нисто,на мама и кажаа рак 5 група тоа женското манигно ли незнам ни јас и сега на 28 ке ја оперира и другата града посто и таа и е зафатена па на крај хемотерапија само ке ве замолам некој да ми каже дали познава некого сто преживеал со рак 5 група женско?тоа ми е најважно и многу се пласам
Малечка, не се секирај, нема место за паника. 99% од случаите се работи за фиброаденом. Моја пријателка имаше, и направија операција (рутинска-ништо страшно). Убаво е ако можеш да напипаш нешто да одиш на доктор, не само на ехо да те снимат, а и убаво да те прегледаат. Ако можеш да го напипаш, и ако те боли, дефинитивно е фиброаденом. Ракот, не дај Боже не боли и има неправилна форма. Познавам уште две девојки кои имаат фиброаденом. Ако расте, убаво е да се оперира-заради непријатното чувство кое те обзема кога ќе го допреш. Како и да е, секогаш постои место за второ мислење. Можеби некогаш еден лекар нема да ти обрне доволно внимание, одиш кај уште еден за да се осигураш. Резот на операцијата е мал, лесно исчезнува, нема непријатно чувство потоа. За сите вие кои имате болки во градите, или можете да напипате грутче со правилна форма кое лесно се „поместува“, тогаш нема причина за паника. Поздрав и бидете сите живи и здрави!
А да ве прашам каде се оди на преглед за градите ? Матичната докторка ми рече ако сум почуствувала нешто дека ќе ме прати на преглед, какви се прегледи се прават освен ехо и мамографија прочитав некаде дека се оди и колку кошта сето тоа ??? За ова се оди на гинеколог или ???? Не сум добро упатена .
За овие работи се оди на ехо доколку си помлада, а на мамографија ги прегледуваат обично повозрасните жени над 35 години мислам. А ти осеќаш нешто на градата или? Ако осеќаш нешто оди си на преглед не е ништо страшно само на ехо ќе те прегледаат и тоа е се, јас имав фиброаденом пред 5 години за среќе се помина одлично, само треба да си правиш редовни контроли доколку има нешто, а се надевам дека се ќе биде во ред со тебе . Јас кога бев на преглед отидов во болница, а не на гинеколог и платив 150 денари мислам не се сеќавам добро, ама повеќе од 150 не беше сигурно.
Не знам едно време чуствував нешто како грутка како жлезда да имам но можи да е така нормално од колку до колку години се појавува рак на градата ????
Не се секирај сигурно ти е фиброаденом, не е ништо страшно немој да мислиш на тумори и ракови и такви работи, јас како што ти кажав имав пред неколку години и отидов на преглед и ми рекоа дека е фиброаденом и дека треба да одам на контрола за да се види дали расти или не. На левата града осеќав како грутче малечко околу 1 см и кога ќе се допрев не осеќав болка, само го осеќав грутчето со прстите, а надворешно немав ништо. Јас мислам дека ќе ти биде полесно ако отидеш на преглед, за твое добро нема да се измачуваш и да мислиш на непотребни работи, ќе видиш се ќе биде во ред, само оди кај матичната и таа ќе ти каже каде треба понатаму да одиш. А ова што прашуваш за ракот од колку години се појавува не би знаела да ти одговорам, мислам дека и не постои некоа граница од колку до колку се јавува. Само немој да мислиш на тоа, и јас така мисев дека ми е нешто страшно, па испадна сосема друго. Поздрав
Немој ни да помислуваш на тоа!!! Каков рак?!Се ке биде во ред,и нема тоа да биде рак,само минливо нешто.Немој така да размислуваш,не смееш!За тоа што прашуваш нема старосна граница,но кај тебе не е тоа,сигурна сум.И те молам биди оптимист,мисли позитивно,мисли дека се ќе биде во ред и така и ќе биде.
Дечки мене ми кажаа дека е фиброаденом моето Ме интересира некој што се има оперирано, каде се има оперирано, колку чини операцијата и дали мора со целосна анестезија или може со локална и дали мора да се лежи во болница или не? Однапред ви благодарам и ве молам за побрзи одговори пошто планирам до крајов на неделава да го отстранам фиброаденомот поздрав
Вака имам и претходно пишувано ама еве ке ја повторам мојава приказна. Јас се оперирав на клиника под целосна анестезија, требаше демек локална , ама не ме ни прашаа мене, кога легнав на операциониот стол ми ставија општа. Лежев 3 дена, имав дрен. Со плаво картонче платив 1500 денари, тоа беше пред 5 години, сега не знам како е .
Извинете, читав ама не прочитав или сум пропуштила кој каде се оперирал и колку платил..... Извинете ме ако сум пропуштила.....Јас искрено се надевав дека може одма да ме пуштат и со локална, инаку имам упот за торакална хирургија
Може и со локална, јас со локална се правев, мене не ме болеше воопшто, си отидов за пола саат и немав никакви проблеми, мислам околу 150 или 200 ден беше со картончиња. Др. Кондов во државна ме оперираше и навистина лесно си поминав. Ајде и твоето со помин нека е
Значи ќе се оперираш таму каде и јас, на 6 ти кат на торакална. сега не мора да значи дека ќе биде целосна анестезија, ако е локална веднаш ќе те пуштат, зависи на која длабочина е грутката.
Уффф добро е, па мојата не е баш длабока со оглед на тоа дека и преку кожа ми се познава и е во горниот десен агол....... бар јас мислам дека не е многу длабоко....... а ти реинбоу само толку плати за операцијата???
Само толку. И не се плаши, ќе одиш на преглед, ќе те видат, ќе ти закажт и ќе се реши работата. Лузната беше мала и мене веќе не ми се ни познава.
Фала ви многу срцки сте ок тогаш да утре да ме прегледаат и да закажам, се надевам не се чека многу па ќе ве известувам
Јас сум на контрола наредниот месец. Некако страв ми е, мислам дека ми расне уште една грутка а можеби и си умислувам. Мојата е 16мм а ке видиме на контрола дали расне сеуште или не. Е вака се чувствувам
Ај да пишам.... И јас си ги носам неколку, едно поголемо на едната страна и 2 помали на другата. Деновиве веројатно ке идам на операција за поголемата грутка 2 см (на Клиника) а другите здравје пункција и испитување. Се надевам дека ке излезат фиброаденоми, со оглед на тоа што сите ми се создадоа последниве 3-4 месеци, башка сум била во тие години,30-че! Но што е тука е Ке ви пишам што ќе направам...
Narode pomagajte veke nekolku dena kako moite gradi se cvrsit i koa ke gi dopram me bolat od sto moze da bide toaa vo panika sum