Ах.. добро е кај тебе, кај мене е некаде меѓу градите малку погоре на кај клучната коска и некако се двоумам за операција, ептен ќе биде приметливо, сепак ќе продолжам да си одам на контроли па ќе видиме што ќе се случи. Фала и извини што те задржав (прочитав дека одиш да спиеш)
Мојата грутка беше блиску до брадавицата од страна, затоа можеше така да се извади, сигурно постои некоја постапка и за вас, ќе си прашате. Јас ве информирав тоа што сум поминала. Се надевам дека помогнав. Добра ноќ
Зафатот не мора да биде под целосна анестезија и да лежиш во болница. Може да биде со локална, трае околу пола саат и потоа си одиш дома. Воопшто не се осеќа ништо, не боли, а лузната, па се познава мал рез, ама ништо страшно.
Не се согласувам дека не боли, да не се лажеме. Јас првиот ден барав инекции против болка, дури следниот поминав на кетонал апчиња.Сепак е операција, вадат дел од тебе. Анестезијата може да е локална, мене прво така ми рекоа на амбуланта, ама подобро да спијам додека сечат, отколку да сум свесна пола саат.
и мене ми е десната дојка поголема од другата (ми кажа гинекологот дека тоа оти десната страна ми е поразвиена од левата) и така било кај сите т.е. едната страна да е поразвиена од другата. и пред менструација ми отекуваат градите ептен, и тие 2 топчиња болат ужасно, и мајка ми се плаши да ме однесе на лекар, оти и двете тетки го имале овој проблем, и се оперирани, ама и мајка ми го има само во поголема форма. мене не ми е страв да отидам и сама, но штом ке имам доволно финансии ке отидам да си закажам на его и мамографија ( се чека многу)
Ако си од Скопје, на клиника за радиологија се чека 2-3 месеци, со плаво картонче е 150 денари. Ако немаш 30 години, не прават мамографија, јас до сега не сум правела.
и ја остранија цела града и пак и се појави?и плус хемотарапии ааааауууууууу ме пласис на мајка ми пред недела и ја извадија цела града па Чекаме резултати...и ти викас и после хемотарапија Чудно бе
Не се лажеме, мене воопшто не ме болеше. Си отидов фино лепо, ми стави локална и воопшто ништо не осетив. И јас се зачудив колку не болеше, па дури ни после скоро да немав болки. И според мене за ваква процедура нема потреба да се лежи во болница, па целосна анестезија... Вака со локална многу полесно се поминува, Барем според моето искуство Едит: Дента ја правев операцијата, а вечерта си отидов на работа, ете колку не ме болело.
Сигурно не било грутчето големо колку моето или било повеќе кон површината,јас знам дека цела недела се опоравував,ми ставија и дрен додека лежев во болница.Како и да е секој случај е различен.
да но каков тумур... и тетками исто имаше и неа и го извадија и одма ја пуштиле од болница... велат дека можи да е и наследно од женската страна а на бабами мајкаи имала рак на дојка ...:С
и јас го имам тој проблем со грутче во левата града на пипање не се осеча многу како да не седи на едно место од двај можеш да го осетиш на пипање многу е малечко па што може да е а имам 20 години и планирам да одам на преглед кај овој доктор Kрчковски ме интересира во која болница е тоа и колку зема за преглед и ќе закажам зошто не можам да спијам мирно триста глупости си помислив ,којзнае што мие ауу што ќе се прави.........
Без паника само, сигурно е фиброаденом. Ќе одиш на преглед, па ќе ти кажат најубаво. Со страв и паника ништо не правиш. Крцковски сега мислам дека е во Систина, малку е скап, ам не знам баш да ти кажам точно колку, нека одговори некоја девојка што знае со сигурност.
Крцковски работи приватно, мораш да си закажеш па да идеш. Сега за локација незнам баш да ти објаснам, но многу на забутано место е. Јас првпат кога бев не можев едно цел саат да го најдам а и кој и да прашавме никој ништо не знаеше, среќа една жена што беше тргнала и она на преглед ни кажа. Близу трговски по таа улица кај рекорд има тинекс и малку подоле едно тунелче, ќе го поминеш тунелот, од другата страна на зградата е веднаш лево. Некоја скопјанка ако знае за каде ти зборувам нека ти објасни попрецизно.
фала многу штрумфета од прилика си знам сега каде на почеток од тунелчето има една продавница а подолу е тинекс ,ако може број да ми дадеш од докторот поздрав...
пред една недела дечко ми ми забележа на десната града околу брадавицата тврдо...сега пак сама се проверив над брадавицата кога ке поминам со прстите имам тврда грутка или кој знае со мн ми е страв ... дали некој знае да ми каже нешто ве молам ке полудам
Немој да паничиш посети си доктор, тој најдобро ќе ти каже што ти е, вака без никаква основа не донесувај заклучоци ЕДИТ: Многу грешите ако се плашите и не одите на доктор, со тоа ништо не правите освен да се влошат работите. Одете додека е рано приметено, така се поголеми и шансите да го излечите она што го имате. Денес скоро за се има лек.
Не се плаши можеби не е ништо страшно,но за твоја сигурност има само еден точен метод. Ние тука можеме да ти изнакажеме 300 претпоставки и да те извадиме од памет или да те утешиме и да си лежиш ти на тоа увце. За твое добро и за твоја сигурност најдобро посети гинеколог.