Девојки, ве молам за совет. Знам дека е само материјален симбол, но дали ви се случило губење на една од бурмите и што по тоа, замена? Многу ми е жал, сопругот во пливање ја изгуби и не можеме да се помириме...
Ke si otidete so soprugot vo zlatara i odma ke si najdete drugi. Se slucuva se gubat raboti gledajte da si inate harmonija vo brakot a burmute se najmal problem.
Знам дека тато ја изгуби на фудбалска утакмица ко имав можда 4 годинки. Се сеќавам дека цел терен го тапкавме со раце и не ја најдовме. На крај купи нова, ама не ја ни носи. Сакам да кажам дека не значи ништо. Ене ги после толку години заљубени повеќе од на младоста. Ќе се помирите. Купете нов прстен за него ако го носи, ако не - не ни мора според мене.
Ајде глава горе високо. Пред Бог сте споени. Бурмата е само симбол да кажам. Да сте живи и здрави, ќе купите нова.
Не ни имаме бурми дека не сме венчани во црква. Маж ми не ни носи прстени, јас на работа со пациенти мијам раце по 20 пати и вереничкиот само го заборавам во тоалетот. И затоа и тој престанав да го носам. И затоа немаме ни намера да земеме бурми.
Мислиш да не значи нешто? Значи.. дека нови ќе треба да купиш, и пари на ново да трошиш... тоа, ако сакаш да носиш бурма пак. Е то значи.
Јас ја изгубив лани во зима, ми паднала при вадење ракавица некаде. И мене ми беше шубе затоа што немаше ни една година помината од свадба. Отидовме со маж ми во Лесновски манастир да прашаме дали ако купам нова треба да ја однесеме во црква, ми кажа отецот дека тоа е само матерјален симбол, важна е венчавката на која сме биле благосовени. Кога се вративме, маж ми ми купи нова иста како таа што ја имам чисто затоа што чудно ми беше без бурма.
Ниту јас, ниту Mr Sefton не носиме бурми Ако премногу ви значи да имате бурми, секогаш може да купите нови. Но, вашиот заеднички живот и меѓусебен однос вреди повеќе од сите бурми на овој свет. Отпатувајте негде, сакајте се до бесвест, соберете спомени од тоа место и купете си matching врвки за на рака. Не ги вадете никогаш. Ете ви бурми.
Не било убаво да се изгуби бурмата. Жими мајка. Јас и маж ми немаме бурми, а не сме ниту венчани во црква. Ништо не ни фали.
Јас знам жена што си собра златни работи од дома, меѓу кои и бурмата, и ди ги даде на златар за дебело ланче да си земе мажот и како не и се налути не знам,ама знам од тогаш 20тина години се поминати, уште се живи и здрави и во брак
Ние не ги носиме бурмите. На почетокот ги носевме сега веќе не. Само вереничкиот прстен јас го носам и така. Бурмата не е нешто посебно, имала немала, носела не носела битна е љубовта
Нормално дека нема да е крај на светот ако ја изгубам бурмата, ама многу ќе ми биде криво. Приврзана сум за неа, постојано си ја допирам и проверувам да не ми испаднала. Мм поради работата не смее да ја носи па неговата така му стои во фиока.
Фала ви девојки за коментарите, ме утешивте. Во тој момент ептен емотивно го доживеав тоа, се испотресов, но сега се си е ок. Не ни беше заради суеверие, туку заради емотивната вредност. Правиме нова, а и идејата за тетоважи не е лоша
Во моментов сме во финансиска криза. Имаме бебе од 7 месеци. Ни требаат пари. Сакаме со мм да ги продадеме вереничките прстени. Е, сега малку ме јаде црв, сомнеж, страв. Ако ги продадеме, недај Боже нешто да тргне на лошо? Верник сум, не верувам во бабини деветини, но ова ме копка. Ваши мислења ако може?