Зошто лошо да тргне ? Од кога се зедовме со маж ми после две години во кола ја остави бурмата и никако не можевме да ја најдеме, така и остана дали некој ја украде или се загина до ден денес не знајме . Ама не ни се десило ништо лошо
На моите некој уште пред 40 години само што се земале некој им ги украл венчалните прстени па еве ги фала богу ни на нас ништо не ни флаело ни на нив. Шубе ти е знам али во криза тоа е мора да се преживее здравје понатака и поубави ќе си купите сепак и бебе имате
Воопшто не му се мисли или секирај, се прави што се мора кога се мора. Јас ја изгубив мојата одамна, вереничкиот не знам ни кај ми е. Не е љубовта во нив, па да се изгуби заедно нив.
Ако немате нешто друго злато да продадете, продадете ги бурмите.. Ако си од Скопје прошетај по златарите и прашај за цена, немој да избрзаш. Може за повеќе пари ќе продадеш. Сега златото е поскапено. Околу 30€ е продажна цена, може и повеќе е, затоа прошетај по дуќаните.
Тоа го измислиле луѓе за да си ги оправдаат глупостите поради кои се распаднал бракот. Не се распадна заради мене, ќе препишеме на губење на бурмите