Многу! Пред сè, затоа што важам за малку намќореста и воздржана личност и не се гушкам со секого. Едноставно, не обожавам лигавења со било кој, гушкањето ми е интимна работа и начин на искажување љубов. Гушкало сум, дури и Лепи би ви го потврдил истово ако го прашате. Обожавам кога имаме и време и простор и се гушкаме со саати. Всушност, јас и живеам за вакви моменти исполнети со многу нежности.
нема да згрешам ако кажам дека многу повеќе ми значи гушкањето од што и да било друго. ПОнекогаш едностано, тоа е единствената работа што ми треба!!! Е тогаш целиот свет престанува да се врти!!! уживам во неговите преграти..силни, цврсти, како да те штити од секој што сака да те повреди....А уште поубава ја прави прегратката, искреноста... ако знаеш да ја препознаеш искрената прегратка, мислам дека не ти треба ништо друго...Во моменти кога сме скарани и лути.. некогаш нема потреба да разговараме, доволно ми е да ме гушне како првиот пат и заборавам на се...
Многу побитно ми е гушкањето од бакнувањето. Ептен ми е убаво кога ќе ме гушне онака цврсто тогаш вистински осеќам дека тоа е тој
Мммм.. обожувамм гушкии, кога се дадени од сакана личност, кога е искрена. Многу, многу ми значи ! ! Се би дала сега да е моено будалче тука до мене, само да ме гушне ништо друго. Сакам да се гушкам и со љубениот, и со пријателите, семејството, прегратката од татко ми, исто така многу ми значи. Многу голем подршка ми е неговата прегратка ! ! Ви праќамм гушкии на ситее ! ♥ !
Ау колку знае да смири, зависна сум од гушки, не мора да e партнер само, ама од ќерка ми внуките трите кога ќе ми се фрлат, лебдам..
Mногу! Премногу! Обожавам така топли гушки.. особено од малечката братучетка, дечко ми, и мајками.. Толку се топли што.. Се топам !
Офф ми значи и тоа како ми значи гушкањето.Најмногу со него кога долго ќе се гушкаме,па и ќе се припијам до него.Кога ќе го гушнам и слушнам како бие неговото срце ,чувството е преубаво,незаменливо и не би го заменила со ништо.Сакам да гушкам и да ме гушкат мали дечиња ко мечиња,кога бев кај него последно мајка му ме изнагушка и така јас сегде си се гушкам со секој.ете ви на сите од мене по една
Ми значи навистина ми значи. Дали со партнерот или мајка ми и татко ми (сеуште си се гушкам и со нив). Топличко ми е на душичкава кога ги гушкам и ми значи многу Гушкалче
Се гушкам само со проверени луѓе. Оти жениве кога ќе стават прслук со корпи кога ќе се залета од пет метра, висок старт, брате кога ќе ми ги забие тоа цицките, ме вдлабнува. А со машко два три пати ми пропате долниот дел, така што, само мама, тато, дада и некоја другарка што ја знам дека нема цицки, ги гушкам . Инаку да ми значи многу. Како што таа знае да утеши, ниеден збор неможе.
Имам едно прашање, а после ке си дам мислење : 1. Зашто побогу томева е поставена у СЕКС ??? 2. Нешто највише што сакам да правам е да се гуууууушкааааааааам, да се стопам со гушкање ... ДО сеа само еден поранешен другар онака се гушкаше ко шо треба, сите др некако шо ги имам сретнато у живот некако немаат енергија, воља или шо ти знам за гушкање Зашто бре луѓе ?? И така сеа си трагам за сродна душа која ке сака да се гушка и гушка и гушкааааа Да бе , ке спомнев дека и гушкањето од малецкото братче мое најубаво ми е . Замислете ги оние мали топли рачиња околу вашиот врат Тоа е више Нирвана.
Знаете ли дека денес е свeтскиот ден на пегратките? Ви се восхитувам на оние што си нашле соодветен партнер за тоа,меѓутоа тоа мене не ми успеало. Секогаш за кратко време партерката (која и да е ) се префрлува на "главното" а јас немам шанси да си го реализирам толку потребното гушкање. Толку многу ми треба...
Мнооооооооооооооооооогу сакам и имам закажано за сега во 16:30. Веднаш после работа, гушкање за да ми падне стресот. Едвај чекам
Сакам многууу гушќиииииии... зависна сум од тоаа и секој пат го накарувам дечкоми да ме гушка се чуствувам сигурно во неговата прегратка исполнета со многуу љубов....си го сакам епте... *