Груб е за лице. Тие што се за тело се погруби од тие за лице, може да пробаш ако сакаш, ама ќе ти се јави црвенило и иритација.
Ја имам првата ракавица, со прсти што е. Мислам дека беше 109 денари, ко таа цена да ми е во глава. Како и да е не е повеќе од 150.
Го најдов во Сити Мол, последниот беше, но некој го имаше отворено и не го зедов. Ќе го барам на друго место
Го зедов конечно Ми се допадна што веднаш кожата го впива, што за летно време ми е важно. Има нежен мирис. Вака на прво мачкање, ми се допадна Да не го зеде во меѓувреме?
Не знам за ГТЦ, го начекав во Сити Мол, најверојатно викендов донесле бидејќи во петокот немаше. Можно е да го има и во ГТЦ ако носат во исти ден роба.
Имам забележано дека цените на одредени производи се повисоки во ДМ, за разлика од останатите парфимерии и веледрогерии.
Девојки, ја имате ли видено пудрава некаде? И ве замолувам ако некоја оди во ДМ да провери на Алверде штандот и да ми пише. Ја барам веќе долго време
Редовно си ја користам и јас и ја нема нигде извесен период. Се плашам дека им е повлечена како и со останатите пудри прошлиот август што направија.