Ова навистина ме загрижува, како може да се претвори во малигно а на мене скоро сите доктори ми рекоа нема шанси, една докторка ми кажа комплексен фиброаденом може да биде рак ама генерално сите велат не е можно. Ако тоа е навистина точно зошто не ги отстрснуваат на време?
Можно е. Кај мајка ми во менопауза се претвори во рак и тоа доста инвазивен. И мене ми кажаа сега следење на 4 до 6 месеци, а натаму според состојбата се препорачува и вадење оти имам семејна историја.
Некој искуство со операција за отстранување на фиброаденом да сподели? Имавте ли болки, има ли последици, колку траеше, што се случува пред и после операција?
Како закажа кај докторката на приватно? Дали треба на шалтер или на некој број да се јавам и која е цената на прегледот?
Имам фиброаденом скоро 3цм, треба да го извадам па се двоумам помеѓу Андреја Арсовски и Драган Смилевски. За Арсовски читав позитивни искуства. Дали има некој искуство кај Драган Смилевски?
И јас сум со фиброаденом 12мм веќе две години, редовно правам ехо, не расте и докторот што ме следи ми рече дека не е за вадење и јас сега побарав да го извадам и ми закажа операција, но после тоа слушнав дека повторно се појавува после тоа и сега многу се мислам, да не се сечам џабе ако ми се појави пак. Инаку вадел ли некој периодов? Ме интересира дали е под општа или целосна анестезија? Дали останува потоа "вдлабнатина" , лузна и сл? Да знам со време што да правам, за две недели треба да се оперирам..
Пред 4 години имам извадено 2, не се појавија други засега. Едниот беше скоро 5цм голем и длабоко и затоа јас морав со општа анестезија, ако е површно ќе ти го извади со локална. Лузна секако ќе имаш од сеченото ама мала, ќе избледи во секој случај, мене едната града сега ми е помала од другата ама голем беше фиброаденомот, така да индивидуално е тоа. Извади го да не го мислиш. Секако се препорачува да се извади пример ако планираш бременост, така да ако не тогаш ќе го извадев пред година дена сигурно. Не му се мисли, мала интервенција е, не е ништо страшно. Со лесно.
Мене повеќе моментот операција под целосна анестезија ми е страшно, мислев дека е локално само и ме пуштаат дома и затоа се нафатив ама после се расчитав на интернет дека може и под целосна да е па дека после се враќа во поголемиот дел од случаите и почнав да се размислувам .. Инаку 31г сум, немам родено, си викам подобро сега да го извадам ама здравје додека дојде момент за раѓање може уште 5 да ми излезат до тогаш.. Инаку , колку дена беше во болница?
Јас не бидејќи градите општо ми се тврди, со жлезди, грутки , топки, но бидејќи редовно одам на ехо така дознав дека ми се појавило.
Една вечер само и тоа ради анестезијата, ако нема индикација не ти даваат целосна, шанса нема, најчесто локално ги вадат. Кај мене мораше така зошто голем беше, мајка ми со локална извади пред 15 год може и веднаш по интервенцијата си дојде дома како заб да вади.