Ставај облоги од рицинусово масло секоја вечер и спиј така. Стави малку да се згрее и потоа стави на тупфер и врз него стреч фолиија за да се стопли. Само не ставај кога имаш менструација. Ке ти ги нсмали болките,а има случаеви каде што го снемува фибриноаденомот.
Да не треба да добиеш? Мене пред добивање знаеше така да ме заболи местото кај што беше фиброаденомот. После тоа како ќе добиев, ја снемуваше и болката. Инаку и јас имам слушано за облоги со рицинусово масло дека помагаат. Јас мојот го отстранив хируршки
Јас имам фиброаденом и циста, ме болат пред добивање или пак за време на овулација, после тоа се смирува, штом си била на преглед и се е ок, не паничи, немаш потреба, хормонски ти е. Напиј се нешто за болка.
Не знам каде да прашам, а оваа тема ми изгледа како поактивна. Дали некоја од вас имала искуство со биопсија на дојка? Ни го препорачаа хистолаб ама треба да се почека за термин. Се мислам помеѓу центар за дојка и Систина.
јас само ќе ви речам бидете сериозни за оваа ствар. само што изгубив другарка на мои години а пред неколку недели дозна дека има ...
И мене ми рекоја не Хистолаб зошто земале примерок со тенка игла, а требало кор биопсија. Јас бев во Плодност за кор биопсија, пак примерокот Хистолаб го прегледа и релативно брзо резултати добив.
Колку често контролирате на ехо фиброаденоми? И дали се случило да ви се зголемат? Се осмелив ехо на гради првпат да направам и на двете имам по едно мало. Фала богу ништо страшно, ми рече докторов само да се прегледувам сама и еднаш годишно контрола. Едното е 11мм, другото 8 на 5. Сум имала повремено болки рандом кога НЕ ми било пред менструација и одамна се токмев да отидам ама увек бев ко - Абе млада сум, какви гради какви бакрачи. А и башка од тоа имам ПРЕосетливи гради у ПМС.
Јас имам и фиброаденоми и циста, прво на 6м правев преглед, сега еднаш годишно, кај мене е БИРАДС 2, ништо опасно и е бенингно. Исто ме боли баш тоа место каде што е фиброаденомот во овулација и во пмс.
Каде беше на преглед? Иначе и јас така викав и докторката ме искара дека сега се одело од 20 години, а јас отидов прв пат на 23 години, немав ништо ама ме фати некој страв
Во Св. Алексеј, гинеколог е ама прави и ехо на гради. Прво така една кисела фаца направи дур гледаше, па ме прашуе досега си се прегледувала, си правела ехо нешто... Јас леле готово викам броени ми се деновите , али среќа ништо не е.
Мене ми кажаа на 6 месеци. Имав цисти, во јануари ми открија фиброаденоми на десна града пак. Со оглед на тоа што мајка ми е почината од рак на града, ризична категорија сум и сега во јули пак ќе одам. Може да растат. И јас имав отсекогаш осетливи гради пред добивање.
@Munchmallow20 јас на три месеци ради историјата, ама пола другарки ми имат фиброаденоми и одат на 6 месеци и ако некое време нема промени одат на 1 година иако ми се чини најчесто на 6 месеци одат и то им е препораката.