Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    За да скратам ќе се цитирам од еден постар пост:

    Исус Христос предупредувал за законот на причина и последица преку споредбата за сеењето и жнеењето, велејќи дека „Што човек сее, тоа и ќе жнее!„. Ако некој сади трња, не може да очекува јаболкници да му никнат. Многумина имаат потешкотии оваа Исусова изјава да ја разберат кога се во прашање малите деца. Та кога тие успеале да посеат некакво „семе„ за да им се случува таква жетва? Тоа може да се разбере само доколку се вклучи правилното знаење за реинкарнација, имено дека сите ние имаме повеќе животи зад себе и дека дел од тоа што во изминатите животи сме го засадиле а правовремено не сме го отстраниле преку препознавање, простување, молење за прошка и поправање може да никне на почетокот, во текот или пред крајот на овој сегашен живот.

    Добрата вест е дека ние не мораме да го истрадаме сето она што сме го сториле т.е. погрешно посеале во минатите животи, иако веќе не се ни сеќаваме на нив. Доколку се трудиме да живееме според божествените закони (Десетте Божји заповеди и Беседата на гората на Исус) и внимаваме на импулсите што ни ги носат миговите на дневната енергија (на пр. разните пријатни и непријатни чувства и мисли кои ни се подигаат при разновидните секојдневни случки, средби, разговори и тн.) ние можеме да се заштитиме од многу непријатности и страдања, бидејќи на тој начин лошата сеидба се поништува и трансформира во добра.
    Повеќе за ова може да се прочита меѓу другото во книгите „Причина и настанување на сите болести„ и „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ или „Живеј го Мигот - и ти се гледаш и препознаваш себе си„ во изд. на Универзален живот.
    Бог создал духовни битија. Откако дел од духовните битија го напуштиле духовниот космос (царството Небесно) љубовта божја во нив постепено се оладила бидејќи не биле насочени кон изворот на енергија, тие постпенено се обвиткувале со сопствените погрешни начини на однесување (создавање на несовршен свет) и станале души, подоцна низ многу милијарди години тие станале и луѓе.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Според таа логика, вонтелесната состојба како поблиска до Бог подразбира помалку страдање, па нема смисла душите да се враќаат реинкарнирани.

    Мене ми е познато ова што го пишуваш, за некои работи се согласувам, но конкретно на темава јас поинаку го дефинирам Бог и тоа е тоа.
     
  3. Кристалче

    Кристалче Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Aj vaka ako nema otvoreno tema za ateisti plzz bez navredi ve molam
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.509
    Пол:
    Женски
    Малку појасно ако може? :)
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    181.015
    Отвори си тема за атеисти ако нема таква:)
     
  6. Кристалче

    Кристалче Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Прашувам дали има отворено тема за атеисти
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.509
    Пол:
    Женски
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не е вонтелесната состојба таа која некого би го доближила до Бога сама по себе и би ги отстранила страдањата, туку колку душата станала побожествена односно послободна од товарите кои таа си ги наметнала преку погрешно постапување кон себе си и другите (вклучувајќи ги тука природата и животните).

    Се реинкарнираат оние души кои сè уште копнеат по материјата поради своите гревови и материјата ја доживуваат како единствена реалност, но исто и оние души кои спознаваат дека во краткотијата на земните години (на пр. и 100 год. споредено со вечноста на душата се така речи еден миг) би можеле побрзо да се ослободат од товарот кој не им дозволува да се издигнат до Бога.
     
    Последна измена: 4 јануари 2021
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Нема кохерентност во ова што го пишуваш како материјалното не било од Бог, но било потребно за да се доближиш до Бога, ама нека ти биде. :hai:
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Извини, ама глупости.
    Да го 'разбереме' Бог, кога ќе почине дете?
    Не, фала.
     
    На lovestoneddd и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Христијанството нема никаква врска со реинкарнација.
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.670
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.825

    За децата најмногу боли. Господ удира таму каде боли.

    Човек кој е болен, чии деца се разведени, без работа, без пари, не може да биде среќен.

    Ми текна на несреќата кај Ласкарци, нели имаше трудница која остана жива, здрава, ништо не и се случи иако автобусот се преврте? Господ ја чувал.

    Не треба да правиме лоши работи, има карма, стига кога тогаш. Или ќе не стигне на старост или нашите поколенија ќе страдаат.
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.670
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Idk мене срам би ми било ова да го напишам.
     
    На Someonespecial, daylight, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    181.015
    [​IMG]

    Сега господ казнува, или карма е? Многу лончиња измешани.
    Едно ме интересира- вака ве научил некој или сами рационализирате?
    Уствари не ме интересира, ич нејќам да знам:tmi:.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.844
    Пол:
    Женски
    Замисли на некој што изгубил дете да му речиш: "Сигурно господ те казнува за некој твој грев или на твоите предци".
    Еј не ми се верува какво битие луѓево обожуваат. :tmi:
    "Бог те сака, ама ако правиш 'гревови' и не го сакаш ќе те изгори за на век, плус ќе гориш вечно во пеколот, ама тој те сака".
     
    На Someonespecial, Tan4ence, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    181.015
    Никој не кажува за битието ..кое го обожава,,, овде читаме кој како си го рационализира ,,битието,, и случувањата во светот. Тоа е, отприлика како кога моето дете го рационализира светот- мама не ме сака, затоа не ми дава таблет. На пример. Нема тоа многу врска со реалноста ама толкав е капацитетот за разбирање.
     
    На daylight и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Бог не казнува... Се зависи од одлуката, насоката, патот по кој одиме, сами сме одговорни за последиците кои не пратат зависно од тоа дали сме го одбрале правилното или не решение.
     
    На eliesaab, Lady D ❤️ и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Те цитирав пошто ова мислење со децава стално се провлекува како нешто дали Тој е праведен или не... Како верник и мајка би ти го кажала моето мислење... Децата не се наша сопственост, наше е да ги донесеме на овој свет (во Светите книги е пишано дека жената преку раѓањето се искупува за гревоите), колку што е во наша моќ и знаење да ги растеме и воспитуваме на добро, да уживаме гледајки ги како се подобри од нас, да сме тука за нив неизмерно сакајки ги, зашто тоа не се надоместува со ништо подоцна, а тоа кој колку ке живее секако не зависи од нашата волја, секој е веќе посебна единка на овој свет пред Бог. Затоа не гледам некаква поврзаност со краткиот живот на детето заради грев на родителите, и секако не ни е дадено да знаеме со каква Божја промисла е таков случајот.
     
    На Snowflake97, eliesaab, BY<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.