Не е ништо страшно, јави се и направи ја биопсијата, не се секирај. На колку време одеше на прегледи? 6м?
Dali moze nekoj znae kako da dojdam do Calcevska od 8mi septemvri, da zakazam pregled maka na privatno?
Бирадс 4 е сомнително за малигност. Јас бев пред 4г, само беа цисти во прашање. Не правев биопсија, туку магнет. Покажа бенигно и бев бирадс 2. Ако не сакаш биопсија, можеш и магнет, само е многу поскапо на приватно. Во секој случај, мораш да направеш нешто од тие две за да се исклучи дека е нешто лошо.
B4a, не мора да значи дека е секогаш БИРАДС, туку некогаш и како класификација за испитување и праење биопсија, го водат. Зависи и што пишува во самиот извештај, ама во секој случај е добро да си испита што е можно поскоро, и да направи биопсија.
Да побарам и јас мислење. Веќе неколку месеци наназад како чувствувам болка во градите, имам 43 год. Скоро по цел месец ми е таа болка со исклучок на една недела после циклус. Болката ми е толку голема што последниов месец неможев ни градникот да го соблечам, мислев дека ќе ми испаднат од болка. Гинекологот претпоставуваше дека е хормонски но се излезе уредно. Пролактинот е добар а и се останато. Пред два месеци имав и исцедок само од едната града. Од таа града што имам исцедок и раката ја чувствувам чудно, како некои сензации да имам почнувајќи од под пазувата па низ раката, незнам некое чудно чувство, неможам да го опишам. Грутка никаде не напипувам или незнам добро да направам самопреглед.
Закажи за ехо, нека проверат, на чисто да си и да не му ја мислиш. Мене последниве 2 месеци ме боли многу во ПМС и во овулација, ама само таа каде што имам фиброаденом и циста.
Колку да знаеш дека не е ништо страшно, и јас пред некој ден бев на контрола, и кај мене е пораснато за 2 мм, од 8 мм сега е 10 и ми рекоа не е ништо страшно, само ако порасне повеќе, тогаш биопсија. Биопсијата е чисто за да бидат сигурни дали е безопасно, а најчесто е, не се плаши. Направи си ехо штом забележуваш некои симптоми. За самопреглед, крени ја раката нагоре и со другата напипај од сите страни полека. Но и да не забележиш грутка, појди си на ехо да те видат.
Фиброаденомот го осеќав да, особено пред да добиев циклус ме наболуваше. Го отстранив пред година и неколку месеци и уште чувствувам како грутка на местото,но не ме боли, на ехо нема ништо ми викаат дека е нормално и дека така е зараснато ткивото внатре. Во меѓувреме ми е појавена и мала циста од неколку милиметри на истата града ама не ја осеќам.
Дали некому му се случило да има фиброаденом и потоа спонтано да му го снема? Јас од 22 години имам фиброаденом, направив биопсија тогаш и ми го потврдија. Цел живот го напипував, некогаш ме болело, го контролирав редовно, ме гледале десетици радиолози и ми го потврдиле. Во ремедика еднаш дури и ми го сврте мониторот ми го покажа, ми рече ова што светка е калцификат во него што значи дека е со комплексна структура, да го следиш обавезно секоја година... И влегов во менопауза пред 5-6 години и не можев да го напипам повеќе. Бев на ехо и мамографија двапати од тогаш, не постои веќе- после 20 и кусур години?!. Радиологот ми рече дека може не било добро дијагностицирано уште кога сум била девојка, особено ако била пункцијата земена без ехо и кој знае од што земал примерок. Ама како сите доктори го гледаа и велам низ годините? Јас го осеќав на допир самата. И ме праша - сега го осеќаш и викам -не. Епа - вели - не е фиброаденом сигурно зошто не може да се изгуби сам. Јас веќе стварно не знам што да мислам. За еден месец сум на контрола, ќе видам што ќе кажат.
Ова ти е клучно тука. Скроз е возможно да го снема со менопауза. https://www.otandp.com/blog/can-breast-fibroadenomas-disappear
Фала ти многу за одговорот! Не знам зошто ова не ми го кажа докторката од радиологија кога ја прашав.. инсистираше дека најверојатно не бил фиброаденом, не бил точно дијагностициран... Оваа менопаузата е голема физичка промена, дефинитивно треба да се крене малку поголема свесност за промениве. Да се споделуваат искуства, информации и се што може да помогне полесно да се прилагодиме на нив.
Баш денес бев на ехо, и јас имам. Ја прашав докторката, сам не исчезнува, ама се следи и 90% од фиброаденомите ги снемува во менопауза. Прашав оти мајка ми имаше со години и кога требаше да исчезне, се претвори во канцер. Кажа се случува и тоа во 10% од случаите или некои канцери наликувале на фиброаденом, а радиологот лошо ги протолкувал.
На секои две години правам мамографија и ехо. Пред 40тата секоја година правев ехо за контрола. Засега е фала Богу се во ред. Се надевам и на следната контрола која ми е крајот на месецов ќе е во ред. Инаку да, може да се претвори и во малигно затоа треба редовно да се следи.
Точно така, редовни контроли, но од искусни. Како можеле да изумат дека во менопауза има ваква можност и стручно да информираат наместо да даваат такви објаснувања какви што давале? Со среќа на следнава контрола, се ќе биде во ред.