Штрумфче јас месецов направив преглед на гинеколог Бидејќи одамна го немав посетено дома ми стаса писмо дека можам бесплатно да направам преглед на гради, ехо и пап. Си ветив себеси дека само што ќе ми заврши менструацијата ќе одам и се ќе си проверам тоа и го сторив баш кај мојот матичен гинеколог. Ако има нешто по сериозно нејзиниот гинеколог ќе ја упати каде треба да направи ехо или мамографија.
бев ме снимаа на ехо и ми рекоа демек тоа ми биле млецни жлезди кој знае....не знам дали да одам некаде у ск пак да се проверам
А јас имав само 19год кога ја имав првата операција на која требаше да се отстрани туморот,но тоа конечно се случи следната година.Фала богу сега се е во ред...но стресот,стравовите,болките-ми го изменија животот. И ве молам ако,не дај боже,имате потреба од хируршка интервенција,немојте да одите кај Д-р Кондов јас отидов и зажалив
Јас кога отидов кај него,за операција,ме оперираше во дневна болница,без претходно да ми направи било какви испитувања (ни крвна слика,ни притисок ништо),и со само 1\2 локална анестезија ја изведуваше операцијата.А бидејќи јас чувствував и гледав се што ми правеше,се онесвестив на самата операција. Потоа не добив инфузија ни нешто за смирување на болките што ги имав,не ми стави дрен за крварењето,а дојката ми отече како балон и ми беше црна како катран од крварењето. Но она што е најтрагично е тоа што докторот не го извадил туморот што го имав туку нешто сосема друго,ни тој самиот не знае што било тоа.Затоа морав на втора операција,бидејќи тоа растеше во мене,а тогаш тој доктор што ме оперираше ми покажа и ми дозволи да го фатам тоа што го извади од мене,да се уверам самата. Ова е мојата причина поради која јас не сум задоволна од Кондов и не го препорачувам на другите,но ете ти си задоволна од него,а јас твоите мислење и искуство не можам да ги негирам,кај секого различно.
Хммм, па што знам. И мене ме оперираше со локална анестезија, ама јас воопшто немав болки, ниту пак нешто осетив. После тоа имав сосема мала лузна, ништо посебно, ниту па пак имав некакви болки. Не знам, може кај мене за нешто полесно се работело... Стварно лошо искуство си имала
Леле бее зошто така прават овие докториве... Се потресов цела. Јас ако правам било какви зафати одам кај Крцковски, без да размислам два пати.
Да,а имав преголема надеж и доверба во него.Но,тоа е...До некаде имам разбирање,знам дека секому може да му се случи,и тој е човек како и сите други,и тој може да згреши. Единственото нешто со кое си го објаснувам тоа е дека сум немала среќа тој ден Откако на ехо открија дека операцијата била неуспешна и дека туморот си стои кај што беше,отидов да разговарам со Кондов,но бидејќи тој беше на пат,ме прими Караѓозов....Замислете,ме направи ненормална кога му ги покажав снимките од ехото и речиси ме избрка.Ми рече дека јас самата сум си замислувала дека имам нешто и ме советуваше да сум си фатела дечко?!И што ќе ми прави тој дечко?И кој е тој што ќе посакува и ќе си замислува дека има такво нешто?Се прашував дали јас сум луда и тој?Многу се изненадив,се запрепастив
леле страшно ц ц ц цц ама пак фала му на бога шо се завршило добро ... инаку јас мислам да одам пак да се проверам оти не се смирив баш баш од прегледот шо ми го направија...ми рекоа дека ми биле вајда млецни жлезди,ама ме буни тоа шо ни сум била трудна ни сум раѓала,и како може да имам млечни жлезди сеа од самата мисла само се факам и само осекам нешто тврдо на двете гради дали од мисла незнам,јас имам мали гради и незнам дали така треба да биде тоа шо го осекам коа ке се стиснам или па не
Малечка и јас го имам истиот проблем. Само што тие млечни жлезди се проширени и мене докторот ми рече дека секоја втора девојка ги има (мислам проширени). Само што некој може да ги напипа некој не ни знае дека ги има. Ич да не се плашиш. Треба само да ја следиш нивната проширеност. Сега стварно заборавив до колку цм е нормално. Прашај го докторот и оди си на контроли редовно, нема место за паника
А бе ајде кој останал спокоен не знам . Јас првпат кога си напипав секакви филмови почнаа да ми се вртат низ мојата глава, па тумори, па ракови . Па почнав по дома да рикам ко магаре. Мајка ми не можеше да ме смири. Цела ноќ не спиев. Од нервози ми се прошири, уште поголемо ми се чинеше. Утредента правац на преглед . Сега кога ќе ми текне си се смеам . Едит: Ако одиш на преглед оди после менструација, тогаш најверодостојно ќе ти ја утврдат ширината.
Ve molam da mi kazete.. zasto ne sum bas upatena vo toa.. Podolgo vreme primetuvam na gradata odnosno bas do bradavicata imam neso kako podignato.. kako izrastok slicen kako bradavica ali pomalo.. Dali e nesto minlivo ili da se prevzema merki?? [mod-kirilica:3521tjt0][/mod-kirilica:3521tjt0]
Најдобро да си отидеш на лекар и да се прегледаш,таму ќе ти кажат дали е (или не е) и колку е сериозно.