Дали Македонија некогаш ќе влезе во ЕУ ?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од anakonda88, 5 септември 2016.

?

Дали сте за членство на Р.М во ЕУ ?

  1. Да

    36 глас(а)
    25,7%
  2. Не

    67 глас(а)
    47,9%
  3. Не ме интересира

    37 глас(а)
    26,4%
  1. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Ова изгледа е најдосадното прашање во нашата држава , но би сакала д слушнам ваше мислење ...
    Дали на ЕУ може да и се верува на збор? Дали планираат некогаш да ја примат Р.М во ЕУ , или тоа е само лицемерие колку да ја контролираат нашата држава ( да не се сврти кон Русија) и ја држат во место и никогш не планираат да ја примат во нивното членство?
    Р.М во 2005 доби кандидатски статус но од тогаш ништо не се подмрдна од место ....
    Што мислите ?
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    45.430
    Vlegov samo da glasam NE ME INTERESIRA.
    Prodolzete...
     
    На Спасееееее, КикиМаус, Tinushka и 9 други им се допаѓа ова.
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое право на искажување , затоа и во анкетата го ставив и опцијата "-Не ме интересира ", да бидат сите размислувања опфатени. :)
     
    На Oscar Lady, Someonespecial и maca cvet им се допаѓа ова.
  4. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не треба да влеземе во ЕУ. Но ако еден ден Македонија "влезе" во ЕУ тоа ќе биде кога она ќе се распадне
     
    На iloveyou29, flowersss, K-a-t-e и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Би сакала да влеземе во ЕУ единствено за да можам полесно да си одам, не за друго.
    Колку отидоа со бг пасоши, тек тогаш пустелија ќе стане тука.
     
    На SAMIRA, Dust и anakonda88 им се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас само од една единствена причина сакам да влеземе во ЕУ, да можеме полесно да патуваме и функционираме со други држави.
    Оти стварно крши филм кога што и да бараш настрана гледаш посебни правила за земји што не се дел од ЕУ и ЕФТА. А колку тоа ќе ни ја докрајчи или подобри државата, не сум толку информирана да прогнозирам или да правам теории.
     
    На Victorian, TRANSPORTER086 и anakonda88 им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    @Monna.Monna @Marossa се согласувам со вас дека најмногу заради тоа повекето сакаат да влезиме во ЕУ , но што е со тоа што овде ке се зголемат даноците и таксите, и целата депонија од ЕУ ке ни ја донесат овде ?
     
  8. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека до 2025 нема да влеземе сигурно во ЕУ а послем 2025 има некакви шанси али и да влеземе Европа/ЕУ нема да биде иста како што е денес, како што денес не е тоа што беше да речеме 52 или 74 год. Тектонски промени ќе настанат и ништо веќе нема да е исто, како што впрочем веќе ништо не е исто ќе има големи преселби на народите така што ние како држава треба да имаме државна стратегија за сите тие глобални тектонски промени, која што очигледно ни фали сиве овие години од осамостојувањето. Вистинските луѓе треба да бидат на право место, а вистинските луѓе сме сите ние НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА ( мислам на чесниот, вреден, осиромашен и напатен народ македонски). Мислам дека најголемата закана за нас особено за нас младите(не сакам никого да навредам да не ме сфати некој погрешно) се лижачите и упикувачите, крлежите кои се се повеќе и ние сме лидери у европа по глава на жител од такви луѓе, па можеби и затоа ЕУ не сака да станеме нејзина членка, пошто тие се закана и за нивната бирократија и башибозук.
     
    На anonimus-mk, celineparis и anakonda88 им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.991
    Пол:
    Женски
    ЕУ нема да и донесе ништо добро на Македонија, само ќе ја доупропасти.
    А за влез таму, којзнае...
     
    На iloveyou29, Tinushka, Ицолгудбејбе и 5 други им се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Ако стварно тогаш влезиме во еу , подобро воопшто да не влегувеме ...
    Штета што Еу си поигра со Мк и сеуште не е членка
     
    На TRANSPORTER086 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    Македонија е во ЕУ, имаме поддршка од дечките горе.
    Се надевам после 11 декември Македонија се свестила и ќе гласа правилно, доста грешеше.
    На Македонија и треба ЕУ во иста смисла и на ЕУ и треба Македонија.
    Ангела Меркел ја балансира Европа со тоа што зема од западна а дава во источна Европа.
    Па погледнете ја Бугарија и се ви е кажано.
    Нема поубаво место од Македонија.

    П.С Во 2015 ЕУ има направено повеќе пари од САД а знаеме САД колку фрлаат за војска и такви ствари. ЕУ е тука со проекти и помош на населението во цела европа.Треба да сме горди што сме дел од Европа, најцивилизираниот народ во светот.
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    4.109
    Пол:
    Машки
    Израснав во држава која е членка на ЕУ, можам да кажам дека е катастрофално и дека само ја уништуваат државата не прават ништо добро.. Единствено добро по мене е што можеш да патуваш секаде. :)
     
    На daylight, мкд98, Sashko1992 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Немаме ние ни услови за ЕУ, покорумпирана држава нема од нас, а ни па на политичариве не им одговара тоа, 12 години преговори и ништо, дур имаат што да крадат им одговара вака, во ЕУ тоа малку тешко.
    И да влеземе некогаш во далечна иднина тоа би било катастрофално за економијата наша, стандардот ќе се качи а платите исти ќе останат...
     
    На celineparis, elimkd, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.539
    Пол:
    Женски
    Е вака и ние... :D

    [​IMG]
     
    На SAMIRA, Marossa и anakonda88 им се допаѓа ова.
  15. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.574
    Пол:
    Машки
    Сметам од прилика во2226 година и тоа сериозно
     
    На iloveyou29, anakonda88 и fallenangel им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    35.763
    Пол:
    Женски
    Додека не смениме името Грците никогаш нема да дозволат да влеземе во ЕУ, на пример и тоа да се случи сменеме го името пак некој проблем ќе искочи и се така нема да има никогаш крај. Како во некој лавиринт сме заглавени каде што нема излез.
     
    На SAMIRA, anakonda88 и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.127
    Нема да влезе Македонија во ЕУ затоа што ЕУ ќе се распадне, а можеби и ние како држава нема да постоиме како што е тргната работава. Се трудат да не држат под контрола и да не командаат затоа што се повеќе се ориентираме кон Русија, што реално по мене тоа е и подобра опција.
    Македонија нема политичка и економска стабилност за да биде членка во ЕУ.
    Влезот во ЕУ ќе ни донесе сиромаштија, беда, ништо добро.
    Реално мала држава сме со слаби политички играчи нема начин да најдеме засолниште без последици.
     
    На мкд98, celineparis, Sashko1992 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Ова држи вода !! Исто мислење делам и јас со тебе .
     
    На Sashko1992, Vitaly и fallenangel им се допаѓа ова.
  19. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    Нема да влеземе во ЕУ и НАТО викате, а сите наши политички субјекти се стремат кон тоа а вие пак гласате.
    Сме се стремеле кон Русија...
     
    На daylight и anakonda88 им се допаѓа ова.
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Слободно нека ни го сменат името во Вукојебина ( тоа име најмногу и одговара на нашата жалосна држава )
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.