Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грутка на градата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од bumbi, 15 март 2010.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.146
    Допаѓања:
    35.917
    Пол:
    Женски
    Кој доктор те оперираше?
    И дали беше фиброаденом?
     
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Ехо и мамографија правеше?
     
  3. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Породена сум пред 5 месеци и дојам. После неколку недели од пораѓај ми се појавија грутки поради премногу млеко. За среќа поминаа за брзо бебе ги исцица ама една грутка како мало топче остана. Незнам дали е згуснато млеко или нешто друго. Неколку месеци се поминати, не ме боли, не е црвена ама си стои кога ќе допрам. Некој со слично искуство што може да е и дали со тек на време поминало?
     
  4. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    8.518
    Пол:
    Женски
    Дали е од млеко или нешто друго, ќе ти каже радиолог по направено ехо.
    Не мора да значи дека е нешто лошо, ама ниедно грутче не се остава така.
    Најдобронамерно ти кажувам после лошо искуство со мајка ми и такви грутчиња што не беа ништо, па ја изгубив за 1 година.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. edi996

    edi996 Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    A se izvinuvam ke moze da ni kazes kolku ti kostase ta operacija vo sistina
     
  6. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    744
    Дали ехо на гради е поврзано со менструален циклус ако знае некоја да ми одговори?
     
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.757
    Допаѓања:
    140.442
    Мене еден радиолог ми кажа најубаво е после менструација да се оди на преглед. После 1 недела кога ќе ти заврши циклус.
     
    На theowndemon и ija им се допаѓа ова.
  8. Viva995

    Viva995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво ,денес бев на ехо на гради,имав пишувано пред некој ден дека имав болки на десната града,доктор ми кажа дека имам фиброаденом(8,5мм),ни жива ни мрттва сум,докторот вика да направам биопсија,а сум слушала од постари дека не е добро да се чепка така,можно е да се влоши,имам едно детенеце,сакаме второ и пиев кломифен,па како резултат на тоа и ете што си барав,а што добив,се каам што ги пиев тиа такви апчиња.Докторот што ми правеше ехо на гради рече ако сакам второ дете дека треба да го извадам,можело да порасне во бременоста. И друго не напоменав бидејќи бев пред добивање можно ли е да го снема после циклус или да се намали.(на 8 декември треба да добијам).
    Е сега гинекологот ми вика не прави биопсија и не вади ништо,демек може и да си немаш фибораденом пред бременост,а во текот на бременоста да добиеш од хормоните,па што би правела тогаш?
    .Стварно незнам кој пат да го фатам ,што е правилно,а што не е ...
    Ќе полудам од мака и нервоза,ве молам споделете искуства.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.902
    Допаѓања:
    171.578
    Пол:
    Женски
    @Viva995 фиброаденом е најбенигно туморче шо можи, а и мало е твоето. Сакам да ти кажам од старт издиши длабоко, не е страшно. Јас познавам девојчиња и жени шо веќе со години си ги чуват без никакви последици. Ако треба биопсија - треба. Ако не треба - не треба. Прати шо ти вели докторот. Фиброаденомите се зависни од хормоните и дур е жената плодна тогаш се јавуваат. Најчесто после менопауза знај да ги снема целосно. Не ја зголемват веројатност за рак. Во бременост растат нови или постоечките растат во големина и зато пред бременост се препорачува да се вадат. Другарки шо имам ги чуват дур не планират бременост. Една извај, и ѝ порасна пак и сега го чува се дур не планира бременост. Одат на контроли на 6 месеци само за да се прати големината и структурата. Скроз после циклус да го снема е блиску до невозможно, ама големината во текот на циклусот можи да варира. Ама најважно, слушај го докторот и не се плаши. Стварно се најбенигни туморчиња и многу жени ги чуват со години. Исто не се обвинувај за ништо. Нема основа зошто. Пречести бенигни туморчиња на дојки се. Само моја генерација знам скоро една рака девојчиња, башка постари жени. :hug:
     
    На Elenpelen, Viva995 и flower30 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.072
    Пол:
    Женски
    Мене една докторка ми рече дека имам фиброаденом, друга дека е фиброциста. Што и да е, никој од нив не ме прати ни на биопсија ни па ми рече дека е страшно па да треба да се оперирам. 7 мм е моето. Не е страшно, најчесто се бенигни.
     
    На Viva995 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.757
    Допаѓања:
    140.442
    Јад имам фиброаденоми скоро 20 години. Две деца, две бремености( 1 неуспешна плус).
    На почетокот кога ми ги открија одев кај др.Крцковски (сега е починат), многу добар радиолог. Ми рече и да го извадиме големи се шансите пак да пораснат, така да ќе следиме редовно. Зависно , дали на 6, 9, 12 месеци , според совет од доктор.
    Кога се хормоните пореметени , може и да боли местото, можеш слободно да ставаш лист од зелка ( помини еднаш со сукало малку да омекне листот) и држи, само не повеќе од 2- 3 часа . Дезодоранс без алуминиум и редовни контроли.
    Доколку има некои промени - да тече нешто од пупката (жолт секрет, крв ..) одма на лекар. Редовни контроли на ехо и слушај си совет од радиолог.
    Ова ми се совети од радиолози.

    Мене ми кажаа кога ќе дојам дека ќе се намалат или исчезнат. Се молзев 1 месец и после 3 месеци од пораѓај со второто дете , на контрола беа намалени.
    Исто, совет од радиолог - преглед најдобро е да се направи 7 дена од завршување на менструација.

    И моите се 7- 8 мм , варираат од 3мм до 8мм.
     
    На Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Viva995

    Viva995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Во бременоста ви пораснаа ли многу?
    Мене ми е страв оти др вика да го извадам пред да останам бремена, многу ќе пораснеле во бременоста , а гинекологот вика не чепкај ништо, незнам како да постапам стварно
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.146
    Допаѓања:
    35.917
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа најдобро после циклус, пред циклус не, дека тогаш градите се осетливи.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.757
    Допаѓања:
    140.442
    Не, ти викам , највеќе до 8мм и ви бременост и после . Никој не ми рече да вадам, само да правиме контрола.
    Радиологот одредува на колку време е контролата.
    Не си ствара стрес сега, од стресот и хормоните се покачуваат , тоа делува и на фиброаденомите. Ми вика докторот , само редовни контроли на ехо и после 40та година мамографија, на секои 2 години (42г сум).
    Фала му на Господ, до сега се е добро
    , плус јас и во перименопауза влегов .

    Мене не ми предложи никој да ги вадам , а бев кај 3 радиолози низ годините
     
    На theowndemon и Viva995 им се допаѓа ова.
  15. Viva995

    Viva995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Дури мислам сабајле кога си дојдов од преглед почна да осеќам како непријатно чувство под мишка и раката како здрвена да ми е, дали од нервоза од стрес кој знае. Иначе мене сега ми е 8,5 мм. Колку ли би било во бременост, а може и дека пред добивање затоа е толкаво... Ти благодарам за споделеното искуство ❤️
     
  16. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.757
    Допаѓања:
    140.442
    Нема проблем, нормално е да не ти е сеедно, ама не е страшно. Мислам, секогаш има исклучоци, мене доктори ми рекоа ако боли не е страшно, овде има членки кај што се покажало спротивно, ама секој организам е различен. Но сметам дека многу се битни прегледите.

    Мене така ми се прави. Мене ме боли рака, градата и кога ќе ме боли некое време одам така и готово таму ко изгубена сум. Ама си пиела Кломифен и тоа се хормони и делуваат така.
    Јас пиев 3 месеци по ред Примолут Нор заради циста на јајник и отидов на контрола ѝ добро беше на прегледот.
    Ова што кажав за зелката ми е од доктор кажано и кај мене смирува болка.
     
    На theowndemon и Viva995 им се допаѓа ова.
  17. Viva995

    Viva995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски

    Ние бидејќи сакаме и второ дете јас сум 29 години, затоа ми е страв, докоторт шо ми правеше ехо ми рече подобро е да го извадиш пред да раѓаш, а матичниот гинеколог ми рече не чепкај ништо, оди си дома терај си го животот нормално, со чести прегледи на 2-3 месеца, да се следи... И затоа ми е страв...
     
  18. Viva995

    Viva995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски

    Мене сега ми е 8,5 мм
     
  19. S_M

    S_M Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Може ли да предложете добар радиолог, за ехо на дојки. Освен Чапова, дури во март има кај неа...
     
  20. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    389
    Славица Чалческа - 8ми сеп
    Наде Петановска - Ремедика
     
    На S_M му/ѝ се допаѓа ова.