Со brexit веќе и не сум сигурна за кредибилитетот на ЕУ, искрено. Мислам дека немаме шанси за влез, а и не треба да имаме. Државава само уназадува, во секој поглед... На страна политики, менталитетот како прво не ни е на ниво на кое што треба да биде, за влез. Уште сме премногу конзервативни. Далеку сме од Европа.
Иако сите чекаат на тоа да се влезе во ЕУ, јас мислам дека тоа би значело крај за државава. Буквално секој здрав и работоспособен ќе си го фати патот, вратите од Европа ќе му се отворени, а тоа значи дека доколку Македонија влезе во ЕУ нема да помине ни 1 година а таа ќе стане држава на пензионери и партиски војничиња. Гласав за НЕ, бидејќи мислам дека доаѓаат подобри времиња.
Затоа и не не примаат , бидејки ретко кој би останал овде да живее ( исклучок има , да не набројувам кои се ) , ЕУ го знае тоа и затоа и немат да не примат . . иако се надевам дека ке не примат
Што знае ЕУ? Дека ќе останеме без народ и затоа не не примаат? Не не примаат затоа што сме за никаде, заостанати во развојот сме затоа не не примаат.
Абе луѓе се додека имам политичари кои гледаат само да си стават во џепот, никаде не одиме... Зарем не гледате македонец со македонец ке се убијат, зашто ТОЈ да има, а ЈАС да немам, зошто Заев, а зошто Груевски? Вмро или Сдсм? Кој се лопови? И тие и тие, Со ваков народ и вакви политичари нигде не одиме ... Да може еден да стане од гроб (од тие што загинаа за Македонија) ке не отепа ситее! И е*ааа мајката и на Македонија и на се, за брзо ке дојде крај на се...
Нема врска тоа дали некој е конзервативен/десничар, или либерален/левичар кога се води некоја држава, има и од едни и од други кои се членки на ЕУ. Се сведува на тоа дали една политичка партија е квалитетна и може да направи нешто од државата во која се наоѓа. Ние немаме ни квалитетна десница, ни квалитетна левица, и двете се испробани рецепти, едната имаше тест период од 15 години, другата варијанта еве тера 10та година може ќе станат и 11, не се знае. И тука лежи одговорот зошто веќе не сме во ЕУ, и нити ќе бидеме во догледна иднина, немаме кадарни луѓе позади власта уште од самоостојувањето. Ако има една позитивна работа од сето тоа, е што ради нискиот квалитет, ете не не примаат, нити ќе не примат, што е добро за нас, уште Европа ни фали да ни диригира со неизбрани луѓе. Гледај сега што се случува со нивниве "амбасадори" овде, а не па после што ќе биде.
Едно е сигурно. Македонија нема да влезе во еу. Бар не уште некој век. Тоа е фактот колку и да го премижуваат со око и колку год да го лажат овој народ.
Со оглед на коментариве дојдов до заклучок , дека ЕУ нема намера да влезе Р.М во нивното членство , туку не залажува колку само да не има под контрола . Фактички ние сме марионети на ЕУ и ништо повеке.
Да, колку што важат квази концептите за NWO, толку е пресуден и ангажманот кој Македонија ќе го вложи за влез у ЕУ.
Нешто се обидуваш да докажеш као? Прво, мкд да вложувала се што пишав, влез во ЕУ ќе беше секундарна опција. И сигурно поверојатна, одошто е сега.
Влегување во ЕУ имало смисла 1990-те евентуално до 2004 кога се приклучиа Словачка, Естонија, Малта и тн. Сегашната ЕУ не е таа што била. Мислам дека нема да влезе Македонија во ЕУ и не треба да влегува. Но исто така мислам дека ставот оти Русија била спасот е голема заблуда. Тоа е едноставно поинаку нашминкана и подеспотска земја. Гајле им е нив за словените и за православието, гледаат само бизнис и шират лажлива пропаганда. На запад слично срање само поубаво спакувано. Македонија со другите земји од балканот е само колатерална штета. Многу ме интересира како размислува албанскиот фактор во Македонија на оваа тема... мислам дека тие ќе притискаат за влез во ЕУ, толку се заслепени со ветувањата на нивните политичари што упорно ќе се стремат кон ЕУ па макар да бил во тек распад на истата.
Само пасошот ке вреди не го заборавај тоа . А тоа значи бегање со време од оваа вукојебина , па затоа младите сакаат во Еу , тогаш не морат да вадат БГ пасоши .
Јас гласав за не, веќе Еу не е тоа што беше, не за џабе гледаат и другите земји да избегаат... А и нема да не примат оти сме пуни со криминални политичари и овци гласачки. Мислам само ќе не залажуваат и пуштаат водичка за да Чичко Путин не не собере под негово крило, бидејќи тогаш има да биде опасно за Еу ....