Го анализирав ова и дојдов до заклучокот дека да сакаше Еу да бидеме во унијата ние до сега ке бевме во Еу , каква Грција какви бакрачи .. Земајте си бугарски пасош , никогаш нема да не примаат во еу .... Не не сакаат , а и кој сака отпад , никаков европски стандард не исполнуваме ... Работите се очигледни....
Од регионов уште Црна Гора и Србија имаат изгледни шанси за прием. А калифати како алб, мкд, бих (косово ми е смешно да го спомнам), заедно со Турција, секако остануваат надвор.
Нема да влезе никогаш. Попрво ќе се распадне ЕУ отколку да влеземе. Да им требавме никој и ништо немаше да ги спречи за да не примат.
Апсолутно точно , отвореното прашање со Грција е само изговор. Повекето од македонскиот народ сака во еу , заради да му ја летнат од овде и да заминат во развиените земји да живеат нормален живот . Да ги споменам и 50000 грагани кои моментално се во процедура за бугарски пасош , па уште тие што и од сега ке поднесуваат за бг пасош , па додај ги и оние македонци (најголемите патриоти од странство) кои имаат бг пасош , ке видите дека аларматна е состојбата со бугарофилите. А целта им е само да земаат европски пасош за да работат во странство.
Изгледа погрешно разбра Јас кажав дека сите ке му ја летнат (вклучувајки ме и мене) , бидејки никој не сака да живее кучешки живот во оваа држава затоа македонците сакаат да влезиме во еу , ама ти погрешно си разбрала и погрешно прашање ми поставуваш
Па ми се смачи, цел ден се погодуваше да прочитам некој да пишува за „предавниците“ и како можеле земјата да си ја продаваат за пасош. Ја се извинувам Не сфаќам како некои луѓе се толку врзани за едно парче земја, на кое по некоја случајност се родиле, па сега мора да бидат патриоти, а во меѓувреме немаат никакви услови за живот на истото место. Да можам во истиов момент би си отишла од тука и не би се ни вратила. А за ЕУ, се знае веќе теркот. Секоја година ние демек ќе добиеме датум официјално за преговори, ама никако да се случи истото. Ќе видиме во овогодинешниот извештај што ќе пишува за Македонија, ама не верувам дека ќе има нешто ново.
ЕУ ќе се ρаспадне до 2020 година и зошто да влеземе, да ги плаќаме долговите на Гρција? Џабе името ќе го сменат за да влеземе во ЕУ κога ќе се ρаспадне ќе останеме таκа со сменето име. Аκо саκаа да не пρимат во ЕУ тоа одамна ќе го напρавеа и ниκаκви услови нема да ни поставуваат.
Исто и јас го делам твоето мислење , од овде нема што да бараме , све е пропало. Вие што ке останете овде мислете му ја за тоа плакањето . Ние си заминуваме и не се вракаме во вукојебинава .
Мислиш јас саκам да останам и јас саκам да заминам за Κанада ама немаме паρи доволно, но штом собеρиме паρи веднаш заминуваме со мажот ми. Уште утρе би заминала ама немаме што да пρавиме. Ич не саκам овде да живеам и на стаρи години ќе си заминам со фамилијата, таму децата да ρастат и да се осеќаат κаκо луѓе.
Ти посакувам да најдеш грне со злато и да си ги платиш трошковите за Канада ,и да си бидете сите таму срекни . Од овде нема ништо. Поздрав
Јас сега почнав да го менувам мислењето. Мислам дека ќе влеземе за извесен број години со цел да се смени демографската структура во Македонија. Или и да не влеземе ќе направат некако да испуштат голем бран македонско население надвор. Ова го кажувам и се надевам дека грешам.
За сите евро-оптимисти кои мислеа „само што нисмо“... Еве што ви порачува чичко Јункер: http://sitel.com.mk/junker-nema-da-ima-novi-chlenki-vo-slednite-6-godini