Грција пред банкрот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од friendy, 29 јуни 2015.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    2.343
    Допаѓања:
    27.841
    Пол:
    Женски
    Веќе подолг период се шпекулира дека Грција е пред банкрот и се спрема излез од еврозоната т.е враќање на драхмата како валута.
    Денес Грција ги затвори своите банки и предизвика пад во берзата на глобално ниво. Падна вредноста на еврото, се зајакнува вредноста на доларот и швајцарскиот франк.
    Кризата во Грција има влијание врз инвеститорите, кои испаничени ги повлекуваат своите пари. Брзиот одлив ќе влијае врз земјите со кревка економија како Италија, Шпанија, па и Македонија.
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    24.984
    Еве видео од првичните протести во Грција

     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    @Yipman2 Како тоа падна вредноста на еврото не е уште 61.8?или мислиш во однос на доларот?...
    Од ситуацијата во Грција воопшто не сум изненадена ова веќе подолго време се очекуваше,само сум изненадена што не си превзедоја по драстични мерки за штедење,и не побараја повеќе финансиски совети од нивните партнери во ЕУ...И да излезат од ЕУ да нема да ги имат бенефитите за кои ние години се бориме и потешко ќе живеат тоа е факт посебно обичните граѓани но сепак ќе останат едни една од најпознатите туристички земји во кои би требало да биди поефтино од сега но и не мора да значи...
    Ситуацијата ескалира нормално кога на луѓето парите и штедните влогови му се заробени во банки кои се затворени и од кои можат само ограничен број на сретства да се подигат сепак владеј голема паника,пропратно со ова и многу луѓе ќе останат без работните места,ќе пропаѓат мали големи бизниси, прашање е дали ќе можат плати и пензи да исплатат што чисто се сомневам страшно...
    По неспретна влада во однос на финансиското работење не сум видела жива катастрофа,5 или 6 банкрот му е зарем е можно толку алипни министри и советници по финансии да имат хаос...
     
  4. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Ако де нека банкротира грција. Така ќе ги исфрлат од еу после ќе можеме ние да влеземе. Ако излезат тие си мислам дека и Бугарија ќе не блокира за грција како грција ќе ми биде мило ако банкротира. Само граѓаните не се криви за политиката што води владата кон нас
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.605
    Допаѓања:
    81.209
    Пол:
    Женски

    И ти мислиш ако влезе МК во ЕУ ќе тече мед и млеко. Како бугарите и романците што влегоа , одвај чекаат да избегаат од државата. И колку да не бегам од темава , грците одвај чекаат да излезат од европа , јас тие што ги познавам 98% ќе гласаат за надвор од еврото , па богами на луѓето веќе им се смачи други да им се мешаат во државата , цело време да кратат пензии плати
    Сакам да кажам, и подобро МК што не е во ЕУ и дај Боже да не влезе ,зашто од нив фајде нема
     
    На crazylady, girl-miri, faye и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    10.519
    Ако банкнотира Грција и ако пропаднат банките, многу ќе ми биде криво што не си земав така поголем кредит да ги решам сите животни прашања. :lol: Инаку и без Грција и со Грција, нема да влеземе во ЕУ.
     
  7. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Ако излезе грцја драстично ќе ни се зголемат шансите за влез во еу
     
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    22.452
    Ако влеземе во ЕУ сега тешко нас, ќе почнеме да плаќаме 1,5 евро за леб е тогаш ќе се чудиме што не снашло. Додека да го поминеме процесот на урамнотежување на европскиот стандард со нашите плати тешко нас, Ко преживи причаче. Може е наша среќа што не закочи јужниот сосед во евроинтеграциите. Инаку не верувам дека ќе банкротираат, кој ги остава туку така.
     
    На crazylady, girl-miri, Turtle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Ако влеземе во ЕУ не може да биде по лошо во случај да не можеме да се урамнотежиме еу ќе помогни за тоа дека тешко ќе излезат од еу тоа е точно
     
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    10.519
    Во ред да, еден душман помалку. Ќе се појават уште многу после Грција. Мое мислење... Ама како што ЕУ се држи на стаклени нозе, се си мислам дека попрво ќе се распадне додека ние да влеземе. Знаев дека ќе има огромни последици по унијата што толку години го заштитува своето милениче, неосновно. Се правеа бројни остапки и исклучоци. Одредбите важеа за сите освен за Грција. Како фискални, така и монетарни.
    Да не идеме подалеку, со самото тоа што и дозволија влез во монетарната унија, без да ги исполнат бараните критериуми го фрлија бумерангот кој што сега им се враќа. Полека но сигурно.
     
    Последна измена: 30 јуни 2015
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    22.452
    ЕУ провери колку им помогна на Бугарите, Хрватите и земјите кои последните години влегоа во ЕУ. Обичните граѓани останаа на цедило. Хрватите дојде ред да плачат и да се жалат секојдневно, бугарите што не извидоа. Не се согласувам со таа европска политика, таа е само за големите земји а ние ќе патиме секогаш и ќе бидиме нивни марионети.
     
    На girl-miri, Lady Phoenix и kjukli им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    10.519
    Ако влеземе во ЕУ тешко нас. Еден млад нема да остане во државава.
     
    На girl-miri, Mishela, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  13. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    И ние македонците не знаеме што сакаме де сакаме да влеземе во еу де не сакаме
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    10.519
    Јас лично сакам. Барем полесно ќе се спасиме младиве без да вадиме бугарски пасоши.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    22.452
    Јас онака зборам гледајќи како поминаа другите земји, можеби сега да влеземе во ЕУ ќе биде убаво во нашата држава ама после 10 години, а до тогаш тешко нас. Ама не не примаат секако, џабе ги исполнивме сите услови ги спроведовме нивните политики, закони, и на крај си плачиме од истите тие закони за џабе. Барем да не поштедеа од сето тоа.
     
  16. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Прво да ги исполниме условите за влез после да кажуваме
     
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    20.050
    Пол:
    Женски
    За Грција сите знавме дека е во финансиска кома која ја одржуваа во живот преку кредиторски инфузии со години. Она 'должен како Грчка' не го измисливме ние ^_^
    Само нивнава финансиска криза ќе има домино ефект, да не се залажуваме. А Грција ако мисли дека ако излезе од ЕУ, долговите ќе и ги простат, тогаш живеат во бајка. Во или не во ЕУ, тоа што си земал,треба да го вратиш.
    А ние за у ЕУ треба да исполниме многу критериуми кои упорно под тепих ги ставаат или се прават наудрени за нив овие на власт. Нели 100 пати веќе ни кажаа дека сме отидени дури назад и дека и препораката ни виси на конец. Какво ЕУ, кога сме во моментов светлосни години оддалечени од Европската орбита.
     
    На crazylady, Lady Phoenix, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.479
    Пол:
    Женски
    Da bideme iskreni nie sakame da vlezime vo EU samo zaradi da mu ja kidneme od drzavava , za da ne vagame bugarski pasosi ! Toa e toa :D Inaku ne sekirajte se za Grcite si imaat oni ostrovi neka si gi prodadat i ke se spasat , tuku nie ovde sto prajme ???
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    22.452
    Сега Грција планирала да побара нов двегодишен договор за финансиска помош од еврозоната, па ајде да видиме до вечер што ќе направат. Инаку треба да вратат сега долг од 1,8 милијарди долари на ММФ.
    Све ми мириса оти нема да вратат долг а ќе добијат помош.
     
    На cresa-jagoda и realGirl им се допаѓа ова.
  20. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    6.675
    Пол:
    Женски
    А кога уствари Грција и не е добила помош?? Грција пред банкрот ајде и пуштат пари, ајде и сега пак е пред банкрот ајде ќе видиш и пуштат пари. А чисто сумљам дека ќе излезе од ЕУ :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.