Да не мислите дека само вие девојките го сакате овој чин, мало охрабрување. Преубаво е чувството, микс на спокој, исполнетост, сигурност... верувам дека се испуштаат многу хормони кои му влијаат позитивно на организмот.
Со други личности сум тотално ладен и не сакам никаква физичка интеракција. Ама затоа со партнерка ја обожавам таа блискост и секој момент гледам да го искористам за гушкање и мазење.
Исто . Секој сака искрена прегратка. Секако со саканиот ми е најомилена, но општо сакам да се гушкам.
мене ми значи многу кога е гушкањето со саканата личност, општо со други приајтели и пријателки несакам такви гушкања
Гушкање, и општо физички допир ми се неопходни за искажување љубов кон некого, ама и за восприемање дека некој ме сака. Недостатокот од тоа, односно резервиран однос и држење дистанца го доживувам како рамнодушност или во полош случај - одбивност кон мене. Со партнер сакам интимни гушкања, додека со другар(к)и осеќам потреба за цврсти, силни гушкања кога сум многу радосна за нешто или се осеќам многу исполнето во моментот, благодарно за времето кое го поминуваме заедно.
Сакам само кога тој ме гушка. Со други луѓе сум дистанцирана и не сакам физички контакт. И бебка ја гњавам со гушкање од милина. Се додека не стане тинејџерка и не почне да ми вели ме замараш мамо, остави ме. За другите луѓе ме вознемирува физичката близина и не сакам. Тоа поздравување со гушка и кисче на образ ми беше најглупо нешто кога бевме средно.
Jas najmnogu si go sakam guskanjeto od kerkami iskreno nema poubavo I pomilo nesto od toa.Normalno I soprugot e tuka ama nemoze da se sporedi nisto so edna ubava pregratka od cedoto pogotovo koga ke si dojdes umorna od rabota I te preceka pred vrata so rasireni race.Dovolno e znam deka ke me svatite sto sakam da kazam.
Жениве сме повеќе по гушкање, мераци телесни, топлење, близина и контакт. Мажине не толку многу. Повремено. Маж ми, дури ми беше дечко, знаеше да рече дека јас сум го научила на гушкање. Кај ми се тие времиња...
Премногу сакам и ми значи.Сакам да го гушкам и да ме гушка.Најдоброто нешто за во секоја прилика и кога сум среќна и кога сум тажна.Преку прегратката можам са искажам тон емоции и чуства.Го обожавам она чуство да не сакаш просто да се одлепиш од партнерот.Исто важи и за пријателки родители мили личности од мојот живот.