На Македонија не и е местото во ЕУ и во НАТО. Нашата ориентација треба да биде кон исток, Кина и Русија т.е евро-азиската унија. Доколку бевме стратешки партнери со овие две сили, денеска немаше да бидеме уценувани од една Грција и Бугарија и на сето тоа ЕУ и САД молчат и го тоа го одобруваат. Ќе бевме горди македонци со развиена, модерна и безбедна земја. А тоа се гледа и сега со Ковид - 19 вакцините, најмногу вакцини во државава се од исток - Кина. Исто и на почетокот на пандемијата, најмногу донирана мед. опрема беше од Кина. Погледнете само како Кинезите ја развиваат Азија и Африка наспроти САД и ЕУ. На почетокот на индискиот сој во Индија, Кина и донира 40.000 респиратори на Индија а САД и донира 1400 респиратори на Индија. "За кинезите нее важно дали мачката е бела или црна, важно е да лови глувци".
Ако тебе ти се чини така, паковај куферите и тргај. Од она што гледам околу мене, сите што се исселуваат, одат во западна Европа, Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд. А вервај ме знам многу гастербајтери. Дека Битола гастербајтерски град, поќе од пола фамилија ми е некаде во тие земји. Е имам една гранка 'трули комунисти', на прадедо мој- брат, тој во Ташкенд е исселен.
Јас не одам никаде, а ти ако сакаш да заминиш, замини си таман ќе те подземат таму твоите хе хе.. барем ќе го видиш Торонто. Ако бевме паметни, немаше да се иселуваме, него ќе ги донесевме овие две земји овде и ќе не развиеа до сега, погледни ја Африка (Конго, Ангола и др азиски и африкански земји развиени од Кина). За Кина не се проблем уште 1.5 милион народ да му ја развијаат земјата и да живее убаво народот. Моментално на балканот Косово е најразвиено од страна на САД - а тоа САД го сторија од интерес, од тоа развивање луѓето во Косово помалку емигрираат за разлика од луѓето во Албанија. Албанија беше 4 милони, а сега е 2.6м, а Косово беше 400-500.000 а сега е 1.8 милон, но САД го модернизира - за возврат да се исполни интересот . САД и ЕУ од нас немаат интерес и затоа ние не се развиваме. Сопственикот на Микросам: Сум бил во Германија, Холандија, Британија, САД, Турција, и други, но тоа што се прави во Кина е друг универзум, како да си во друга планета а не на земјата. едит: Самите кинези, амбасадата јавно повикува: АЈДЕ ДА РАБОТИМЕ ЗАЕДНО! Ние му велиме не бидеќи ЕУ и САД ќе ни се налутат, па како тоаа... Епа затоа страдаме.
Абе ој живеј таму. Јас не мислам дека поголема стратешка корист би имале од Русија и Кина, отколку што би имале ако сме дел од ЕУ. Затоа... со среќа на патот далечен. А јас, ќе останам тука и ќе ја изгаснам ламбата на затворање
Кажи ми кое се бенифитите од ЕУ и САД? Колку луѓе во Македонија се вакцинирани со западни вакцини а колку со Кинески и Руски? Колку луѓе дишеа од донираните респиратори на ЕУ а колку на од Кина? Колкав е процентот на камата на европските кредити а колку е процентот на кинеските кредити и на колкав период се истите за исплаќање.? Колку училишта, градинки и други установи ни реновираа ЕУ и САД а колку Кина? Колку ни донираше САД и ЕУ компјутерска опрема за училиштата а колку Кина? Колку КМ автопат ни направија ЕУ и САД а колку Кина? Колку возови ни понудија ЕУ и САД по поволна цена а сепак да бидат корисни, а колку Кина ни понуди по солидна цена а сепак модерна железничка гарнитура? Колку пари ни донираа европските фондови за борба против пандемијата а колку кинеските? Кога ќе дадеш одговор на овие прашања, ќе го видиш колкав е бенефитот на европските партнери а колкав на Кина, иако Кина не ние стратешки партнер.
Кон кој сојуз и да се приклучи маќедоња, полошо од ова не може да биде. Понекадарен народ да води држава нема, и надвор тоа го знаат. Затоа мислам и дека не се залагаат оваа територија да опстане како држава во иднина.
Ехеее...колку стеј тјунД имам за постирање, шо лопати и црвени ленти, шо проекти уте за туте.. ...ама фасадите ми е криво што се распаднаа Ама ако, мора да има како тебе што мислат да урнат власт преку форум
Абеее... Уште колку пати треба да не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ за вие/овие 500000 што излеговте и гласавте ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА и БЕСПЛАТНО ЗДРАВСТВО ВО ЕУ да сфатите дека сте...... "изиграни".. Ајде, уште да ги смениме химната, знамето и грбот, па може ќе добиеме датум за датум за преговори.... Можете, уште повеќе-уште подобро
додека не го реформираме системот. А со ова темпо, може и 100 години да поминат. *Заборајв да додадам: И додека не профункционира новиот систем во пракса