Не, туку јас само додадов коментар, кој не беше во вид на прашање. Но, ти се почувствува повикана да одговориш. Иако, сепак, не ти е доволно концизен одговорот, за каква второстепеност зборуваш, и која е во случајов примарната опција која би требало да ја замени второстепената, и овозможи влез на Македонија во ЕУ?
Со оглед на (не)расположинието на граганите на Р.М за ЕУ , и гласините дека нема проширување во ЕУ , зошто сеуште ги "слушаме" нивните заповеди ? Зошто не престануваат "преговорите" со ЕУ? Зошто политичариве ни се шетаат со наши пари низ земјите од ЕУ кога и они знаат дека немат да не примат ?
Мене ми мириса дека нема да влезе.Никогаш па ни тогаш.Со нашево македонско и нашите мили политичари тешко..
Јас се надевам дека ќе влеземе во ЕУ ваква или некоја друга композиција на ЕУ (додека да влеземе).до 2023 тешко дека ќе станеме членка на ЕУ, во НАТО можеби наскоро,но во ЕУ послем 2023 мислам дека конечно ќе се доближат позициите условите за станување полноправна членка на ЕУ....бидејќи ваква или онаква ЕУ секако ни е потребен сојуз некаков ,секако не по секоја цена меѓутоа затоа постои дипломатија добра дипломатија која ќе работи за интересите на граѓаните и дрвжавата ... подобро е од секаков аспект .
Замислете ситуација, Велика Британија излезе, влегува пашалакот ФИРОМ, на каков фејл би личело тоа? Не. Не верувам дека ќе се случи.
Ми се допаѓаат неговите ставови за ЕУ и НАТО. Т.е против ЕУ и НАТО. Еден здраворазумен лидер на државата би требало да го олесни животот на народот не да го отежни. Пример што ќе се случи ако влеземе во ЕУ? Каде ќе го гонеме тој стандард тогаш? Бугарите, Романците, Хрватите, оди види ги, жалчиња. Ние ни туризам немаме таков како тие. Зошто би влегле во НАТО, заборавивме што сторија 1999 на Белград, деца убиваа по улици. Еден храбар и силен лидер треба да настојува да изгради држава прво, после ЕУ после НАТО. Не може народот да биде на преживување цело време. Што помогна НАТО на Црна Гора и Хрватска во пожарите, ништо! Значи зошто тој фетиш да се биде во ЕУ? На Балканот му треба човек како Иван. Не како Иванов, Груевски, Заев.
Тој човек има психички проблем , неговите ставови не држат вода и сред дебати и емисии станува и си заминува безобразно .. Немаат тежина неговите ставови , и не се согласувам со него . Да , за ЕУ и Нато !
Не. Не може човек што ја кажува вистината во свет кој што му е удобно да живее во лага да има психички проблеми. Станува од емисии затоа што луѓето кои го интервјуираат не се достојни за губење безпотребно време и енергија. Да имаше психички проблеми немаше да влезе во Хрватски парламент, мисли малку. НАТО ја бомбардираше Србија 1999 ако се сеќаваш. Погоди болница и се правдаше дека било грешка, таква грешка не може да направи искусен воен-пилот. Пак ќе повторам, НАТО не превзема ништо во пожарите во Сплит и Црна Гора. Која е ползата од НАТО? Чиста македонска потчинетост? Тоа е бесцелно губење време. Животот ќе стане потежок, платата иста, цените повисоки, тогаш ќе видам дали ќе викаш да. На почетокот секогаш постојат искрни на мотивираност ама кога дојде тешко. А лесно кога е било тука? Мора да се најде друга алтернатива, ако неголтне тој бран, готово е. Ќе сфатиш. Во која земја се случува нешто добро каде што има влезено Америка? Но темата е за ЕУ. Па да ти кажам право, јас да бев политичар би ми било срам последните 25 години да одам да се лижам за влез во ЕУ, да правам се што е потребно, а да ми кажуваат дека не сум спремен. На Иван Пернар ниту му е срам ниту страв да каже јавно дека е против таа голема Унија како Европа и сила како НАТО. Не брзај со дијагнозите. Детето има повеќе интелект од мене, тебе, Заев, Груевски заедно.
Во голема заблуда си за тој човек , да беше саглам не ке ги правеше тие работи ... Како да е , верувај си во што сакаш немам намера да те убедувам
Велиш дека јас сум во заблуда, а тој има психички проблеми. Драга, треба да погледнеш во себе и што даваш на другите луѓе. Како брзаш со дијагнози и заклучоци. Сепак, нека ти биде високоумието твое во врска со ЕУ и НАТО, немам ништо против. Но, Иван мораш да го запознаеш како човек, да го сретнеш, да го почувствуваш. Тоа е човек без маски и не само на Хрватска, туку на целиот балкан му треба таков човек што не ги суди луѓето по националност или било што. Како што прават Груевски патриотот и Заев спасителот. Јас лично немам убедување. Имам почит и разбирање. И кон алчната душа на Заев и Грујо, да се прават фраери ете јас ја однесов Македонија во ЕУ, а народот нема леб да јаде. И кон душата на Иван кои реално ги кажува нештата како што за жал нашиот претседател Иванов не може, тој падна под притисокот на Америка. Ти благодарам за одвоеното време, јас овде завршувам со разговорот.
Со ваков народ никогаш не треба да се дозволи Македонија да влезе во ЕУ. Здраство катастрофа. Економија мизерија. Образование :О Правен систем;шо е тоа функционален п.систем ? ;О Никогаш нема да функционира кај нас. Улиците се депонија. Повеќе од ова треба да се каже ?