Да сакаше Еу да бидеме во Унијата ние до сега ќе бевме во Еу. А ова сменувањто на името и ред други работи е само од Грција, што сакаат они тоа си прават. Пред некој ден на вести слушнав кој држави сакале да влезат во Еу, но сеуште не влеге (заборавив кои беа). Имаше некои по стабилни, јаки од нас не влегле, а не пак ние да влеземе. Ова е само мажење на очи.
Могерини убаво си кажаа до 2025 нема да примаат нови членки , а ние не сме ни во приоритети.. Србија, Косово, Албанија .. ама нека го сменат името за секој случај, ќе им служи да кажат дека нешто сработиле во мандатот.
Како прво, ние ги немаме основните елементи за да можеме да припаѓаме на едно такво „семејство“. Од основни културни и хигиенски нешта па до бесконечност можам да одам, листата е долга. Понатаму, што ќе ни е ЕУ? Зошто сите се убедени дека тоа ќе биде решение на сите проблеми? Мислите на сите членки им е кул што се таму? Зошто Велика Британија си испадна? Можеби нашата надеж за подобра иднина (АМАН, конечно да се офајдеме...) предизвикува да мислиме така - дека во ЕУ е спасот. Ко давеник за сламка се имаме фатено... Што е и нормално, разбирливо. На крај, за сите оние што ќе речат: Па зошто да не можеме, па една Бугарија влезе, што они поарни да не се? Да. Поарни се. Да не почнам да споредувам.
Еден машала голем список со услови кои треба да се исполнети за влез во ЕУ, Македонија абер нема, а некој се надева дека спремен е топ, само уште спорот со Грција остана
Каква корист би имала ЕУ од Македонија? Никаква. Прва прилика и сите ќе прелетаме на запад, доказ ни е и Хрватска, мали плати - висок стандард, а и голем дел се иселени. За едно нешто да биде успешно мора и двете страни да имаат придонес. Тоа ти е исто како директор на една институција да се ожени со чистачка. - Само пример ова, нека не биде лично сфатено.
Да би имале корист бидејќи ке ни се отворат границите, со наш пасош ке си одиме кога сака некој може да си се врати не си лимитиран, би доаѓале повеќе инвестиции пошо ке бидеме рамноправни со другите држави членки па и еколошки ке станеме почисти и Бугарите едно време не беа по екологијата па сега гледам и сум била во скоро време поише пати и се многу почисти и во други работи се понапред од нас и во поглед на туриѕмот , угостителството исто, и најважното луњево наши ке нема потреба да се иѕјаснуваат бугари.
Можеш ли сепак да почнеш... Како на пример? Искрено ми е прашањето, не е реторичко ниту од цинизам поставено. Благодариме на одговорот!
Имаат поголем квалитет во се` живо. Музика, здравство, култура. Голем дел од луѓето додека го користат јавниот превоз читаат книги, додека кај нас смрдат и соблекуваат чорапи. Природните богатства си ги чуваат и знаат како да ги искористат за финансиска придобивка. Никаде каде што јас сум бил барем не било загадено, расфрлано, уништено. Ние имаме едно Охридско, и тоа не можеме да го сочуваме. Од преубави нешта не знаеме да направиме туризам. Светлосни години се понапред од нас во однос на многу нешта. Не велам дека сите кои живеат таму се такви, но, процентуално - да, па тој процент победува. Многу нешта. Ама не сакам да дебатирам, ниту да продолжам да коментирам. Едноставно, така мислам отсекогаш и така ќе си мислам. Даааааааааааааалеку сме ние од многу нешта. P.S. Штом гледам деца, значи ДЕЦА кои слободно си фрлаат хартии од сендвичи, сокови и чоколада по улица, тоа мене многу ми зборува за едно општество, за една нормала средина, за една нација која (не)е подготвена за да продолжи понатаму, во ритам со СВЕТОТ.
@theunforgiven благодарам на одговорот. Што мислиш во тој поглед за Романија која заедно со Бугарија се приклучи на ЕУ 1. јануари 2007? Јас сепак мислам дека не е толку до тоа колку до излезот на Црно Море и шумите.
Каква ЕУ таа кај и да е ќе се распадне, тоа е исто како кога од една крава цицаат повеќе телиња. Кога тогаш кравата ќе снема млеко.
По турнејата низ Западен Балкан, Могерини и Јункер се вратија дома, и Јункер изјави дека не е баш сигурен дали „Брисел сака да извезува стабилност, или да увезува нестабилност“. Далеку сме биле сите од нивните европски порти, Русија имала силно влијание на Балканот, што мајка бараат да не примат нас - може ќе бидеме нечиј Тројански коњ!? Секако ова требаше да им го каже во очи на балканскиве ни лидери, (дел од нив прилично затупавени) за да не гајат уште илузии дека еве, уште името сменете го, и со слатко и сок ќе ве примиме! Остана ли воопшто некој евро-оптимист во земјава?
Мислам дека Македонија ќе влезе во ЕУ на КУКОВО ЛЕТО кога ќе се стрижа мујне Не ни треба ако не не сакаат
Ќе влези. На некои ќе им биде жал, на некои ќе им биде мило, ама за тоа не е виновна ЕУ, туку секој посебно.
Да бевме ние тро паметни ќе се откажевме од ЕУ. Ама не се вртиме како шо ќе ни кажат за поубо да ни влези....