Дали албанскиот јазик ќе го замени македонскиот во Македонија?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 август 2024.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    А што беше со гласовите од дуи во Струмица или друга источна општина? Единствено логично објаснување ми е дека турци ги гласале. Ко што се тргнати вака секоја година поисточно и поисточно, не би ме чудело и за некој изборен циклус да земат пратеник и во тројка и во четворка.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    9.312
    Пол:
    Женски
    И тоа овие што се по цивилизирани се со по 3 деца, тука кај нас што има околни албански села, во секоја фамилија се со 5 најмалку повеќето и по 7-8-10 деца имаат, значи зборувам за оние ептен забутани села што се исклучиво со албанско население.
     
    На SummerGirl, Tanjamm, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Антигон Досон

    Антигон Досон Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Поткупени етнички заедници гласале таму.
     
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.793
    Пол:
    Женски
    Ооо колку се нервирам на темава...
    Јас сум од провинција и кај нас има од сите националности власи ,турци ,албанци ,роми буквално се. И од никој таму вакво однесување не сум добила/приметила. Кога дојдов Скопје ооо цели населби такви ,на каса по маркети ти зборат албански па уште и се чудат ако не разбираш. Ченто,Бутел ,Бит пазар ,Чаир, чаршија , Ѓорче буквално сегде ми се случило. Исто работата ми е со странки влегува знае дека македонка сум и не зборам албански бил неколку пати ама пак со ,,мердита " влегува. Некогаш им викам здраво а некогаш молаам ? Зависи јас во шо расположение сум. Па имав закани зошто не им зборам албански па ехе..
    Дали ќе стане не знам ама иако разбирам доста знам дека тешко би проговорила.
    И да ,ова тешко дека ќе се смени без војна,за жал.
    Ама војна а не повлекување на пола.
     
    На Victorian, SummerGirl, DS10 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Јас сакам на курс да се запишам, ми смачи што не ги разбирам! Имате препораки каде?
     
    На Victorian, DS10, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Имав прилика во повеќе наврати да ја посетам Војводина (северната покраина на Србија) каде исто има разновидни малцинства да слушнам унгарски, романски, словачки, русински (не руски) па и германски во продавници и по пазари. Натписи по општините на сите тие јазици, кирилично, латинично... но исто така имаат меѓусебно почитување (има и таму обратни исклучоци но не доминираат).
    Не ми пречи ако некој ми се обрати на албански, но ми пречи игнорирање и пасивна агресија, недостиг на желба за рамноправна социјализација со македонците - чест на исклучоците (сакам да верувам дека се повеќе). Не еднаш имав прилика да се запознаам, подружам и соработувам со албанци од Албанија - која позитивна разлика во однос и пристап! Сосема друг свет... неоптеретени со национализам (тие јас што ги запознав), љубопитни, комуникативни, добар вајб за забава...

    Мислам дека за 10-15 години пореално е дека во Македонија сè почесто ќе се зборува непалски, пашто, арапски... турски турци веќе има ама на привремен престој како студенти, бизнисмени, градежни работници. А кај турските туристи сум забележал дека многумина мислат дека ние во Скопје разбираме турски (те застанува да те праша за правец и во старт мераба, афердиниз нереде:?:)... не знам од каде им е таа идеја?

    Толку многу македонски граѓани се иселиле и се иселуваат, што некој ќе мора да ги замени шоферите, таксистите, градителите, лекарите... а подоцна можеби и министрите (видете Велика Британија на пр. сега веќе бившиот премиер, Риши Сунак).
    Никој не ги спречува македонците да се здружат со србите, власите и бугарите (од устав) да се котат повеќе со цел натално етничка славјанска рамнотежа :D
    Паметно. Еднаш еден израелец кога ми кажа дека знае арапски, јас велам баш фино за добрососедство, тој вели не - туку дека тоа бил јазикот на непријателот и дека морале да бидат во предност во однос на нив. :?:

    Но ајде да ја гледаме мирољубивата предност - има интересни албански филмови, песни - било забавни било народни, книги а кои не се преведени на македонски. Сфаќам дека ние всушност многу малку се познаваме со албанците, делумно токму поради јазикот што пак доведува комуникацијата да биде сведена на Бит Пазар, а слабо или никако со интелектуалци, актери, џезери...

    Каде и да учиш, обрни внимание дека покрај литературниот албанскиот има многу дијалекти па за некои литературни зборови ќе те гледаат бело на Бит пазар. :rofl:
     
    Последна измена: 30 август 2024
    На Victorian и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.482
    Допаѓања:
    37.249
    Пол:
    Женски
    Паметно.
    Јас знам Албански колку да се разберам.
    Кој си сака нека научи, да не биде задолжително само.
     
    На daylight, KittyAgnes и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.476
    Допаѓања:
    13.710
    Уште пред 10 години, службено со колешка отидовме во едно албанско школо, манифестација некоја, директорот си почна на албански, иако знае дека не разбираме. Колешката пребледе и вели „директоре, ама вие се зафркавате ли со нас?“. Ни врати дека сме требале да го знаеме албанскиот.

    Друга ситуација, одам исто во албанско школо, требаше нешто да прашам ученици и децата беа на одмор, се обраќам на македонски, девојките почнаа да се смеат, ама онака од срце и слатко се смеат, и доаѓа една убава девојка со шамија, ми преведе што ми треба.

    Тие гласови за ДУИ по Источна Македонија, се чудите од кај се. Ги гласаат Роми, Турци, ако има Торбеши, и Бошњаци ги гласаат, и по некој Македонец по грешка или од инат, а и заборавивте дека Македонците се женат со Албанки од Албанија, и тие веќе поседуваат државјанства и се гласачи. Може на попис да е заведена како лице без податоци на пример, ако не ги нашле дома, ама знајте дека во секој град има невести од Албанија, некаде може се 30-50, каде како. Сме гледале прилози на тв каде во едно село имало по повеќе невести од Албанија. Нивните деца за некоја година ќе бидат гласачи и зошто да не гласаат за ДУИ кога македонските партии и онака се нула? И гледам за Македонците во 2024 година е сосема ок територија да се освојува со војна, аплаудираат, па што тогаш истите ќе се бунат кога некој на мирен начин се проширил, си купил имот? Не се за жалење. Објективно такви не се жалење, напротив, чим е продаден, купи го сосе партали и нека си го гледа градот после на разгледница, како Србите на Косово што не смеат да стапнат ако имаат имот некаде низ Косово. Значи Македонецот без војна изгуби територија што е многу голем пораз. Минатиот пат еден стар Албанец ми кажува имал имот во македонска населба, плац, епа негово си е, го купил, кога сака ќе си крене куќа и тоа е тоа.
     
    Последна измена: 30 август 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Јас викам дај боже сега ова да се оствари Мице што го најавува, дестабилизацијата. Ако направат нешто слично на 2001, еден нема да остане.
     
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    9.312
    Пол:
    Женски
    Од кој нема еден да остане, од нив?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.016
    Допаѓања:
    9.930
    Пол:
    Женски
    2001ва битката ја добивме ние, ама им ја предадовме војната. Не знам колку имаш читано за тоа, ама буквално победена битка им ја предадовме. Зашто друг сакаше така. Али ја ќе си стојам на тоа дека кад тад и на нив ќе им се удри од глава. Теле се учи, вол не.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Да.
     
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Исто... искрено кога го отворив алманахот од средно сфатив дека секое трето име не беше македонско... албанци, турци, власи, роми... не сум била ни свесна... до толку нема разлика меѓу нас, што ако не ти се претставеле немало ни да знаеш. Сите си зборуваат македонски, најнормално, си функционираат во мешани друштва, не се делат по националност. Еве пред зграда кај што играат децата имаме 3 албанчиња. Мајката им се обраќа на македонски пред нас, а кога си зборуваат меѓусебно, на албански. Децата без проблем си возат точаси, си играат надвор, а ние со жената нормално си функционираме, си разговараме дури ги чуваме без никаква пречка. Во Кипер немало вакви испади, ниту во било која институција.
    Мислам дека ова што се случува се случува Скопје и Западна Македонија, и за жал ги преминува границите. Дадена им е сила, и не гледам како би се решило.
     
    На Victorian, SummerGirl, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    9.312
    Пол:
    Женски
    Мене по веројатно ми е дека од нас нема ни еден да остане.
    Затоа што ние како народ сме премногу незаинтересирани, и научени сме така ќути си трпи си, на улица да видиш некое наше дете што го тепаат, никој нема да пријде да го одбрани, сите ќе викаат ако си го барало. Додека они се како племе, да видат дека некој нивен задеваш, тепаш, ќе ти се соберат две фамилии.
    За разлика од нас се по спремни во секој поглед, по сложен народ се, по борбен. Види жално е ова што го кажувам, ама реалноста е таа, они веќе ни ја земаа државата, полека полека.
    Во секоја институција ги има, па во полиција и војска се повеќе се албанци од македонци, ако дојде до воен конфликт, колку и да служат албанците во македонска армија или македонска полиција, нормално е дека ќе се префрлат од нивна страна и ќе си ги бранат албанците, нема да пукаат на нив.
     
    На Victorian, SummerGirl, FreeToGo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.793
    Пол:
    Женски
    Не знам ,јас сум имала другари кои буквално ме спасиле во одредени ситуации. Има и неколку мешани бракови исто.
    Ама од овие тука ми се згадија сите. Мм викаше на одмор албанија ,викам нема шанси. Не можам да ги слушам едноставно...
    Националист се напраив ;((wtf)
     
    На FreeToGo и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.793
    Пол:
    Женски
    Токму ова највеќе ме плаши за во случај на војна. За џабе да не изгинат само како 2001ва..
    А нив со ваква постава ќе им биде ептен полесно.
     
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Е баш ова го зборев пред три четири месеци во темата за изборите. Колку Заев наштети на Македонија, толку и треба да сме среќни што не внесе во нато. Ај сега нека ѕуцнат или нека пробаат да направат војна. Не можат. Колку и Америка да е на нивна страна, не може да застане зад нив во случајов бидејќи Америка никако не сака немир во нејзина организација па уште и Русија со тоа да зема замав. Шќип сами знаат дека не треба ништо да прават, а ова Мице што го кажа е само свртување на погледот од него бидејќи 75 посто од тоа што вети сега е заборавено, а и најверојатно планира да ги изгласа уставните есенва.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.016
    Допаѓања:
    9.930
    Пол:
    Женски
    Еј аман со тоа нато. Нас ќе не нападне нато, дај стани свесен чиво е нато. И Косово не беше членка на нато па ја бомбардираа Србија со осиромашен ураниум кој е против сите човечки права. Сфати веќе кој диктира.
     
    На Victorian, Snowflake97 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Само малку ако читнеш ќе видиш дека во мислам член 5 беше ама не ме држете за збор, пишува: Напад на една членка, е напад на сите членки. На Америка гајле и е за Аљита од некој си таму Зајас ако безбедноста е нарушена и Русија ако може да го користи тоа.
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.016
    Допаѓања:
    9.930
    Пол:
    Женски
    Абе еве ти пример Србија и Косово. Премногу веруваш во тоа Нато.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.