Вчера ја земав од кератин, подобро нешто до сега немам пробано. Навистина многу ја расчешлува косата. Јас имам долга коса и на краевите се заплеткува често па неможам никако да ја чешлам. Ја земав за 200 денари, немаше попуст. И додека ја миев косата поминав со рака и навистина без проблем и заплеткување. Исто така не ми ја сплеска косата, ми ја направи мека, и сп волумен. Таа од чоколадо не ми мирисаше многу убаво, а следна сакам да пробам и јас со кокос. Сега за сега ова ќе го користам.
Дали во ДМ во Скопје има козметика на Catrice, во ДМ Штип нема, некако има помалку роба во однос на Ск
Да, го има во ДМ. Сега е баш на попуст. Ако го има пробано некој нека сподели искуство. Дали функционира?
Јас, веќе долго време и многу сум задоволна. Спас ми е кога ќе ми излезат акни пред добивање, веднаш ги суши и што ми е најважно, мноогу брзо кожата ми заздравува а мене тоа секогаш ми било огромен проблем.
Некој од skincare профилите на Инстаграм кои ги следам имаше баш објава за продуктов. Ги споредуваше овој со оној на Балеа (https://www.dm.de/balea-anti-pickel-gel-sos-hautrein-p4058172611179.html). Мислам дека се спомнуваше дека и двата се подеднакво ефективни но дека има значителна разлика во цената. Кога бев во ДМ го немаше овој на Афродита па го земав тој на Балеа, мислам за околу 100 денари. Ја сум задоволна со тој на Балеа. Ставам на акни неколку пати во текот на денот, ептен мала количина, и за еден до два дена веќе се приметува разлика во големината и воспалението на самата акна.
Овој го видов на тик ток но го имам тој СОС и некои акни ми си суши но некои не . И викам ај ова ќе го пробам
Да се уфрлам во муабет за ова, го имав тој на Балеа поодамна и ич не бев задоволна, кожата многу ми ја иритираше. Можда ја сушеше акната ама ми остануваше црвена иритирана флека што не проаѓа, значи побрзо ќе ми пројдеше ништо да не ставам. Сигурно на некои им одговара, ама ако не ви трпи кожата многу алкохол не би го препорачала. Еве ги состојките за споредба, многу се различни: Афродита: Спојлер: Афродита Спојлер: Балеа @S.W.A.G сега гледам за ова ми се ме тагнала, се надевам ти одговорив
Не сум приметила да ми останат лузни од акните. Ама од друга страна, тоа никогаш не ми се случило досега така што не би рекла дека гелчето од Балеа е заслужно за тоа. Инаку @dayla во гелот на Балеа има салицилна киселина а во овој на Афродита има ниацинамид. Можеби ниацинамид ти одговара повеќе од салицилната па затоа имаш такви ефекти. Иако салицилната е прилично нежна и како генерално мислење е дека ретко кому не му одговара. А можеби е и до алкохолот па ако имаш сува кожа уште толку додатно да ти ја суши. Секако ми даде идеја да му дадам шанса на оној од Афродита нареден пат.
Можеш да се обидеш со ниацинамид кој ја намалува видливоста на порите, но како што кажа членката погоре, порите не се отвараат и затвараат. Некои индиивуди едноставно имаат природно поголеми, т.е. повеќе видливи, пори од други. Јас сум од тој тип на луѓе. Скоро почнав да користам ниацинамид од истата причина плус за да намалам лачење на себум затоа што имам мрсна кожа и многу сум задоволна.
Витамин Ц серумот од Др.Витон помага за затворање на порите и видливно ги намалува. И плус тоа ќе ти помогне за изедначување на тенот, помалце видливи подочњаци и дамки на лицето( доколку ги имаш). Гледај да го користиш навечер кога нема сонце бидејќи на сонце оксидира.
Јас го имам овој на Revox. Го земав од ДМ за околу 300 денари. Земав и од нивната салицилна ама таа ја имам ставено само 2-3 пати па се уште не приметувам некоја голема разлика.
Ниацинамид се користи еднаш дневно, дали навечер или насабајле, не е важно. Јас лично го користам навечер. А салицилната киселина врши хемиски пилинг на лицето. Таа, исто така, може да се кориси секојдневно, но јас лично сметам дека немам толкава потреба па ја користам 2-3 пати во текот на неделата. Бидејќи е хемиски пилинг, истата е најдобро да ја користиш навечер а сабајле обавезно да ставаш СПФ со фактор 30 и повисок. Двата серуми секако се ставаат на чиста и сува кожа. После ниацинамидот исто така потребно е да ставиш крема, но нема потреба да биде СПФ (освен ако не го ставаш насабајле, во тој случај секако би требало да ставаш СПФ без разлика дали користиш серуми или не). И секако пред да започнеш да го употребуваш било кој од овие два, па и од останатите серуми на Revox, треба да направиш тест за сензитивност така што ќе капнеш капка-две од внатрешната страна на лактот, онаму каде кожата е нежна, и ќе оставиш да делува 24 часа. Доколку немаш никаква реакција можеш да продолжиш да го употребуваш на лице. Прочитај повеќе за серумите во оваа тема. Тука има доста добро објаснето и ова што го знам сум го прочитала и сфатила од тука.