Истата мака и јас ја имам. Само во раце спие и сака да ја шетам низ соби. Седење и стоење во место не сака
Кога ќе ми текне... Ова на мм му го правеше моево. Го шета во раце и ако за секунда застане, готово плачки. Или ако се обиде да седне, само малку телото што ќе го потспуштеше, почнуваше да се буни Мене не ми правел така бидејќи во раце не сум го држела, ама затоа наместо во раце, си го научив да не се дели од цице и да не можам да мрднам цел ден од кревет
Јас бидејки цел ден сум сама и немам сили да ја носам цел ден и давам да цица. Цело време лежиме но грб ме боли. Цицне заспи, цицне заспи и цело време така ми прави. Се прашувам ке заврши ли ова во скоро, живци немам веке. Мислев само моево бебе е вакво. Инаку едвај ја успивам до 1 по полноќ, сабајле уште рано стане и преку ден слабо спие (освен ако е в раце или на цице).
Вчера пак имаше грчеви малото и морам да ги пофалам Саб Симплекс ефективно се покажаа беба 7 саати врза иако се на база на Симетикон добри се
Сакаш да кажеш дека денот го поминувате повеќе во кревет или лошо те сфатив? Ако е така може затоа не заспива навечер. Треба малку да ја измориш да заспие поубаво. Не знам колку месеци е ама една прошетка воздух да ја фати или на меше да претка, да мрда доволно е да се измори.
Значи ние ја наебавме, го научивме да спие со нас, да го држиме во раце постојано со шетање и плус на цицка нон стоп дури и кога не е гладен.
Девојки, денес грчевите се многу изразени кај нас, цел ден е во раце и кога го фаќаат собира ноџиња, се црвенее, стега и плаче. Скоро месец дена сме големки. Ставам колипреф по 4 капки во секое шишенце ад (дневно 16 капки) и плус два пати на ден давам рекол по 5 капки (дневно 10 капки). Се мислам дали да земам чајче бекутан против грчеви. Од која возраст може да се дава? Совет?
Од мое искуство... Чајчето не ми помогна... Единствено што беше успешно кај мене Sab Simplex капките и Nurse Harvey's сирупот и тоа само ги подсмируваа грчевите...
Зголеми ги 4 те капки по табелата за возраст.. Пр. 6, 7...во секое шишенце. Нас така ни помагаше доста кога се интензивни грчеви
Чај не треба да се дава на мали бебиња, а особено Бекутанот е преполн со шеќери. Читни ја темата за чај и вода на последните страни, баш се пишуваше зошто не треба да се даваат.
Дали тоа значи дека бебенцето 4 пати пие ад аневно? Ако е така сигурно и цица, коките се даваат пред секое јадење ако е на доење а ако е само ад во шишенцето. Кога е комбинирано се дава и пред цицање .. може затоа не делуваат како што треба капките. Сепак има ограничено колку максимум дневно смее па ќе ги поделиш некако. Нас чај од ким исто ни помага и за ккаање и за грчевите.
Мене мн ми е убав Малата си го пие али да е малце млакичок, а и за синко пред 7ипол год истиот го користевме. Он го обожаваше а и немаше проблеми со стомачето