Премногу. Често само се гушкаме со мм, без да води кон нешто повеќе и за мене е незаменливо тоа. Најчиста форма на искажување љубов ми е гушкањето.
За мене гушкањето е најубавиот и најинтимниот начин на искажување на физичка блискост. Особено кога прегратката трае малку подолго. По таква споделена прегратка со саканата личност, навистина се чувствувам како да сум на седмо небо
Ич нејќам.. И после секс се вртам на страна и заспивам. Не можам да поднесам некој да ми дише у врат или у фаца само пошо морало да сме гушнати. Втф Можно е да гушкам само коа сум екстра пијана или евеншали коа честитам роденден.. Не сакам гушкање, а ми значи кога другата страна не ме напиња ради ова, туку ме разбира и не поставува прашања.
Сакам кога високи луѓе ме гушкаат а имаат убав парфем на себеи обожавам гушки генерално. Досадна сум понекад со нив.
Јас сум многу дива, изгледам како дива коза без емоции, среќа што маж ми ме познава. Долго само со син ми се гушкам, со маж ми постојано ама кратко, не сум таква по искажување емоции баш Со моите ги гушкам ама така на кратко.. И кога си прочитав ова, па стварно сум дива. А не дај боже некој од страна да ме гушне
Нема ништо подобро од гушкање. Колку пати со гушкање и со пртнерка и со другарки сум надминувал нервозни и стресни ситуации.
Дива коза сум и јас. Не сакам гушкање , не ми е пријатно да ме гушкат не знам чудно е но таква сум. Поготово некој шо не ми е близок да ме гушне ауу мислам дека ми е нарушен personal space и нервоза ме фајка. Исто така не сакам ни некој да ми е залепен до мене, малку дистанца, малку personal space.