Постов како јас да сум го пишувала ме опишува до детал... Не сакам многу гушкање, само со ептен блиски особи и тоа кратко и некогаш од што морам зашто сум добила коментари дека сум многу дива .... Ме нервира едноставно...
Ах пак јас многу сакам гушкање, многу многу, ме исполнува самиот допир и физички контакт, уште поубаво ако трае подолго
Многу ми значи гушкање со блиски луѓе, премногу сакам да се гушкам. Обично ми е срам да иницирам само, но кога тие иницираат се топам одма.
Ми значи само со најблиските и најсаканите, постојано си ги гушкам, ми значат премногу. Кога сме заедно со дм цело време сум му обесена за врат, буквално и ќе се свестам па ќе го прашам да не сум многу досадна , а тој ќе ми се насмее и ми вика не си, ако си досадна ќе ти кажам .
Само со дечко ми и ептен најблиските. Не сум човек што сака физички контакт. Кога бевме на почеток на врска ми беше чудно, сега како коала сум околу врат закачена.
Обожавам гушкање. Сакам да гушкам цврсто, топло, искрено. Имам две другарки од Србија, со кои веќе втора година дружам и неколку месеци откако се запознавме и зближивме, двете ми рекоа дека со блиските со кои се видуваат толку често, не се гушкаат и поздравуваат кога ќе се сретнат пошто е awkward. Не знам дали е до нив две или разлика во култура, го поштувам. Едвај ме држи место ама поштувам, но јас не сакам да ги гушкам поради формалност туку затоа што искрено ми е мило што ги гледам.
Samo so intimen partner sakam bliskosti, nekoj so kogo postoi interes od odreden tip. So drugi jok, mi potrebale.