Само насловот што го прочитав на темава превртив очи, оти какви личности познавам кои се замислуваат дека се надвор од овој свет и дека сите други се просечни со досадни врски и бракови, да си се упуцаш. Туку ајде нека ви биде, млади сте, самоуверени, самобендисани, а и ретко кој не сака да верува дека со партнерот се пар каков нема друг. Можеби во нешто сте различни од неколку луѓе што ги имате околу вас, но по мое, посебен е оној кој воопшто и не е свесен за својата "посебност". Реченица која тотално ме одбива кај било кој е нешто слична на -отсекогаш сум знаела или сите ми велат дека не сум како другите. Bitch please.
Јас бирам партнер според сопствени можности а не според сопствени критериуми, бидејки честопати нашите критериуми се во дизбаланс со нашите можности. Да ви објаснам попластично, никој од нас не е глуп да не сака Порше, или BMW, ама ретко кој од нас вози такво нешто. Затоа велам, желбите се едно но можностите се друго. Голем дел од оние кои велат дека бираат по некои свои критериуми т.е дека се со тип баш онаков каков од секогаш го замислувале во најмала рака не ја зборуваат вистината да не речам лажат. А за да бидеш во ситуација да пираш партнер според некои трендови т.е од светски калибар треба да си Парис Хилтон или слична богаташка. Да не се лажеме, девојка со наш стандард тешко може да дојде до таков тип.
Дали некој се преценува или не, ама вистина е дека имам видено девојки кои според мојот стандард ниту се убави, ниту нешто нарочито паметни или интересни. АМА имале цел, зацртан стандард каков дечко сакаат да имаат и - го имаат! Зошто? Зошто самите за себе се мислеле дека можат, дека се над се, имале таа некоја си самодоверба, па и самобендисаност. И го фатиле добар фраер, убав, згодан, богат, недопирљив нели, а она просек, ако не и под просек. Е ајде де. Значи исплати се да се замислуваш надпросечен. Има една поговорка: како си мислиш за себеси, таков си и во очите на другите... па сега некој ја применува во се : D Мислам дека секој си бира според некој си стандард, според себеси. Не мислам на професија или образование (мада има и такви) туку еве пример: ако јас не ги сакам турбофолкери јас нема ни да идам на места каде имаа такви. Ќе одам некаде каде има рок музика пример. Потоа кругот понатаму се намалува. Гледаш толпа луѓе и приметуваш првин физичкиот изглед. Нема ни да обрнеш внимание на некој кој има сто кила, со мрсни коси и целосно непријатна појава. Значи и тоа е некој стандард. Зборуваш со еден и после неколку реда муабет можеш да донесеш некој закључок... на слична сте или тотално различита фреквенција...и така натаму. Зборот ми е дека несвесно или свесно секој има и го одредува некој си стандард, инаку без стандард не бива. Само да додадам дека ние бираме, ама треба исклучително прорачунат да бидеш да си ја бараш особата според твоите замисли. И во ред е да некој има своите замисли се додека е флексибилен, да не биде накрај "избирач наоѓа отирач" ама тоа се веќе екстреми во својата прорачунатост. Инаку, како јас ја разбирам таа некоја различитост... пример кај нас скоро сите девојки се исти, униформирани. Не се навредувајте, генерализирам. Секоја се шминка исто, носат исти фризури, имаат гел нокти, се облекуваат слично... кога ги гледам мене 90% сите една на друга наликуваат. Сите одат исто, се однесуваат исто. Се смеат исто. Посебно ќе ми се издвои девојката што ќе има свој стил, поинаква фризура, шарм, што ќе биде опуштена и ослободена од тој некој стандард на однесување. Што ќе се смее наглас, што ќе има поинаква тема на муабет.. можеби ќе сака да оди да истражува ископините таму некаде во пустините, а не да биде директор во фирмата. Ќе има страст за нешто од што поголемиот процент на девојки ќе рече: јас нема да можам тоа или дури ќе се ежи од замислата. Можеби самата ќе биде чудна на другите бидејќи не се вклопува во тоа некое општо сеаприфатено сценарио на животот, ама таа има страст во себе и оди по својата замисла. Така некако замислувам
За да бираш партнер ппрема своите можности, а не критериуми тоа значи дека критериумите ти се многу повисоки од личните вредности. Да не ме сфати некој погрешно ама јас никогаш не сум мислела дека моја сродна душа може да биде некоја светска ѕвезда или некој професор на Хардвард. Сум го бирала мојот партнер во толпата, ама сум барала неговата посебност да е компатибилна со мојата. Посебен може да биде по начинот на кој ви покажува љубов, по неговата смисла за хумор, по неговиот карактер, по начинот на кој се грижи за вас, по начинот на кој ве разбира. Зашто џабе ви е ако тој се истакнува во толпата ако не ужива да денгуби со вас и ако не ги чита вашите мисли пред да ја отворите устата.
Понекогаш можеме да мислиме дека баш нашиот тип има некоја посебност затоа што сме се убедиле себе или се трудиме да ги убедиме другите дека е посебен а свесни сме дека е тој еден од многуте и по ништо не се разликува од другите. Веројатно кога некој би ги прашал баш тие кои тврдат дека нивниот е посебен да набројат во што е неговата посебност веројатно би употребиле една од оние познати флоскули дека има посебен карактер и слични глупости. Пеперутка рече дека како се гледаш ти себеси така ќе те гледаат и другите и ако нешто силно посакуваш ќе ти се оствари. Ех да се живееше во бајките. Но без грижа кај и да е ќе си летнат годините и ќе сфатиш дека животот не е бајка.
Партнер бирам така што организирам кастинг и кој е најдобар за мене си го зимам се зезам. Си имам поставено сопствени критериуми и најбитно ми е да поседува одредени карактерни особини биде комуникативен , друштвен, со смисла за хумор, да ме почитува и сака и секогаш гледам партнерот да биде спрема мене ниту повеќе ниту помалку од мене. Spoiler Последниот дечко ми беше баш каков што сакам и за мене стварно беше совршен , мислев ќе застанам тука ама јбг како и секогаш пропадна се .
Абе, кој неќе да е special snowflake, али во сета таа збрка да бидеме посебни, наликуваме еден на друг. Има луѓе и луѓе што се расфрлаат со натпросечни знаења во одредени теми, невообичаени стилови и размислувања, па пак се слабо приметливи, втор избор и вечно сами. За мене, што знам...ако се важи за критериум да не е сељачина ко опишаните во темана за симптоми на сељак, партиско пиунче и да не му е омилен Раде Лацковиќ, тогаш да, бирам. Во спротивно, ако се навратам наназад, сум била со и ми се свиделе и црни, и плави, повисоки, пониски од мене, слабачки, побуцкасти, рапери, металци, кремци...за многумина врска и немам кај/што учеле, уште помалку па за потеклото и работата на нивните родители или возила. Ама, со сите сум имала заеднички теми на муабет што ми биле интересни, а постојат ликови што и клише муабетот за временска прогноза знаат да го направат интересен, и сите имале болна смисла за хумор што дури се граничела и со навредлива...ете, ваљда тоа е и единствениот критериум без кој не можам. Општо, човек без смисла за хумор (да се разбереме, копиран/прераскажан виц и hehehehe, не се важи ко смисла за хумор, ниту очигледни т.н. шали од кои паѓаат уши и се суши мозок) ми е некомплетен човек. Сосема рандом забелешка - hehe го уништува разговорот. Ве молам никогаш не го користете. Тој општ критериум не знам ни каков е, ни па мислам дека ме интересира.
Додека да стигнам да ја ѕирнам темава и да пишам, успеа веќе да и настане расправија, а и темава да скршне од „темата“. Како и да е, тоа се показатели дека темава е интересна за дискусија. Прво, во однос на прашањето „Дали бирате партнер по општо наметнати или сопствени критериуми?“ мислам дека никој нема да го даде првиот одговор. Ако општеството и средината успеале да му наметнат некој критериум или стереотип, тогаш тоа практично е и сопствениот став и критериум на некоја особа (кој, нели, се совпаѓа со оној на општеството). Второ, мислам дека малце се измешаа поимите „посебен“ и „натпросечен“. За секоја личност може да се рече дека е посебна (или уникатна) како индивидуа, што воопшто не значи дека е натпросечна. Проблемот е што сите мислат дека се и посебни и натпросечни. Ако збориме за личен став, односно за мислењето што човек си го има сам за себе, изјавите како „Ја сум натпросечен, надвор од калапот на општествениот конформизам, unique snowflake“ и други може да се сфатат како самобендисаност и преценување. И најчесто изјавите од овој тип се далеку од оправдани. На крај краева, сите снегулки се уникатни по форма, ама освен формата, во се друго се апсолутно идентични и нераспознатливи една од друга. Така е и со луѓето - нашата уникатност како индивидуи во суштина не не прави толку посебни и различни едни од други. Од друга страна, ако ваквите ставови и изјави се самобендисани кога човек збори сам за себе, кога се работи за вашата врска се апсолутно оправдани и пожелни. На секој неговиот партнер треба да му биде посебно убав, секси, интересен, смешен, паметен, добар, мил. Не е битно дали е тоа навистина така или не. Битно е како се чувствувате вие со него и како тој прави да се чувствувате во однос на самите себе. Битно е ако на вас вашата врска ви е посебна и „натпросечна“, иако на другите може да им изгледате како милион други парови на светот. За крај, ќе кажам само една работа - ако некој ја смета својата врска за обична и секојдневна, а својот партнер за „просечен“, дефинитивно треба да се замисли.
Па така де девојки и момци, да развиеме дискусија да споделиме мислења, ставови ... и да не скршнуваме од темата.
Јас кога го сретнав дечко ми не барав партнер нити имав јасно дефинирана слика што сакам од маж... Знаев дека не сакав посесивно љубоморен тип тоа не можам да го поднесам, знаев дека не сакав да има ограничени гледишта на животот и не сакав маж кој нема самодоверба.. Кога го сретнав дечко ми кликнавме со него, ме привлече прво дека ми беше убав и шармантен... Со време се заљубивме, не знам дали сум посебна ама знам дека тој прави да се чуствувам така. Нешто што забележувам дека тој карактерно навистина наликува на татко ми, а порано мислев дека единствено заедничко им е само тоа што се родени на иста дата..
Имав свои критериуми и имав дечковци што ги исполнуваја моите критериуми {високи над 185см , набилдан , светли очи , јака кола , среден ова она} и ме разочарале мн , така да си сватив дека најбитно е само да те сака , да те почитува и да те смее , све друго паѓа во вода
Се мислам дали знам што ви е муабетот. Јас нели, како надпросек, очигледно како и сите најубави на мајка сме најнај, кога бев млада, се повикав на општествен критериум. Да живее сам, да се финансира сам, по можност и да има кола, и ќе ме заинтересира да си играме хемија. Не како спонзоруша, ама ако можам јас како женско може и он. Да му мама пере гаќи нема ни да погледнам два пати. Па дури после играла улога на по персонално бирање, и тука нема некој просек, туку едноставна компатибилност на карактери. Камо уште да Беше мајстор за по дома. Ама ај, имене ме бива со бормашина, а и он знае да ми даде термофор на женски маки.
Јас не се изјаснив дека сум натпросечен, а иако ги прочитав сите мислења, не успеав да видам каде ниту прозваните Џинџер и Џули се изјаснија како натпросечни... Надвор од просекот не значи натпресоченост, особено што тука немаме никаков зацртан криетриум, ниту параметри по кои би мереле натпрочност, зашто не зборуваме за ништо конкретно, зборуваме за апстрактен поим, за потенцијална личност кој може да биде животен партнер. Може јас не ја сфатив темата добро, ама така го доживеав тоа. Е сега, за доброто на муабетот, ќе се обидам да скројам некоја слика за тоа што е просек, а што е личност надвор од просекот. Просечни или обични се луѓето кои ги прифаќаат актуелните трендови во секоја област на општеството и немаат желба ниту потреба да бидат поинакви. Кога некој прави нешто само зашто сите тоа го прават и е нормално, тогаш тоа е просек. Ако правиш свадба и таа личи на 95% од свадбите на луѓето кои ги знаеш, ти си просек. Ако одиш во некоја дискотека со досадна музика само зашто сите одат таму, ти си просек. Ако се шминкаш како сите други што се шминкаат, ти си просек. Генерално, ако желбата ти е да живееш како сите околу тебе, ти си просек. Знам дека те изнервирав со првиот пост каде изгледа како да сум тежок сноб, ама ако мојата потреба да не си го губам времето со девојки кои не знаат да зборат за ништо друго освен за шминки, турската серија која ја гледаат и трачот што им го раскажале во маало, тогаш викај ме најтежок сноб, тоа сум. И немам намера да се извинам никому зашто кога ќе излезам со девојка, сакам таа да може да смисли простопроширена реченица и да разговара со мене, а не да си ја врти косата околу показалецот, да молчи и да шири нозе кога ќе дојде моментот за тоа. А верувај ми, такви девојки имало во животов и сите за мене помислиле „шо се мисли овој многу паметен бе?!“. После кога почнав да заработувам многу пари почнаа да мислат „ај бе нека збори, ќе го истрпам, сигурно ќе ми купи нешто убаво“. Никад ништо не сум им купил, а богами, и за тоа немам намера никому да се извинам зашто не сум просечен костумосан дебел дебил кој има пари за сепаре и шише виски во дискотека. Затоа и жената до мене знае да ми одговори и да се спротистави на сè што ќе кажам и затоа немам потреба да одам да барам некоја друга која ќе ја пополни тишината со поинакво стенкање. И на крај, не сме натпросечни во смисла подобри од останатите, само сме поинакви и заради тоа, бараме слични на нас партнери.
Вкусот или поточно критериумите кои ги имав за мојот иден партнер (фала богу) евоулираа паралелно со мене и мојата возраст, па акцентот беше префрлен на караткеристики кои најверојатно во минатото не ми беа приоритетни. Одлуките направени на 22 и на 30 год. драстично се разликуваат. Не би навлегувала во она просек/ надвор, повеќе би рекла го барав она што верувам дека е идеално за мене. Она што јас според мене го заслужувам, посакувам, одговара или само сонувам. Интелектуално и културно да биде на иста/слична бранова должина. Некој кој интелектуално се надоградил до степен најразлични предизвици од секојдневието да бидат совладани без драми и препаѓања. Не сакам детиште или некој кој сеуште не се пронашол себе си па заедно ќе го чекориме трнливиот пат додека стасаме до убавото. Го изодев тој пат еднаш, не фала за повторно. Сакам созреан и стабилен маж. Да биде професионално успешен и финансиски стабилен. Сакам човек со вистинска кариера и кој има доволно знаење во главата од една конкретна област. Да имаме иста/слична замисла за заедничката иднина. Започнувајќи од важни прашања како проширување фамилија, живот град или село...па се до избор на мебел, дестинации за одмор и храна која би се готвела во домот. Да има чисто срце, да не е некој трчилаж или хоштаплер, да биде вреден, приземјен, традиционално воспитан и да нема комплекс да облече работничките алишта и да дреме/работи на градилиште цел ден. Не сакам смисла за хумор или некој да ми изиграва кловн. Сакам да биде сериозен. Не сакам некој со изразени социјални вештини. Сакам да биде повлечен и молчалив. Не сакам некој кој е уметничка душа или слободен дух. Сакам да се понаша адекватно на возраста, улогата и професијата. Сакам милионер. Барем еден да има де. (листава е подолга ама времево е толку во моментов) Кога ќе има скоро се од горенаведеново треба само уште да чуствувам дека ме сака подеднакво безрезервно како јас него. Така да, да, си имам некои мои критериумчиња.
Зборовите на тетин ми за време на еден фамилијарен ручек, беа прогласени за најмудрите што некогаш некој ги кажал. Најди си партнер и ти направи го совршен. Неговите маани сакај ги повеќе од неговите совршености. Не го терај да се менува, не го терај да прави нешто што не сака. Кога бев помала си имав и јас критериуми сакам машко со црна коса и со сини очи... ама надворешниот изглед не вреди толку колку што вреди разбирањето, довербата и слогата. Секогаш кога некој ми се допаѓал јас не сум му се допаѓала него, така да не можам да знам како е да си со некој што ти се допаѓал. Во мојот случај секогаш сум била со некој што посакал да излезе со мене и со тек на време сум развивала чувства( ако ми станел дечко). За некој биле посилни, за некој не толку. Како што созревама сфаќаме што треба да бараме кај партнерот и дали можеме да успееме со него. Јас не би можела уште да кажам зошто не се чувствувам доволно компетентна, но ете сега се наоѓам во таква ситуација кога осеќам дека тој што е со мене треба да е како мене : да биде зафатен и да сака да оствари некоја цел.
Критериумите на просечна жена, на моја возраст или некоја година постара се: не е многу битна убавината се додека тој има солидна плата, не е ни битно како дошол до неа. Сведок сум на безброј врски, сериозни, некои што дошле до свадби, каде сме седеле со другари и другарки во кафич и сме се прашувале што бара оваа со оној? И ќе дознаеш од некаде, татко му имал приватна фирма, он имал продавница за спортска опрема. Аха, јасно е ама она го сака. Пред некоја година упознав една у веро името и презимето и го пишува на беџот. Ја глеав со еден дечко често ја чекаше пред да и заврши смена. Станавме пријатели на фб, оваа фина, културна женска. Од љубопитност кликнав на профилот на дечкото. Еден од главните фаци у УМС, на сите митинзи, статуси против комуњарите. И она го сака можда, али у него глеа можност да се отараси од работата на каса и да влезе у некоја општина за дупло поголема плата. Имав и поинакви колешки слободоумни, де е во врска со еден, па ќе смени статус со друг у рок од 2-3 месеци. И се разочара една сеа и си фати бубалка шо глас не му се слуша. Овој нема пари ни добра работа, ама она знае дека ја сака. Ја чекаше и подголтнуваше, додека оваа се лапаше со мангупот кој е исто без пари ко и сегашниот дечко на оваа и после некоја година ја дочека. Ама ти мислиш сеа она го сака? Сеа и е време за мажење веќе и треба маж што знае дека нема да ја зафркне. Он и е потребен на неа, како што ти треба чекан за да заковиш шајка И сеа замисли да ја чекав ја како овој мисиров, ко да е последна на свет? Имав и други познанички, што пробуваа со мангупите со филолошки шо се менаџери по партиска линија, не идеше. Пробуваа со синот на судијата и мајката доктор, беа откачени. И ќе ја прашаш, добро бе шо бараш со него, не го знаеше каков е пред да легнеш со него? Ама само неа ја сакал, фин бил, без везе приказни ќе ти кажува. А уствари е површна до бола, овој е менаџер и зема 50 000, ја ќе бидам заменик менаџерка ако го земам. И на 25-6 откако ќе ја откачат, ќе ми дојде мене или на некој другар, ти си фин, ти си добар. Она веќе нема критериуми, критериумот е само да биде океј човек, за да почне да излегува со тебе. Кај беше кога ја ти се пуштав тебе? Е сеа имам и фини, натпросечни ќе ги наречам, кои од втора средно се со дечкото. Една праеше 10 години врска, а има само 25 години. Чест ми е што ја знам. И уште една знам, што сум вака поблизок, многу бира, анализира се до детал, ако треба цела година без дечко/мувач ќе е, ама не дава шанси туку така. Секогаш постои тој 1% да ме лаже, али убеден сум дека е на место. Значи 100 луѓе, 100 ума. Да кажам за мене, имам само 2 критериуми, да не ми слуша турбо фолк и да не член на умс или сдс. Не сакам ни да објаснувам зошто. А еден единствен критериум од моментот кога сум во врска е да не пробува да ја искористи коректноста, културата, разбирањето и да проба да ме праи будала. Тоа е црвената линија што е како френдзоната, еднаш влезе во неа, никогаш нема излегување.
@Priroden, наместо толку да анализираш кој со кого е и од кои причини, ти препорачувам да се фокусираш на себе и твојата партнерка, доколку ја имаш. Ако ја немаш, помалку фрустрација, биди природен нели, и ќе се појави.