1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали албанскиот јазик ќе го замени македонскиот во Македонија?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 август 2024.

  1. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    9.380
    Пол:
    Женски
    Исто како што на пописот во Источна македонија Ромите станаа Албанци.

    Власите секогаш биле блиски со Македонците. Има и Македонци кои коментираат и срцкаат кај Фуркан.
     
    На Трагедијаупмм и DS10 им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.719
    Тие по источна, ако провериш на ДЗС, ги има од женски пол, Албанки од Албанија мажени за Македонци. Еве во Нагоричане има 12 Албанци на попис, сите жени. Албанските невести се тоа. Сметај сега дека има и други и дека засега не добиле државјанства, кога ќе добијат ќе се повеќе. Ама за тоа се криви Македонците, не дојдоа самите тука да се мажат, овие одеа, молеа, плаќаа што е крајно забегано. Власите се многу лојален и квалитетен народ, само Македонците тоа не го ценат.
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    На мајка ми нејзините се Власи, етнички. Сегде се Македонци. На мајка ми коса ѝ се крева коа користам србизми. По потреба ( шуш буш) си зборат влашки пр со тетка ми. По дома македонски, пред нас македонски. Си прима честитки за Денот на Власите, но највише се радува и ги слави нашите празници. Со сѐ има соживот освен со стока.
     
    На Tanjamm, Трагедијаупмм и Antebellum им се допаѓа ова.
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Женски
    Па ако сме заспан народ како до сега, можи ке го замени. Бог да чува
     
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Доста од ромите се пишани албанци... знам па албанци пишани турци... секој со свој филм.
    Туку работам со странки и баш вчера беше ром дојден мене ми вика м,,милослива бог нека е со вас " јас помислив нешо јеховини ќе испадне он ми вика да прашам нешто инси праша во врска со работата... јас цела :^)
    Одговорив па ми вика thank you very much :rofl: веројатно чудно го погледнав за време на тоа милостива па си рече згрешив не е христијанка (facepalm)
    Оди среќава колега турчин му вика селам алејкум :^) :rofl:(lalala)
     
    На SummerGirl, theunforgiven и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.489
    Пол:
    Женски
    Нема толку говорители за да го замени, претеризам е темава.

    Мајчин им е на некои. Во одредени градови во западниов дел, Ромите помеѓу себе зборуваат албански. Имам слушнато дека за време на окупацијата во 2СВ, Ромите посетувале албански школи и така го зазборувале. Не знам, може и од Албанија да се мигрирани. А пак во Скопје живеат бегалци од Косово кои се Роми.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.719
    Демир Далип, Еѓипќанецот од Охрид, што се залагаше едно време за правата на Еѓипќаните, скоро имаше статус во стил, нека им е криво на некои, ќе ги боли вистината, ама на нив Еѓипќаните мајчин јазик им бил албанскиот. Значи, видоа сите малцинства дека Македонците немаат моќ да носат одлуки во Македонија самостојно, се помалку се, се постари се, и затоа се приклонуваат кон Албанците и албанскиот јазик. И Македонија има доста и муслимани кои не се Албанци, така што збор по збор, ќе научат, им е гајле нив, нив им е исто, нив и Македонецот и македонскиот јазик ништо посебно не им значат.
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.489
    Пол:
    Женски
    Проверив, oва е некој мицковист. :rofl:
    Па ќе се приклонуваат кога е сиромашна (ограбена) и дисфункционална држава, дискриминирачка. Никој не ја сака. Ти ја сакаш? Реални да си бидеме, Македонија ни за Македонците не се грижи. Ама дека албанскиот ќе го замени македонскиот се паники веќе. Децении наназад има една партија што го плаши народот со разни работи, така и со Албанците и си се крми на власт. А времето врви.
     
    Последна измена: 16 април 2025