Koleska stavase oblogi od ricinusovo maslo sekoj den i spiese so niv. Oblogi ne se stavaat samo koga imas dobieno. Na slednata kontrola go nemase,a terapijava ja pravese okolu 45 dena. Probaj,imas na internet kako ric.maslo leci cisti,tumori.
Баш ќе пробам, сигурно не може да се наштети нешто, Господ да чува,ти благодарам. Многу сум преплашена, што како, сакам и на уште еден доктор да одам на ехо, ама незнам каде, сега кога ми а открија цистата бев кај Иван Иванов во Неготино...
Нема потреба од паника. 4 години ги имам, ги следат. Нормално е да се исплаши човек, и јас така бев, ама не е страшно, бенигни се. За рицинус потврдувам, јас ставав и ги намалив. Пиев чај од ајдучка трева, невен, кантарион или мешавина од нив. Можеш и листови зелка или парченца компир да ставаш, зелка некогаш и со мед сум ставала. Јас одам кај Чапова во Систина од 2021, треба однапред закажување, многу е гужва.
Вие може сте израѓале деца , јас имам едно днетенце а сакаме и второ, докторот ми рече да се изваде пред бременост, бидејќи во бременост растел од хормоните, затоа не ми е сеедно... Незнам како да постапам, некои викаат да не го чепкам
Јас ти кажав мое искуство, кај мене се цисти. Не сум израѓала, се породив пред 5 и пол месеци, прво дете.
Здраво Дали некој има искуство со густ паренхим т.е. густо ткиво на дојка? При преглед на ехо таа беше дијагнозата од докторот, рече дека е без патолошки знаци и дека нема простор за грижа, но јас гуглам и тешки филмови си правам.
Здраво на сите. Понекогаш ми се јавува некоја тапа болка на левата града, најчесто навечер. Си направив преглед, и на едно место под пазувите имам болка на допир, но нема грутка. Закажав термин за преглед, но буквално не можам да спијам навечер од помисла дека може да е рак. Дали некој имал слично искуство?
Јас таква болка под пазува имам веднаш после овулација, пред циклус, и кога добијам ја снемува болката.