на гради, и веднаш ме прати на пункција во Хистолаб.
Исто јас лани бев кај Чапова последно преглед беше 4200, кога се јавив последно во мај беше 5600 ако не е сега и 100 евра и плус нема термини и да сакаш. А за кај Чалческа мајка ми ја носевме Требаше и за мене оваа година, дека сега и историја имам мајка со карцином на дојка ми рече секоја год преглед. Ама забременив и некако градите ми се цели во некој цисти, и чекам здравје по породување
Јас само пример ќе прашам кога е на смена ( имав и така работа во 8ми септември) дали е на работа тој ден на шалтер и дали ќе не прими и ќе ми кажат сигурно, прв преглед така после понатаму е веќе полесно договор со неа кога и како... на шалтерот прво платиш и одиш чекаш за влез и ред кај неа Инаку шалтерот за неа е на втор спрат по скали десно па пак десно тука прашајте
Здраво на сите денес кога се бањав приметив на десната града странично дека имам како мало топче на допир ме боли но исто така и кога не го допирам ме боли и чувствувам некои бодежи. Каде да се обратам за ова на преглед инаку имам 19 години
Na privatno zakazuvas kaj sestrata ,termini ima posle 14 casot,ako ti se odi .posle od avgust ke odi na odmor,nema da bide tuka ,i jas ke odam ovaa nedela.
Здраво. Веќе 4 дена осеќам болки на 2 места над левата града, едното е баш кај клучната коска (како коската да ме боли) а другото болно место ми е десно во правец кон пазувата. Меки се двете места, ама болат. Болкава ми е иста буквално како кога имав запушен канал и мастит дур доев, ама не дојам веќе година ипол. Мајка ми исто ме напипа рече нема ништо (оперирана е пред 30 год од карцином на дојка па затоа одам кај неа ако нешто имам проблем). Последно ехо правев во февруари, се беше во ред. Инаку сум 3 дена пред циклус ама не е таква болката како пред добивање, не ми се тешки и болни градите. Од денес почнав серапептазе да пијам, затоа што ми личи на некое воспаление. Некоја вакво искуство да не има?
majki napipav topce na desnata grada od strana.Nemam nekoja bolka ama kako osetlivo tupo mestoto.Inaku dojam bebce e 7 meseci.Dali se pravi eho vo doenje.?
Најверојатно е од млекото. Пробај да држиш топло таму, да го масираш дур бебето цица. Инаку да, познавам жени што правеле ехо дур доеле.
Здраво девојки, имам фиброаденом кој е многу мал 7мм и многу ме боли на допир, а оваа болка ја имам веќе скоро 1 година. Прашањето ми е дали е нормално да боли или не затоа што колку што читав по интернетов тоа не боли?
Здраво девојки Пред 6години се правев операција на града (имав топче и излегуваше жолтеникава течност) т.е го отстранија топчето. После 6години на истата града се појави ја 2 на исто место едното е 11мм а другото 7мм и постојано ме пецка.. Бев на доктор: Не ти е ништо полицистични гради За некоја недела ќе испитувам хормони.. Па би ве замолила да ми кажете најдобар доктор низ Македонија кој е и каде се наоѓа
Мене ме наболува местото на градата околу фиброаденомот пред добивање, откако ќе ми дојде не ме боли. Ми кажаа дека е нормално ама ако планирам бременост, да го извадам.