20мм и не е мало. Како бе и кажале ,,има нешто,, па на ехо се види се што е и како е. Нека си направи прво ехо да се утврди што е, а потоа јас би го извадила ако е фиброаденом. Ако е циста тие се пратат и ретко кога се оперираат. Како и да е, веднаш на д-р.
vi blagodaram utre ke odime kaj tashe vo bitola tamu exo da i napravat. doktorot kaza deka mora da odi na biopsija i samo taka ke znaeme sto e ...dali e fibroadenom ili ne daj boze nesto drugo. se nadevam na dobri rezultati . pozdrav i fala
Јас имав и го извадив (не ми текнува како се викаше).. кога бев на преглед докторот ми кажа дека не е ништо страшно и ќе ти го цитирам: "да беше моја ќерка, ќе го извадев за да не ти создава сомнежи понатака" - и јас така се одлучив да го извадам и не е ништо страшно, мал оперативен зафат
Другарка ми имаше масно ткиво, како грутка на едната града, па го извади со хируршка интервенција, со локална анестезија и ми кажа дека не ја болело ама сега пак да го правела истото (Не дај боже!) ќе се одлучела за системска, целосна анестезија. Грозно искуство, да гледаш како те сечат бре! Сега има пак проблем т.е. само пред мензис пак чувстува како грутка на истото место која се губи после завршување на менстрауцијата. Како и да е, муабетот ми беше, кој има таков проблем, одма нека си превземе нешто, ете ја другарка ми здрава и жива, помина се’ лесно и како што треба!
Ај да си прашам. Немам напипано грутка или нешто слично, но деснава града неколку месеци веќе од време-навреме ме боли - не на допир и континуирано,туку само од себе онака ќе ме боцне и поминува. И не само пред да ми дојде( тогаш нели болат двете, со тоа што деснава ми е поосетлива ),туку вака било кој период од месецот. И баш поради болката многу пати сум проверувала сама дали има грутка некаква, но не. ?
И јас чувствувам од време на време пецкање околу градата и со тек на време се манифестира кон десната страна,но немам никаква грутка.Во последно полека исчезна болката,но пак ме боцка,а од што може да е не знам. Можно е да ти е истегнат некој мускул или нерв,може од нервоза и стрес,климатските промени исто може да влијаат.Има милион причини,а се пак мислам дека најубаво е да одиш на лекар.Се најдобро!
И јас осеќам иста таква болка,а нема грутче, имам 27 год. уште немам родено, се плашам многу од рак.... Веќе незнам што да направам,преплашена сум !!!!
Закажи си ехо, со сини картони е 150 денари и чиста работа. И онака добро е за секоја девојка да направи ехо и под 30 години. Не е страшно, не боли , а ќе те спаси од глупави стравови. Рак, аман бе-веднаш на најлошото се помислува , а без никаква причина
Вака, ќе бидам малце поотворена...Со дечко ми пред три дена имавме однос и сега осетив, а и тој си призна дека многу јако ме факаше за градите, се два три дена после тоа, мене градите ме болат, а за менструација има уште 10 додека да ми дојде, па рано е од тоа да ме болат мислам... Можно ли е од тој јак стисок да е така? Навистина сум загрижена и се плашам да не добијам многу порано...Вака ми се нема случувано порано, сепак мислам дека е се поради силата... Ви се има ли случено и на вас? В молам, испаничена сум до крај....
И за рака или нога да те штипне некој појако ќе те боли а не па за гради. Зошто се плашиш ако ти дојде порано, па ништо страшно. Понекогаш ПМС дрма малку порано отколку што очекуваш. Може од некој стрес, мало пореметување некакво ама и тоа не страшно. Јас понекогаш сум невозможна во ПМС и цели 10 дена сум а некогаш не ни приметам дека сум во ПМС. Воопшто немаш место за паника и грижа.
Да,но толку порано не е нормално да добијам нели Ама мислам дека е од другата работа, затоа што само ме болат кога ќе ги допрам, а не се тврди како што се во ПМС
Ете денес собрав храброст и бев на ехо- и ете ти ме прегледа радиологот, вика фиброаденом, со големина 20мм, требало само да се следи, па на контроли на 6 месеци. Да ве прашам за мислење дали да го оперирам или да го оставам? Сега баш се трудам да забременам и ете што ме снаоѓа Помош?
Имам пишано и претходно, но ќе си го повторам моето мислење .. твоја е одлуката дали сакаш да го вадиш или не, но мене докторот ми препорача да го вадам за не дај Боже да се случи нешто посериозно па да не го приметувам и да си мислам дека е фиброаденомот.. го извадив, но по една година ми се појави на другата града, па го извадив и тој и после тоа ми рекоа дека доколку се појави уште еднаш нема веќе да се интервенира, така да не е ништо страшно, само до психата е и плус превентивно... а инаку опоравувањето не трае долго, 3-4 дена и мислам дека доколку се одлучиш да го извадиш нема да имаш проблеми со забременувањето а и со самата бременост, но за тоа сепак треба да си се консултираш со гинеколог
Da prasam nesto: imam 21godina i me boli ednata grada pri dopir, bev kaj maticniot leka i pri dopir mi rece deka imam malo grutce..i deka mi tocni 10 dena moze da e od toa. Mene mnogu mi e strav! Mi rece doktorkata deka i da idam na eho nema da se vidi ubavo oti treba da dobijam, a gradite togas se cuvstvitelni. Mi rece maticnata da ne se plasam, da ne mislam deka e nesto strasno..oti pri dopir veli deka topceto sto go pipnala se mrdalo i misli deka e nekoja zlezda ili pak od toa sto mi docni pa zatoa. Rece da ne se sekiram,inace da stavam borova voda veke 3 dena i da ne se urocam malku mi e namalena bolkata.(i prethodno ne bese nekoja strasna bolka ama sepak se uplasiv) i mi zemaa krv i mokraca i se e dobro. Mnogu mi e strav
Не се секирај, не е ништо. Јас имам под десната града со години. Ја имам прегледано неколку пати кај стручни лица и сите велат: жлезда е. Дури една докторка ми рече: Уф, немој да си се пожалила кога ќе родиш дека немаш млеко, ова е голема жлезда Така да, без гајле. Направи си ги сите испитувања за да ете, си бидеш мирна, ама не се плаши - ништо не ти е 100%
Не знаеш колку сум исплашена, многу ми е страв од рак,тумур само таму ми е паметот, и се ми се мота околку сериозни болести! Паничарка голема сум,а ми кажа докторката да не се секирам оти не е ништо страшно. Сакам да идам на ехо на контрола,ама ми рече докторката прво да добијам и да ми заврши циклуцот. Фала ти! Извини да те прашам кај идеш на ехо, на прегледи? Оти јас не сум била до сега,докторката ми рече ако сакам за да бидам смирена да земам упат и да идам кај мене во Чаир ,ама нз што да правам.
Здраво! Јас имам 15 години и пред некое време забележав дека едната града ми е поголема.Прочитав некаде дека тоа било нормално но гледам и едната брадавица ми е поширока и општо таа града ми е поцврста. Нормално ли е сето ова ?
А од каде и од која причина се појавува овој фиброаденом? И јас пред извесно време бев на преглед, ми рекоа да одам повторно, треба да се следи.
Fibroadenoma е фактички бениген тумор кој настанува со пролиферација (растење, буење) на епителот и фиброваскуларната строма на дојките. А се зголемува поради подолготрајно покачено ниво на естроген (женски хормони) во крвта. При менструација и во бременост се зголемува, а во менопауза се намалува. Не е опасен, ако е поголем на пример од 1 цм во обем се вади, ако не, само се следи.