Во последно време се почесто почнаа да ме стегаат грчеви на мускулите. Во сред ноќ се будам со огромни болки, буквално ме вадат од сон! Имам читано дека ваквата појава може да биде резултат на недостаток на витамини, ама јас редовно јадам овошје и пијам шумечи таблети. Имам сретнато и дека можат да се појават од замор, ама јас немам некоја толку тешка физичка активност. Најчесто ме стегаат во мускулите на подколениците. Дури можам самата да си предизвикам грч ако го свиткам стапалото, а болките се ужасни!! Најтрагичното е што јас сум млада, а колку што знам грчевите се појавуваат кај постари лица, или евентуално после породувањето кај жените. Сте имале ли вие проблеми го грчеви и како резултат на што ви се појавиле? Како можам да ги спречам? Зошто во последнава недела дена скоро секоја ноќ се будам од болките! (Ја пребарав категоријава, ама не наидов на ваква тема - ако има, посочете ми ја)
Не се секирај не е страшна таа работа иако предизвикува страшни болки, можно е да поради недостаток на магнезиум но исто така причина може да биде долгото и неправилно седење на столче ( доколку нозете ги ставаш на основата на ногарките од столчето и тие се во неприродна и згрчена положба ) Пробај со внесување на магнезиум и подолго физичка активност -пешачење во твојот случај
Аууу, ете - на седењето воопшто не помислив! Можно е да е од тоа, мене рбетот ми се искриви од тоа неправилно седење пред компјутер или на предавања, а не па грчеви. Мислам дека имаше некои шумечи што содржат само магнезиум, имам видено само со калциум, уште утре ги купувам, ова не се трпи! Ти благодарам
Веќе неколку пати во текот на сонот ми се јавува како печење на кожата на ногата во пределот на бутот, ненормално пецкање кое е неподносливо... Веднаш после тоа морам да ја масирам ногата. Дали некој имал ваков проблем?
Pi poveke voda. Mene isto mi se slucuvase pa duri i vo vezbanje. Instruktorkata mi preporaca poveke pienje voda i rezultatite se odlicni.