Мислам дека под хитно треба да отидеш на лекар. Што и да е испитај го и нека ти биде мирна совеста а мислам дека во никој случај не е нормално Јас го оперирав пред 3 месеци па еве ме здрава, права, жива. Не е страшно воопшто како што пиша Анатх. Рутинска операција која ја прават доколку расне фиброаденомот (ако е над 16мм). Нема некоја терапија освен Цитерал после операцијата и нешто против болка како Кетонал и сл. Нема потреба да бидеш исплашена
Исто бешеи кај мене. Бев на ехо и испадна дека е циста. Можно е да се зголемува за менструален период, па да се намалува или па, да пукне и да се повлече. Најдобро би било да не чекаш и да си појдеш на време. Направи си ехо и ќе ти биде мирна совеста И ќе кажам одбегнувајте пилешко, салами, паштети и сируп Еглонил.
Devojki moze li da mi kazite kade da odam za biopsija,mi otkrija benigen tumor I mi rekoa da odam vo Skopje da se ispita. Toj dr. Krckovski e vo privatna klinika ili? Ako znaete kade e najdobro ve molam pisete I ako imate broj za da se zakaze, blagodaram. P.S izvinete za latinicata nemam mak podrska
Јас одам кај Др. Крцковски тој работи во Дијагностички центар. Ама се смиалм дека работи и во Државна болница ама не сум сигурна баш. Дијагностички центар адреса: Васил Главинов 3, Градски ѕид блок 10 место: Скопје телефон: (02) 3223 516 телефон 2: (02) 3223516
Др. Крцковски не работи во Државна болница со години. Во Дијагностички центар врши прегледи бидејки тоа е само амбуланта а за било каква интервенција, оди во Систина. Неколку пати сум го сретнала во болницата со пациенти. Со години одев кај Др. Крцковски на прегледи и немам баш позитивно искуство. Со сета почит, хирург е од пред да се родам но имав 7 формации по градите и во аксилите за кои тој тврдеше дека се тумори. Шест месеци по породување со керкичката отидов на контрола кај Др. Маја Стојчевска Чапова и докторката констатираше дека градите ми се чисти, ни тумори ни бутур. Најверојатно станувало збор да проширени млечни канали, а со ноќи не сум спиела...... Др. Чапова е одличен дијагностичар. Сум поминала низ истото и те советувам да појдеш кај неа бидејки градите и се суб-специјалност. Ке те прегледа и ке те упати што понатака, доколку воопшто има потреба од понатамошни испитувања бидејки си многу млада http://sistina.com.mk/mk/doktoriradiology.html
И зошто биопсија? И мене ми рекоа биопсија на почетокот, па потоа отидов во државна кај Кондов и ми рече дека нема потреба од такво нешто, дополнително малтретирање кога се работи за фиброаденом кој секако ќе се вади. Подобро побарај две мислења, не се брзај, за секој случај.
Абе девојки, Крцковски почина неодамна, да не бидете во недоумици. Добар доктор беше, не за џабе го викаа,човекот на кој што му се верува. Ама тоа е...
Дознав после мојата објава дека починал неодамна, се изненадив Ама тоа е, ке видам каде ќе одам прво да се информирам каде е подобро, размислувам за Систина и Ремедика. Сепак фала на информациите, ќе одам на преглед прво па после како ќе ми кажат.
Девојки ве молам за помош Вчера после туширање на левата града приметив една линија малку подуена од внатрешната страна. Не се приметува многу, но јас ја забележав. Немам никакви болки на овој предел. Сега оваа недела треба да добијам менструација и малку ми се отечени и 2 гради.Неможам да направам преглед пошто не сум во државава. Многу сум загрижена
Нормално е пред добивање, не се плаши (веројатно некоја жлезда). Најубави самоконтроли се прават веднаш после менстуација, па да не те јаде совеста после менс. направи си самоконторла и ќе видиш дека си ок.
Јас сакам да се вклучам во темава,сигурно веќе знаете,сте ја читале ама ќе постирам неколку сликички за да знаете отприлика симптоми и како отприлика да се испитате и дома,ако заприметите нешто.Јас еднаш кренав паника,косата ми се крена,пошто имав како топче поголемко веднаш до брадавицата,но испадна дека е само влакно загноено.Тоа чувство е А личеше на нешто друго...Помина за една недела можеби и помалку.Најубаво е ако продолжува подолго време веднаш да одите на лекар.Гледам и си се консултирате за лекари,убаво е кога некој ви кажи каде,што и како,за одма да се превземат мерки Се надевам да не дојди до овие работи,но ако веќе стани нешто успешно лечење и да бидите силни и да се изборите со ова.Очи широко отворени за секаква промена на градите. Спојлер И болка подолго време...
Фала на советот Славица, навистина се загрижив. Обавезно ке направам самопреглед после менструацијата.
И јас имам грутка на градата и ја имам веќе 4 години. Докторот ми кажа дека е некако како што уште тогаш го разбрав дека масно ткиво со кспула, стручно незнам како се вика. Ми го следи веќе 4 години и напочетокот одев 2 пати годишно на контрола, а сега почнав да одам само по еднаш. Последниот пат кога бев на котпола грутката ми беше 14 мм и докторот кажа дека сеуте не е за вадење и ќе ја следиме се додека не почне да достифнува 2 цм. Ме интересира дали и некоја друга го има овој проблем.
devojki i mene eve nekolku denovi osekjam deka imam nekakvo gutce na levata dojka ama sum pred ciklus.koga ke go dopram me boli se plasam mnoguu nemam nekakva izmena na gradata no ja osekjam deka malku mi e potvrda od desnata.vikaat deka ako nedaj boze imas rak ne boli.ke pocekam dodeka dobijam ako ne mi se sredi odam na lekar
Ако си пред циклус, можно е да ти е поради тоа. Инаку, кај мене испадна дека е жлездата, никакви тумори
Здраво на сите! Утре одам на преглед и бидејќи ме дели само вечерва од прегледот, не можам да спијам од мисли... Пред 2 месеца се породив и имам малечко бебе и неколку дена после породувањето во текот на доењето забележав некои грутки на левата страна на градата, како отечени лимфни жлезди и на преглед ми рекоа дека е заради хормоните после породувањето, и ако не се повлечат по 1 месец повторно да се јавам на контрола. Жлездите се повлекоа и се смирив малку. Пред 4-5 дена се разбудив навечер со болка и мала грутка во десната града и си мислев дека е од млекото, бидејќи кога некогаш ќе ми надојде многу млеко, ме болат градите и ми се отечени и после цицањето си се смалуваат... така си реков дека и оваа грутка ќе ја снема, но еве и неколку дена си стои тврдо како орев, на пипање можам да го почувствувам дека е тврдо и како жилаво некако, не ме боли повеќе, само кога дојам и кога ќе ја држам градата мислам само на лоши работи Дали некој знае дали е можно да постоел рак на дојка, а да се открие после породување, бидејќи во текот на бременоста градите ми беа големи постојано и не се пипав и не проверував, а исто така знам дека со бременоста можноста за појава на рак се одложува барем за 1 година.. а исто и доењето го спречува појавувањето на рак на дојка... Имам скоро 33 год, не сум раѓала досега. Знам дека претерувам да почнам веднаш со лоши мисли, ама не сум сретнала ваков случај и затоа ми е страв ММ е прибран и ми вели дека сигурно е од хормони или сл. ама јас пак... секакви мисли ми доаѓаат во глава. Ако има некоја чуено за сличен случај, нека ми каже плзззз.. Кога ќе се вратам од преглед утре ќе споделам информации! Добра ноќ на сите Феминки и Честит 8 март!
mlada si za tie losi raboti,mene me bolese gradata i imav grutka ama od koga dobiv ciklus mi iscezna inace bev preplasena
Цисти на дојка БИ САКАЛА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ЦИСТИ НА ДОЈКА,ГИ ИМА ЕДНА МОЈА ПРИЈАТЕЛКА,ВИКА ДЕКА МНОГУ ЈА БОЛИ ГРАДАТА,И ПРЕД НЕКОЈ ДЕН БИЛА НА ЛЕКАР И РЕКЛЕ ДЕКА ЦЕЛАТА ГРАДА И Е ПОЛНА СО ЦИСТИ И ДЕКА И ДРУГАТА ГРАДА ИМА АМА ДВЕ ЦИСТИ.ПРЕПЛАШЕНА Е ЦЕЛАТА,ДОКТОРКАТА САМО И РЕКЛА ДА СТАВА ЛИСТОВИ ОД ЗЕЛКА И ДЕКА САМО ТОА ПОМАГАЛО ЗА ЦИСТИ.ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ,МНОГУ Е МЛАДА 24 ГОДИНИ ИМА И ЕДНО ДЕТЕНЦЕ ОД 2 ГОД.
да ве прашам мајка ми има таков проблем. незнам ни сама како да го нарецам мегутоа пред нецела година сама при тусиранје си напипала грутка во градата. докторот и каза дека е циста и дека е нсто бенигно и нема потреба од паника. на следниот преглед и казаа дека е повлецено,и требасе да прави преглед на секои 3 месеци. денес кога отиде и казаа дека на др. града има несто големо околу 20мм и да оди во скопје на биопсија. ве молам за совет мајками има 41 год