1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали албанскиот јазик ќе го замени македонскиот во Македонија?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 август 2024.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    8.393
    Пол:
    Машки
    Албанија е Папска држава формирана во 1912 со декрет и одлука на масонската ложа и братсво "Језуити или Исусовци" кое се под директна надлежност на Рим т.е Ватикан и Папата.
    Името Албанија е позајмено од местото Албанија во Кавкаскиот регион близу Азербејџан. А Шќиперија значи земјата на луѓето кои го зборуваат јазикот Шќип а Шќип во буквален превод значи орел. А орелот е заштитен знак на Рим (Римското Царство) и Христијанството (двоглавиот).

    Населението во југот се тоски а на север и Косово се геги и има разлика во дијалектот кога зборуваат.

    Рим т.е Ватикан и Папата го населувал овај простор со луѓе од јужна Италија од места како Калабрија и Сицилија, луѓе кои биле сиромашни а и бунтовници, и ден денеска југот на Италија е сиромашен и преовладуваат мафиите. И затоа правите албанци (тоски) имаат и католичка вероисповед како Еди Рама, зошто овие тоските албанци се на некој начин италијанци (сицилијанци и калабријци) од јужна Италија. А северот на Албанија и Косово, Османлиите кога ја освоиле Албанија, султанот со договор со папата (а во пракса демек војуваат) населувал поробено население од турско потекло од Кавказските планини кои биле номади и одгледувале стока и така настанале гегите албанци и Косоварите кои ги имаме во Македонија и затоа имаат и муслиманска вероисповед, исто населувал и горјани. Е овие две групи се мешаат и ја формираат денешна Албанија и се делат на геги и тоски. И ако забележите, Албанец тоска католик, не само што јазикот им е подруг од гегите туку и физиономијата муе различна од гегите т.е овие и кај нас шо се, тоските се понежни, како да речам, по убави ајде хаха а овие косоварите груба физиономија, логично зошто се со потекло од Кавказските планини, сурови услови сурова физиономија, плус номади.

    А јазикот е своја приказна и не припаѓа нигде иако сите мислат во романска група ради некој итало зборови. Албанскиот е мешавина од сицилијански и туркијски кавказски.
     
    Последна измена: 30 август 2024
    На SummerGirl и Чанта им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.254
    Допаѓања:
    26.580
    Пол:
    Женски
    Голем нос и големи начурлени уши :rofl:
    Нема шо друго да гледаш :rofl:
     
    На SummerGirl, Tanjamm и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    7.218
    Пол:
    Женски
    Албанскиот јазик не е грд. Кога го зборуваат албанци. Ама нашиве албанци, како што се нарекуваат, прошле поред албанци. Повеќе е косоварски. А тој баш е шиптарски. Тој не би го учела, животот да ми зависи од него. Не знам ни во која категорија би го сместила.

    Сепак не верувам дека ќе го замени македонскиот. А да станат доминантно население уште помалку верувам, затоа што колку што ние се отселуваме, толку и они. Нека не се пуфаат колку посто се.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.482
    Допаѓања:
    37.269
    Пол:
    Женски
    Па и јас тоа велам, јас знам колку да се разберам.
    Убаво е да се знае за да знам што зборуваат, не да се учи ако не се сака, и да е задолжително, ама убаво е да се знаат повеќе јазици.
    Кога одев на Битпазар и зборуваа албански, и мислеа дека не разбирам, им кажав два збора на албански, се чудеа и заќутеа.
    Е поради тоа сакам да знам, ама не по секоја цена да морам да учам албански.
     
  5. Антигон Досон

    Антигон Досон Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Албанците во Северна Албанија,Косово и Западна Македонија се по потекло од Кавказ затоа јазикот им е чуден,во Албанија се зборува помилозвучно.
     
  6. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.037
    Допаѓања:
    4.773
    Пол:
    Машки
    Албанија на Кавказот пред 1500 години нема никаква врска со денешната Албанија. Албанците во Македонија се Албанци донесени тука после Карпошовото востание за да има кој да ги работи земјишта бидејќи многу Македонци заминале заедно со Австриската војска назад во Австрија.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    8.367
    Пол:
    Женски
    И не само тоа. Туку и ги тераат и Македонците да научат по некој збор албански за да се разбираат со шиптарите.

    Сами си го даваме јазикот. Познавам еден куп наши, што зборат албански на работа со албански клиенти демек не разбирале. И многу ме нервираат ваквите.
    И тие одма тоа го користат и ти велат е како ти не знаеш, а како може Х да збори албански?
    Јас ги разбирам нешто, нешто. Ама не ми паѓа на ум да зборувам албански и нема никогаш да се случи тоа.
    Во секојдневието сум имала провокации од нивна страна за јазикот. Јас на македонски они албански. Ама јас сум голем инает и до крај сум се правела дека не знам што ми зборат. Не треба да им се попушта.
     
    На Gosh, SummerGirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Vo sekoja zemja ima mesani etni , na denesen den ne e bitno veke koj kako zboruva i vo koj jazik no mngu bitno e derzavata da ima jaka ekonkmija i cel narod da zivee srekno
     
    На daylight и Bettina23 им се допаѓа ова.
  9. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Ostven losa politika i propagandi nikoj ne saka da smenuva nisto vo zemjava , na nitu eden obicen i cesen graganin ne mu odi na pamet da ima izmeni na jazici ili na nesto drugo .
    Site ja sakat zemjata i sakat mirno i komodno da ziveat :)
     
    На daylight и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Не е битно доколку жителите успеваат да се разберат. Во Индија на пр. има десетици службени јазици (хинди, бенгали, телугу, малајалам...), но во случај кога не се разбираат едни со други го користат англискиот. Во Македонија живеат македонци, албанци, турци, срби, роми, власи... замислете секој од нив да инсистира на користење на исклучиво својот јазик. Да речеме влашкиот касиер на албанците и македонците исклучиво да им збори влашки (арманеаска) - што ќе разбере од тоа албанските и македонските муштерии?

    Некои албанци иако знаат македонски одбиваат да го употребуваат, од горните примери гледам исто некои македонци кои пак знаат барем малку албански, тераат инает и не сакаат да го употребуваат. Но повеќето македонци не знаат албански, а некои албанци (помладите) не знаат или не доволно добро го знаат македонскиот (тука потрфлено имаат јазичните и образовните политики на државата уште од поодамна) - потребен е заеднички јазик за чисто практична секојдневна комуникација.
    Друг пример, на територија на Руската Федерација исто постојат бројни јазици: чеченски, мари, удмуртски, манси, евенкиски но од практични причини сите тие за меѓусебно разбирање го користат рускиот литературен јазик.

    Потполно си во право за потребата од јака економија, но и таа за да се гради, трговците, земјоделците, сметководителите треба некако да комуницираат меѓу себе усмено и писмено а при тоа да се разберат.
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    13.929
    Пол:
    Женски
    Не бе, не е битно викаш? Јазикот на малцинствата да преовладува а? Што со нашиот идентитет?
    Замисли обратна ситуација да беше, само замисли ај. Не ви чини ова размислување, а скоро сите до еден од вас го имате.

    Вака брат соживот никако не се гради. На тоа се вадите, соживот па соживот и барате права, дадено ви е се, вие пак незадоволни и упорни во вашата намера.
    Вака ако лично ти размислуваш, ок, супер, вака треба сите ама не е баш така.

    Да живее среќно народот веруј не му е битно на никој. Немаше до овде да стигнеме и све ова да се исподешава ако беше така.
     
    Последна измена: 1 септември 2024
    На Gosh, baguf4e, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.175
    Допаѓања:
    56.740
    Пол:
    Женски
    Во Македонија се зборува на македонски, и никој не е должен да учи јазик на малцинствата, но малцинствата и те како се должни да го знаат јазикот на државата во која живеат. Вака и по Европа сте гласни за "правата"? Или таму седите мирни и си го учите јазикот на државата.
    Како во други држави, особено во такви каде што живеат многу народи како во Русија, не се бунат толку за "права" туку за комуницирање меѓусебно си го користат официјалниот јазик на државата? Буквално секаде е така.
    На кој му се зборува само на албански, ене му ја Албанија. Никаде го нема тоа да не можи човек да искомуницира на свој јазик во своја држава.
     
    На Erika.greeneyes, noteforself, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.721
    Многу ретко ќе сретнеш Македонец што добро си го познава јазикот. Сега на Тв 24 има некој млад новинар, Македонец, ама чита текстови како да чита некој од Авганистан или Скандинавија на кој македонскиот не му е мајчин. Скоро читав книга од една директорка, професорка по македонски јазик, внатре имаше многу правописни грешки. Форумов е полн со уличен говор, жаргон, србизми, а децата растени во Скопје. Ако сакаш да ти го почитуваат јазикот, прво научи го. Има Албанци што дури и поубаво говорат на македонски јазик од Македонците, само дали сакаат да го употребуваат е друго прашање.
     
    На SummerGirl, Snowflake97, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    13.929
    Пол:
    Женски
    Види за што се фаќа... Уличен говор, жаргон и дијалект ќе рамни со неписменост и непочитување на јазикот.
    Мисли ако сме зборувале како што зборуваме, не си го знаеме јазикот.

    Тања, еве те прашувам ти по дома, па и на работа, на улица, во град секогаш говориш на чисто стандарден литературен македонски јазик? Хм, на еден друг форум не делуваше така. :?: Во секојдневна вербална комуникација па воопшто не верувам дека не ти излетува по некој дијалектен збор.

    А тоа дека неписмена нација имаме, држи вода. Само треба да разграничиш што е што и да ја препознаеш.
     
    На Erika.greeneyes, Gosh, baguf4e и 9 други им се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    8.393
    Пол:
    Машки
    Не се тоа србизми, туку наречја и дијалект. Океј, не велам дека нема србизми има зошто сме биле под српска окупација а и после Југославија.
    Ама дијалектите се составен дел од македонскиот јазик и го красат јазикот. Колку шо знам ти си Кумановка, сигурно во Куманово не зборуваш 24/7 македонски литературно туку по кумановски а баш вашиот дијалект е со повеќе србизми.

    Во институција, образование, тв, треба да се зборува литературно или со странци, а тука на форумов на кој како му одговара така, исто како ти шо зборуваш кумановски дијалект во Куманово.

    Албанци има што зборуваат чисто македонски бидејќи почнуваат да учат од 0, граматика, литература и нормално е да зборуваат литературно, исто ко ние англиски, сигурно нема да зборуваме на калифорниски дијалект.
     
    На Gosh, LiquidLuna, FreeToGo и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Нема да го замени затоа што Албанците многу пред Македонците непрекинато се иселуваат.И тие што влегоа во државен сектор многу си отидоа со образложение дека не сакаат да работаат за цркавица.
    Јас го говорам Албанскиот јазик, дијалектно,не перфектно ама доволно да се разберам.И секогаш сум наидувала на воодушевување од нивна страна,никогаш со подсмев ако погрешам.И многу ме лути кога Македонците им се подсмеваат како го говорат нашиот јазик .Не сфаќаат дека барем тој се потрудил да го научи и е побогат за еден јазик .Јас си викам како не го знаев подобро за да можам да си читам и од нивни сајтови,да разберам нивни песни.
     
    Последна измена: 1 септември 2024
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Женски
    Колку небулози има на темава, боже Господе.

    Многу огорчени луѓе, полни омраза, поготово мајки што растат мали деца:worried:
    чил малку, за вас и најблиските, не е убаво волку огорченост да негувате во душата, пале пола религиозни и верници ,

    омм, диши - издиши, излезете на сонце, уживајте го животот, ваков каков што е.

    Жално.
     
    На Аргентина * и daylight им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.721
    Си зборувам на дијалект по дома, секако, но, на работа политературано од скопските колеги кои се изразуваат „У Скопје“, „Сеа“, не велат се движам туку само „движам“, ова и на тв го слушнав, не велам фала си има збор „благодарам“. И крајно нема да си дозволам да имам книга, да се отпечати и во неа да пишува подршка, сеуште, и слични грешки, а во биографијата стои дека авторот е дипломиран на книжевност на Филолошки.

    Во министерствата пишуваат Октомври, Март, а не треба така, значи во институциите не знаат македонски јазик. Политичари и водители на Тв задолжително велат „она, он“, наместо таа и тој. Пратениците од Битола, со отворено О и АААААА.

    Имам една колешка во пензија, Србинка, авторка е на неколку книги и таа со мајчин јазик српски, мислам дека цела книга да се провери, кај нејзе нема грешки, ама знае. Подобро од Македонците знае каде се употребува зошто, зашто, итн. Не е до лекторирање, туку има знаење и не сака да прави нешто аматерско, па да предизвика смеа.
     
    На SummerGirl, Snowflake97 и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Сте запнале со тоа повеќе се иселувале од нас, абе срцки, и 5% да останат од нив, со помош на заштитниците тие така вешто ќе исфилуваат пак дека се 25% и пак ќе се борат и залагаат за нивните "обесправени права".
    Факт е дека сме кираџии во своја држава, факт е дека тие носат закони, се менува Устав кога нив ќе им текне, факт е дека добар дел од нив не одат на работа а земаат плата, факт е дека не плаќаат струја, не ги гони ниеден закон, ене кај им е Светото Косово.
    Абе знаеле тие и поубаво од нас Македонски јазик, ама не сакале да зборуваат:rofl:
    Да де, па уште некои срцки од нашите за полесна разбирачка им го учеле јазикот(facepalm) со објаснување :Абе да ги разберам, да не ме оговараат.
    Колку сака нека ме оговараат уста моја нема збор да бекне на тој нивни јазик.
    Турски јазик владеам добро, ама колку Турците што ни грешеле 500 години, овие брачава за 30 години дупло повеќе ни згрешија.
    Покажете дека сте газди во своја држава, не им потпаѓајте на колена повеќе!
    Како да ви се каже, секое малцинство треба прво да го зборува официјалниот јазик на државата кој го зборува мнозинството, и да го почитува знамето на таа држава.
    Не може албанскиот да е на исто ниво со нашиот јазик!
     
    На noteforself, Gosh, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.738
    Допаѓања:
    129.099
    Пол:
    Женски
    Јас пак не гледам Албанци да се иселуваат. Напротив, гледам како си ги зголемуваат имотите и семејствата тука. :D
    Заштитени се. Да не беа, одамна немаше да живеат тука.
    Употребата на дијалектен или уличен говор на форуми не е страшна додека не се претерува. Страшна е во формалните средини.
    Пред некој ден интервјуираа идни студенти. Едниот зборуваше премногу просто пред камери како да е дома со другар. Тоа не е во ред.
    А, јазикот мора да си го браниме и цениме.
    Мнозинство сме. Не смееме да дозволиме малцинствата да нè газат.
     
    На Gosh, FreeToGo и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.