Нема никогаш да влеземе во ЕУ и тоа е добро според мене, овој систем врз база на кој функционира ЕУ е лош и кога тогаш оваа унија ќе се распадне. ЕУ треба да биде само економска унија како што и била замислена да биде кога се формирала, ама за жал со тек на време стана политичко-економска и како таква нема да издржи на долгорочен рок. Затоа НЕУЕУ.
Во следниве 20год нема да влеземе во ЕУ.. Без разлика дали е сдсм или вмро на власт.. Некој погоре спомна после 11 декември.... после 11 дек нема ништо да се смени, ќе чмаеме секако. Јас сум при крај со постапката за пасош од земја членка на ЕУ (не е БГ) и гласав со - не ме интересира. И да не бев при крај, исто ќе гласав. Не ме интересира затоа што не сакам да си го оптоварувам мозокот со нешто што нема да се случи.. Поголема е веројатноста дека ЕУ ќе се распадне до тогаш..
Ја имам малку поинаква перцепција на работите. Сметам дека ако не влезе Македонија у ЕУ нема никаде сами да стигнеме и ќе тонеме уште повеќе. За да влезе Македонија у ЕУ не треба име да менуваме, треба да ги прифатиме не само европските закони туку и нивното сваќање и работење. Сметам дека ако сите имаме впечаток дека не ја бива државата мора ние самите нешто да менуваме одвнатре а не да бегаме надвор и да молиме за работа и да почнуваме од нула. Моментално сме многу заглавени во долгови кои Русија и никој нема да ни ги плати. Шесте милијарди шо сме у минус у буџетот треба да се враќаат, ако сите идеме у странство ќе нема стопанство и работна сила. Ама секој си вика шо па јас да страдам дај да бегам, тоа е. Европа ја спаси Грција од банкрот а не Русија. Велика Британија гласаше за излез сега се кае.Политичко самоубиство си потпишаа таму партиите.И нема да излезе Велика Британија, премногу губат ако се надвор отколку внатре. Ако Македонија е во ЕУ влагаме во трговската зона на европската унија, тоа е голем бенефит за домашниот бизнис и полесно ќе излеземе од кризата. Колку што нас не спречува Грција да влеземе, толку се повеќе должни на Европа шо ги спаси од кризата.Така да Грција го нема тоа влијание кога го имаше порано. Не се шеташе Путин на точак низ Скопје, се шетаа европејци и ги седнаа на маса сите наши политичари.Еве здравје боже сеа у декември дај да видиме бело видело и ние.
Баш би сакал да влезе Македонија во ЕУ па да видам дали ќе го имаш истово мислење тогаш. Сепак тоа е твое мислење, мое е да ти кажам дека израснав во држава членка на ЕУ и не е воопшто сјајно како што гледате на ТВ и интернет. Ние за запад нема никогаш да бидеме добри бидејќи сме Православни, ова кажано го има Путин. Сакаат само да ја уништат словенската нација ништо друго.. Русија е спасот.
И Русија е у план да влезе у ЕУ ако не направи трговски договор со Индија и Кина. Сепак Русија заработува продавајќи на европскиот пазар. За Русија ЕУ е двојно сечило. Денешната економија е многу поразлична од порано. Денеска не се води војна на бојно поле туку војна кој ќе продава највеќе. Глобализацијата ќе ги уништи економиите на малите држави како шо се европските, и самите тие се приморани да си прават заеднички трговски договор. Иначе баш ми е драго шо викаш дека у странство не паѓаат пари од небо. Значи и таму луѓето се потрудиле да работат и сега има многу богати и многу сиромаси.А до вчера војуваа. Спомнав погоре дека ЕУ направи лани повеќе пари од САД, а знаеме дека ЕУ нема војска, каде се парите? - назад кај народот преку проекти и невладина помош за населението. неможе секој да биде богат, мора некој и да работи, ама тоа ти е секаде.
Нормално дека нема да влеземе кога сме веќе презадолжени како држава и кога ги имаме најголемите лопови на власт. Поради нив потонавме во долгови. Уште ние им фалиме во ЕУ. Што ќе сме им? Да не се лажеме, ниту сме биле ниту ќе бидеме лидери во нешто, бајките постојат само на сител, во државава ќе останат само пензионерите, а со ова масовно иселување може и нема да постоиме. Не ме интересира многу политика и не верувам дека нешто подобро ќе ни донесе и нова, променета власт, освен можеби некоја нова надеж. Жалното само е тоа што дома си е најубаво, а веќе ретко кој е привилегиран да си живее убаво дома.
А како мислиш да се оправиме бе Аце, кога се утепаа од крадење и градење срање статуетки?! Да дојдат и оние другите на власт исто ќе биде, да не не крадат тие? Тоа им е стандард процедура, денес седнуваш во фотеља, утре имаш план од 150 страни како да ќариш барем 10 милиони додека си во таа иста фотеља. А со тие пари за статуетки, споменици и остали глупости, знаеш колку фабрики ќе рестартираа?! Стопанство ова она..ништо! Во таква ситуација сме, што и нашите праправнуци ќе враќаат долгови освен ако не ни ги опростат.. Знаеш која земја гради споменици? Онаа што е финансиски моќна, а не онаа што се задолжува за Шкљ Шкљковски да има споменик на некој мост, или за тркалото да се врти на празно сред Вардар..затоа што народот нема пари да плати карта а па и секој ден да се вртиш, од убавина ќе ти се сврти еден ден и нема да станеш
Да не заборавиме дека ако сега бевме во ЕУ , ке имаше голема контрола во нашата држава и врз политичарите и брз паричките во буџетот , немаше на кој што ке му текне тој да кради а да се прави дека гради ... Еу е мокна но штета што не сме во неа ...А според " муабетите" во Еу идно проширување ке имало во 2020 г. , но се случи Брегзит што значит да додадеме +10 години , до тогаш можит и ние нема да постоиме или ЕУ немат да постои ! И да не заборавам за лошата одлука на Британците , одма по изгласувањето за излез од ЕУ имаат негативен рејтинг , и лугето посиромашно ке живеат .Кога ке ми текне дека се водеше црна кампања дека да излезеле побргу зш ке дојделе Мкедонци , срби , албанци ,турци и слободно ке им се шетале таму .... Тоа е тоа задња рупа!
Кога една Велика Британија излезе од Унијата, после 60 у кусур години искуство со неа, мислам дека е попаметно да научиме од туѓите грешки и искуства, него од свои, и да не дозволиме да ја унаказиме државава повеќе од што веќе Е унаказена. Загрижувачкото е што сите најголеми партии во Македонија ни го пласираат прогресивниот муабет за НАТО и ЕУ, и секогаш ни се сервира розевата слика за тие организации, а никој не ги прикажува нус-појавите, мааните и негативните последици од влезот на една земја во истите. Да ги немало, една земја како Велика Британија, која патем, имаше и привилегиран статус споредено со остатокот членки, немаше да излезе од унијата.
Со вакви пензионери кои се продаваат за мизерно покачување од 500 ден и гратис шлаење со автобуси низ ,,метрополата,, нали, уште многу ќе назадуваме и ке бидеме лидери во корупција и криминал. Послем изборите све ќе биде исто, ќе си отиде курто да дојде мурто па послем обратно и све така, впрочем така е во Македонија 25 од осамостојување и последните 10 год. од Југославија. Све дур нема револуција али права а не само некоја квази револуција преку која поеднинци гледаат да дојдат до функции и привилегии за себе и своите бизниси, и смена на целокупниот систем на функционирање и владеење и не се направи државна стратегија(краткорочна, среднорочна и долгорочна) ништо нема на подобро да се смени па чак и да сме членка на ЕУ.
Ние треба да да бидеме тие кои ќе се избориме да вршиме контрола на нашите пари од кои се формира буџетот како и за што се трошат, имаме право на тоа, но полтроните и крлежите за раб. место и некоја привилегија се продаваат себеси и иднината на своите поколенија. ЕУ тука е немоќна, тие може да ги контролираат парите само од нивните претпристапни фондови, затоа што суверенитетот произлегува од граѓаните тие ја избираат/делегираат власта и тие имаат право и да одземат мандат, само треба народот да има свест а секако и храброст. Британија излезе од ЕУ по налог на САД, затоа што тие(САД) имат намера да владеат со Европа, а Британија секогаш ги следи во тие глобални процеси да дојдат како нејзини ослободители во битката со радикалите кои ќе ја нападнат Европа. Можно проширување од 2020 до 2025 под услов да нема војна, мислам на класична или тероризам од поголеми размери, да резимирам неизвесна иднина со многу турбуленции.
Веруваj дека е подобро да не влеземе, затоа што повеќе ќе загубиме отколку што ќе добиеме, еве ја Бугарија 9 години е членка на ЕУ, a моментално просечната плата таму е 380 евра а кај нас е 360 евра, а ние не сме во ЕУ, па направи споредба. И да не заборавиме дека ЕУ во овој период е под инвазија од страна на имигрантите, и сега ако бевме во ЕУ ќе бевме принудени да прифатиме одреден број на луѓе од Сирија, Авганистан, Ирак и тн., како што прифатија некои земји од нашиот регион.
А Бугарија зошто не има мигранти таму ?? Унгарија членка на ЕУ си стави ограда и јавно кажа не примаме муслимански мигранти . Патем во Бугарија откако влегоа во ЕУ се 800000 луге мањак
Па во Бугарија имигрантите не сакаат да останат, затоа што е најсиромашна земја во ЕУ моментално, ама ако им кажат од ЕУ да прифатат одреден број, ќе мора да прифатат бидејќи не смеат да им се спротистават. И нема белким Бугарија и некои останати држави од ЕУ вечно да бидат сиромашни, што правиме кога ќе бидат добри земји за живеење за имигрантите??. Унгарија, Чешка, Словачка и Полска се единствени држави кои имаат храброст да се спротистават на останатите земји од ЕУ, и тие јасно кажуваат дека не сакаат имигранти, ама и покрај тоа примија одреден број, само што сите кои ги примија се христијани. Еве ги Хрватска и Словенија мораа да прифатат одреден број на имигранти, не смеат да кажат не, бидејќи се никој и ништо во ЕУ, па така во Словенија си се доселија луѓе како Ибрахим, Адел и тн. http://balkans.aljazeera.net/vijesti/izbjegli-sirijci-novi-dom-nasli-u-sloveniji