Џиновски лајк-допадливост за гушкање!!! Приоритетен одраз на најдлабок и најискрен излив на нежност и поврзаност!
Не сакам да се гушкам во глобала. Со син ми можеби само понекогаш. Кај нас мм сака да го гушкам, порано и добиваше по некоја прегратка, сега изнудена.
Премногу. На секој човек му се потребни од 5 до 8 прегратки на ден, за нормално функционирање. Штета што секој ден не можам да си го пружам овој луксуз
Гушкањето е како кислород, насушна потреба за јакнење на имунитет, поттикнување на душевно и телесно блаженство и претставува радосен вовед во трепетни искусувања на љубов...прекрасно е да даваш и примаш таква емоционална и душевновоскреснувачка инфузија...
Јас сум изгледа многу "дива". Само син ми милион пати на ден го гушкам и го гњавам. Маж ми помалку, тој е повеќе по гушкањето. Посебно кога сум под стрес па ич не сакам да ме гушкаат тогаш сум како од секоја пора да ми излегува трње и мислам се што ќе ме допре ќе се боцне. А не дека не си ги сакам и моите и сите кои ми значат. Знаат дека сум тешка со емоции ама знаат и дека љубовта ја покажувам со преголемата грижа. Тие што не ме знаат мислат дека сум ладна без чувства. А и таква изгледам а од внатре се чувствувам како исплашен зајак