Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грутка на градата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од bumbi, 15 март 2010.

  1. Zenicka

    Zenicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пред неколку недели напипав подвижна не многу тврда грутка на левата града. Претходно пиев дабростон и кломифен (во март), за да со инсеминација во април останам трудна. За жал бременоста заврши вонматерично.... По неколку месеци се испаничив кога ја напипав грутката. Веднаш отидов кај др. Крцковски во Дијагностички центар. По направеното ехо, би беа дијагностицирани воспалени цисти (над 2 см). Едната што беше во близина на површината лекарот веднаш ми ја пунктираше и ми рече да дојдам за шест месеци на контрола. сега ми е страв дека и другите растат... Докторот ми кажа дека се е од хормоните, и побрзо да останам трудна се ќе се среди.
    Во меѓувреме хормоните ми се испореметија и сега не можам да добијам. Инаку страдам и од блага форма на полицистични јајници. За два месеци ќе наполнам 34 години, без деца.
    Доколку некој имал сличен проблем нека пише... или пак ако имате некои прашање со задоволство ќе ви одговорам.
    Поздравче
     
  2. Girl20

    Girl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ве молам дали некој ќе може да ми даде број од Др Крцковски и каде се наоѓа неговата ординација? Ги читав претходните постови и гледам дека сте задоволни од него.Јас бев неколку пати на ехо кај различни доктори, ама сакам да појдам и кај Крцковски затоа што не сум мирна.Фала однапред
     
  3. maculkaa

    maculkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    70
    и јас имам грутка на левата града,околку 10-11мм е и ми кажаа дека е бенинген тумор,во вторник имам закажано кај др. Крцковски па ке видам што ке каже он иако ми е малку страв :worried: :worried: :worried:
    иначе др. Крцковски е во дијагностички центар тел. е 3223516 се наога во центар кај палета во пролазот од лева страна во зградата
     
  4. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    девојки и јас кога ќе ги допрам градите на левата осечам како грутче и ме фаќа страв,кој знае што имам :( а на десната имам како две точки одоздола под градата како алергија ми изгледа или можеби што спиев со градник неколку ноќи па да сум спиела незгодно , :( леле кој знае што имам ако знае некој нешто за ова нека ми пише :(((((((((((((((((
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Можеби е циста, фиброаденом....оди и направи си ехо на градите.
    За таква работа не се седи по дома и бере страв, туку оди на лекар и се решава проблемот.
     
  6. bubaaa

    bubaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Само што се враќам од кај матичниот гинеколог. Пред една недела забележав топче на внатрешната страна од десната града, а бев во ПМС. Ми кажаа дека ќе се изгуби, и јас искрено очекував штом ќе добијам денес втор ден ми е тоа си е исто. Сега правев ехо, докторката вика има нешто, дијагнозата засега и е бенигна неоплазма. Плус боли на допир. Ме прати на рентген и некои туморолошки испитувања и сакала да ме прати на биопсија во Ск. Премногу сум исплашена, имам 23 години. Не кажав на никој, одам сама, не сакам да ги загрижувам. Исто праша дали имаме случаи на рак во семејството, ама сме немале досега. Ги читав вашите искуства досега и се надевам на најдобро, но сепак не знам што да очекувам. Секој совет е добредојден.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Јас би ти препорачала да си направиш ехо во Скопје на клиника да побараш и второ мислење па потоа да решаваш што ќе правиш. Обично многу ретко прават биопсија туку веднаш вадат или го следат.
    Што и да е се решава доколку е на време откриено, а да е рак не е. Одамна е фрлена теорија дека е наследен и сл. тоа воопшто не се плаши.
     
  8. bubaaa

    bubaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Тумур маркерите кои ги направив не покажуваат абнормалности, се е во границите на нормала. Отидов на рентген, оттаму не ми дозволија да го правам, зошто не го правеле на девојки под 30 години и пак ме упатија на ехо. Од таму викаат не се прави ехо дури си во менструација, а матичната ми направи :( Повторно понеделник ќе одам, па ако не одам за Скопје. Славица, благодарам за советот.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Најубави резултати ехото покажува после менструација. Нема везе што синаправила за време на менстр. ама резултатите колку се прецизни е знак прашање, иако не е страшно ништо, не е тоа зрачење.
    Рентген т.е мамографија да, не прават на девојки/жени испод 30 год.
    Какви бре тумор маркери, што те мандаат таму кога не ни знаат што имаш, дали е циста, фиброаденом....сепак оди во Ск, на клиника и закажи си преглед (прво се закажува преглед)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам цисти на десната дојка и пред да добијам и двете дојки ми се ко балони и кога бев на ехо на клиника за поевтино(е 100 ден партиципација, а приватен преглед е 500) а истото ехо е(мислев дека ке ми ја пунктираат дојката, ама докторката рече никако) не кажав на никој , ме фати паника од се што се случува,и мајка ми има проблеми,болки, и многу пати сум го чула зборчето ПУНКТИРАЊЕ и ме фати страв ама жена несовесна :fubar:, не е дете да ја фатиш за рака да ја однесеш, си закажав, си отидов(само преглед секоја жена треба да се врши постојано, а ехо на градите на секои 6 месеци, 1 година) и од нервози и стресови тие највеке страдаат кај нас жените, затоа женички не си играјте, одете РЕДОВНО
     
  11. bubaaa

    bubaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Бев кај друга докторка, кажа имам цисти - 2 на едната града, 1 на другата, вика не е ништо страшно, по 3 месеци на контрола. Ми олесна малку.
     
  12. mrss

    mrss Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    јас се оперирав во систина кај д-р Караѓозов, со целосна (краткотрајна) анестезија, ме пуштија истиот ден, без конци без дренирања без ништо.
     
  13. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Здраво девојки, ја читав темава па решив да пишам..
    инаку имам 16 години.
    веќе неколку недели имам болки во градите, тоа пред да ми дојди.. и минатава недела добив..
    ама овие дена одкако ми заврши почувствував долу на градите како грутчиња, не можам точно да ги лоцирам.. понекогаш изгледаат како коски пошто сум многу слаба и немам големи гради :$
    инаку чувствував болка пред еден месец прво во едната града после во другата, тогаш исто кога имав добиено потоа ми ја снема па сега пак ми се појави ама ми траеше подолго.
    многу се плашам дури и на се помислувам дека е, можеби најверојатно е дека сеуште ми се развиваат ама тие грутчињата ме плашат многу. Сега собирам сили да и кажам на мајка ми да одиме на преглед кај матичната, таа многу се испаничува ке ме извади од памет и мене.
    Па пред да одам што мислите вие.. страшно е нешто??? :worried: Ви благодарам многу, морав да прашам негде оти не можам повеќе од страв да издржам. :sweat:
     
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Веќе подолго време имам болки под пазувите и грутчиња, а и на градите, поточно на левата имам како грутче и ме боли. Си мислев да не е бидејќи треба да ми дојде, ама веќе ми помина а пак имам болки. Под пазувите имам отоци ме болат, ме боли кога кревам раце да се пресоблечам или тесна блуза кога носам. Видов на форумов повеќе девојки пишале и си мислев нормално е ама кога го прочитав текстот се загрижив.. http://www.fakulteti.mk/news/11-10-26/o ... vojka.aspx
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Девојки големи се шансите да ви бидат само проширени каналчиња, затоа што веќе секоја втора девојка ги има. Ама вака не можеме да погодуваме, најубаво ќе ви биде да си закажете прегледи и да бидете сигурни.
     
  16. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Ке ве молам да поразговаране на оваа тема, мајками има треба да оперира фиброаденом и многу сум исплашена, ако некој е опериран од истото пишувајте да споделиме искуства
     
  17. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    476
    Фиброаденом- тумор на дојка

    Драга Слонка,
    Немој да бидеш исплашена, ракот на дојката е моедерна болест, ја има веќе секоја шеста жена. Само цврсто и не треба да се плаши. Ќе и направат операција, ќе го остранат заболеното место и потоа ќе и дадат соодветна терапија.
    Бидете само силни и позитивни, тоа најбитно.
    Има жени кои се имаат оперисувано пред 20 и кусур години, и сега се здрави и прави. Немој да паничиш, сега вие ќе и бидете најголемата поддршка на мајка ти.
    Само храбро!
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.724
    Пол:
    Женски
    Фиброаденом- тумор на дојка

    Фиброаденомот не е рак, тоа е бениген мешан тумор од сврзно и жлездено ткиво кој реагира на хормонското влијание, се јавува при покачено ниво на естроген. Има своја капсула, значи е ограничен, не се шири со уништување на околното ткиво, туку само го потиснува, не дава метастази. Обично се зголемува при бременост и во текот на циклусот, а во менопауза се намалува. Ако е мал фиброаденомот не се чепка, но се следи да се види дали расте. Ако е голем се отстранува хируршки.
    Слонка, немаш причина за грижа, мајка ти ќе биде добра. Најверојатно ќе се анализира извадениот тумор за да се осигураат дека нема малигни клетки. Ама штом веќе утврдиле дека е фиброаденом, не би требало беспотребно да се грижиш.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Фиброаденом- тумор на дојка

    Фиброаденом не е рак. Немој да се грижиш. Напротив, биди весела, постојано биди со мајка ти, кажувај и шеги, нека не мисли на тоа. Треба да и бидеш поддршка. Јас бев на мамографија во декември, испадна некоја циста што треба да ја следам. Страшно е додека чекаш, но сега гледам дека не треба веенаш да се мисли на најлошото. Кај неа не е најлошо, туку нешто што се средува. Поѕдрав и двете главата горе.
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јас го имав истиот проблем кога имав негде 15-16 години,имав нешто како грутка на десната града и многу ме болеше кога ке требаше да добијам,бев на ехо и ми рекоа дека не е ништо страшно во тие години градите уште биле во фаза на развивање и немаше потреба за паника :)