1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали барате нешто позитивно во негативните случувања?

Дискусија во 'Психологија' започната од blonde_supergirl, 25 август 2017.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Модератори не знаев каде да ја сместам темава :| Мислам дека нема друга ваква тема ако има во канта тогаш.
    Use the term silver lining when you want to emphasize the hopeful side of a situation that might seem gloomy on the surface.
    Во превод користете го овој израз кога гледате нешто надежно во ситуации кои изгледаат тажно на површина.
    Сигурно многу од нас имале вакви ситуации посебно кога се соочуваме со смрт. Изгубив два драги човека, мојата баба од страна на мајка ми и мојот чичко. И во двата случаи плачев со денови но на крај увидов дека спомените ми се овде, дека животот мора да продолжи понатака, не те прашува, едноставно продолжува и наше е да се фатиме за тој зрак оптимизам кој ни го нуди колку и да ни изгледа безнадежно.
    Љубовта (во мојот случај) е таа која остана и секогаш ќе остане.
    Други вакви случаи ги имам секојдневно и секогаш гледам да го извлечам она позитивното. Се разбира, не сите случаи го дозволуваат ова размислување, но има многу кадешто може да се примени.
    Колешката добила унапредување, вие не, па добро, си го вреднувам својот труд и верувам дека ќе бидам наградена, ако не, ќе одам на друга работа кадешто ќе бидам поценета (ова како пример).
    Ајде раскажете ги вашите случки кога сте успеале да извлечете позитивно од негативно.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Машки
    На дното од очајот се наоѓа надежта, така да, да. Се трудам да ја видам позитивната страна на се. Тоа ме води напред каде што ќе наидам на многу негативни ситуации и луѓе од кои што може многу да се научи и да се измери сегашната сила.
     
    На hermosa, Crna Dama, Indiegurl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    6.220
    Пол:
    Женски
    Секогаш ама баш секогаш барам нешто позитивно дури и во најцрните моменти. Во отказ од работа, одма помислувам една врата се затвара,друга подобра ќе се отвори, исто и за здравствени проблеми, се се случува со причина на пример од обична настинка може да се открие сериозна болест.. и многу други работи има каде мора да се бара позитивност.
     
    На Juicy, elimkd, Crna Dama и 3 други им се допаѓа ова.
  4. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Токму за тоа зборувам, да. Си наоѓам интересни откритија во секакви случаеви :D
     
    На Crna Dama и Daern им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.661
    Пол:
    Машки
    Тоа е само заштитен механизам, самозалажувањето дека во негативни ситуации има нешто позитивно. Може и да има во некои, но тоа е можеби 20%. Во другите 80% нема ништо освен јад, мизерија, мржња, пориви за одмазда и слични филинзи...
     
    На Nigredo Odor, Crna Dama, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Животот се состои од убави но за жал и од лоши случувања. Така финкционира светот така функционира и целото човештво. Мислам дека од секоја лоша ситуација треба да извлечеме ако не нешто друго, лекција. Лошите работи се тука за да не направат посилни личности. Секое лошо за добро барем така велат. Животот и покрај се оди понатаму и си течи. За лошите моменти да поминат побрзо треба да се сподели маката со најблиските така можи барем малку да олесни. За личностите кои сме ги изгубиле ако ни биле вредни и блиски треба само да ги чуваме убавите спомени и да се сеќаваме со насмевка на лицето. Смртта боли ама е нераскинлив дел од кругот наречен живот. На крајот од тунелот сепак има светлина. :)
     
    На Puppy lover, Crna Dama и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  7. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Машки
    Велат „болката е неминовна, ама страдањето е избор“ :)
     
    На hermosa, soffce, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    25.677
    Пол:
    Женски
    Колку и да е лошо тоа што ми се случува сепак се обидувам да помислам на нешто позитивно кое може да следува. Едноставно така ми е полесно да се справам. Ми се случувало после многу лоши ситуации јас да бидам победникот на крајот и навистина моите надежи да се остварат. Никогаш не се знае што ни подготвува судбината.
     
    На Juicy, Crna Dama и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  9. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.663
    Пол:
    Женски
    Зависи,почесто не.
     
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    26.822
    Пол:
    Женски
    Некогаш може да помогне како некој вид мотивација, ама тоа е сè. И треба да остане на тоа, бидејќи многу често таквиот поглед е контра-продуктивен.
    А продуктивноста доаѓа од проблемите, кои ако се игнорираат на овој начин можат само да се натрупаат.

    Секогаш стојам на ставот дека гледање низ розови очила не е во ред, бидејќи на крај сепак ќе мораш да ги извадиш и да се справиш со вистинскиот проблем. Затоа реков дека позитивни мисли можат да поминат само како почеток на продуктивноста.
     
    На honest girl, CoverGirl10, Nigredo Odor и 5 други им се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.048
    Па обично извлекувам поука од нешто што ќе ми се случи негативно. Не за џабе се советува општо да се „учи од грешките кои сме ги направиле во минатото“.
     
    На friendy, Crna Dama и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.022
    Допаѓања:
    59.566
    Мразам што ќе морам да го кажам ова, ама јас сум огромен песимист.
    Дури и кога ми се случува нешто убаво, потајно очекувам дека ќе заврши и дека нешто лошо ме чека зад аголот. Често и самата си замислувам проблеми, ги барам онаму каде што ги нема, а се случува и сама да си ги создадам.
    А кога навистина ми се случува нешто лошо, често постапувам импулсивно, не размислувам, донесувам избрзани одлуки, само и само да го решам проблемот што побрзо. Се опседнувам со проблемот и заборавам на добрите работи околу мене, заборавам на секојдневието. Не ми ни текнува да барам нешто "позитивно" во проблемот. Се чувствувам виновна за работи за кои знам дека не сум. Премногу размислувам и за минатото и за иднината.
     
    На alexa_dimoska, eta, SummerGirl12 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.931
    Допаѓања:
    162.213
    Пол:
    Женски
    Секако дека и после најтешки моменти треба да се продолжи и се продолжува понатаму со животот, но тоа не значи дека од самото негативно искуство извира нешто позитивно.
    За жал, во животот многу луѓе искусуваат негативни случувања кои не зависат од нив, не ги заслужуваат - и во кои реално не може да има ништо позитивно, колку и да се тешиме со поими како „искушенија“ и „поуки“.

    [​IMG]
     
    На Briar Rose, Читател, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Во секое добро има лошо и во секое лошо има добро. Така функционира.
    Во превод: Секогаш треба да целите кон позитивното иако имате негативности по патот...
     
    На hermosa, Peppermint, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.009
    Допаѓања:
    102.777
    Пол:
    Женски
    За мене 'барам' е преслаб збор, јас повеќе би рекла дека,не само што се трудам,туку и успевам,секогаш,и во најлошото случување/настан/човек...да видам нешто убаво,позитивно,надежно.
    Оваа моја способност е и благослов и проклетство истовремено :/
     
    На teteks, blonde_supergirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  16. Magiifili

    Magiifili Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    90
    Секогаш, тоа е вољата за понатаму.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Претседателот Џон Ф. Кенеди го прашале како станал воен херој.
    Тој одговорил: "Тоа беше лесно. Некој го потопи мојот брод."

    Сите ние си имаме проблеми, но од нас зависи како тие ќе влијаат врз нас. Може да не уништат или да не направат посилни.
     
    На La.loca, blonde_supergirl и Indiegurl им се допаѓа ова.
  18. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.797
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам!

    Врз основа на моите проблеми и тоа све што го имам преживеано, ги гледав и позитивните и негативните работи. Се соочував со нив, и знаев да ја прифатам грешката што често се случуваше да ги профатам и туѓите грешки, ради тоа да нема дополнителни проблеми. Повеќето од нас прво ги гледаме позитивните страни, инаетот дека можам јас, те води напред. Зошто да неможам, ќе успеам, самите на себе даваме некој надеж.
     
    На Mrs.Brain, blonde_supergirl и Daern им се допаѓа ова.
  19. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.216
    Пол:
    Женски
    Да, се трудам (само не знам колку успевам :lol:)
    Но, мислам дека оптимизмот не се ограничува само кон менталниот став, туку го вклучува и поактивниот став (барање решение за некој проблем, работење на истиот и сл.).
    Сите ние сме онаму каде што сме благодарение на нашите подеми, но и падови. Секое негативно искуство е лекција, испит од животот кој мора да го положиш. Зашто човекот е чудно суштество, многу лесно ги зема работите здраво за готово, па затоа се тука и немилите случки, да не потсетат да го цениме она што го имаме.
    Сепак, верувам дека после дождот следува сонце, верувам и дека се се случува со причина.
    Верувам дека некои нешта се распаѓаат за да се склопат уште поубави нешта.:sun:
     
    На sjdgo, blonde_supergirl и Daern им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Oваа тактика е применлива и добредојдена, си знам по себе. Не значи дека ставаш розеви очила, сосема добро гледам и чувствувам, но наоѓам начин да најдам нешто добро, секогаш, како што постираше една членка погоре, се работи за балансот на природата, во доброто лошо и во лошото добро.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.