@Priroden А што како демек сите убавини од женски што се омажиле за некои што имаат приватни фирми или работат во државни гарнитури се мажат за пари??? Ако некој дечко си зема убава плата и да кажеме е на голема нога вие тврдите дека девојката го "ќарела"и му се "лепела" баш за тоа??? Неможам да се изначудам како размислувате со толку плиток ум! И небитно не зборувам само за жените туку и во обратна ситуација. Не дај боже некој да се омажи/ожени со некој што има "повеќе" тие одма се спонзоруши и никакви.
Никаде не спомнав ја спонзоруши. Не се мажат/женат за пари, туку за моќта и сигурноста. Што не се мажат/женат и трчаат по некој без пари? Не без пари, али со просечни примања да речеме. Па заедно да се борат ? Не си се запрашала зошто е почест случајов? Никаде не нападнав никој, ти раскажувам случки што од мене што од пријатели. Што мислиш дали женска попрво би приметила да речеме, банкар со економски факултет пикнат со врски од тате или ист таков дипломец од економски кој не може да работи на струка и принуден е за 10 000 да работи во новите инвестиции? Oд 100 женски колку ќе го приметат вториот? Искрено? Да речеме дека двајцата се културни, нормални, искрени, приближно симпатични. Дали вториот најчесто не е сожалуван? Еееееее колку учеше а работи онаму а нема ни за леб. И како ќе си најде подобра, ама штета што тоа не можела да биде оваа што ја спомнувам. А овој првиот е фин, културен, wedding material? Никаде не зборувам за мене, ниту сакам коментарот да се сведе на лични коментари меѓу нас.
Па како да ти кажам, светот не е црно бел. And guess what? Не се сите во трка по престиж. Само затоа што во твојот случај е така не е во ред да носиш заклучоци, притоа повикувајќи во име на мнозината. Генерализацијата ти е мошне плитка и површна.
@Priroden , до мене ли е, ама твојот пост ми се сведе на умс, сдс, партија и пари?! И ако дечко ми е активен во некоја партија, јас сум со него за да ме бутне некаде на работа? Нов и најбитен критериум изгледа почна да станува политичката (не)определеност...
Не е во прашање престиж. Во Македонија, во прашање е преживување. Одговори на ова еве? Што мислиш дали женска попрво би приметила да речеме, банкар со економски факултет пикнат со врски од тате или ист таков дипломец од економски кој не може да работи на струка и принуден е за 10 000 да работи во новите инвестиции? Oд 100 женски колку ќе го приметат вториот? Искрено? Да речеме дека двајцата се културни, нормални, искрени, приближно симпатични. Дали би ја занимало женската на кој начин влегол банкарот во банката, се додека е фин со неа? Не. И не треба да ја занима. Само не глеам зашо се фати погодена од коментарот, не те спомнав никаде. Ниту пак ова го пишувам од некаква фрустрација. Генерализацијата е многу здрава работа. Пред 3-4 години бев бркан од група луѓе што зборуваа албански. Успеав да им избегам, Ама замисли да ме фатеа и да ме истепаа и да пишев на форумот и ти да ми речеш не смееш да генерализираш. Можда и не треба, ама оттогаш кога ќе видам поголема група студенти/ученици што зборуваат албански се тргам на страна или убрзувам. Така и за врските, ако другар се изгорел на неколку, познаник на други, гледаш да извлечиш некоја поука, ако ги знаеш сите информации без да шпекулираш. Али и треба да знаеш со која имаш шанси, со која немаш. Имав еден колега и се пушташе, ја закачаше една колешка манекенка. Е сеа оваа авион облечена у разни марки, а овој беше од село од внатрешноста. Фин ,имаше просек, се вработи на многу солидна позиција. Ама се глеа дека не се исто воспитувани. Оваа е аристократски воспитувана, со моделството кај се не отиде. Му викав да не се надева премногу и на апсолвентската, колешката дојде со еден познат ракометар. Мене ми е непријатно со некоја која е out of my league. Она е фина, културна, дури и низ град ќе ти напраи муабет 5-10 минути како на работа ова-она. Али треба на 98% од машките да им е јасно дека немаат шанси кај неа. Она мисли дали во Англија или Америка ќе иде на постдипломски, дали во Барселона или Монте Карло на одмор, а обичен дечко за шо ќе и зборува Беровско или Тиквешко? ете @julie77 ми лајкна погоре, прашај ја зошто затоа шо е така ова шо го пишувам и не пишувам од инат или фрустрации.
Критериумот е финансиската независност на партнерот, без да стане збор за спонзорирање и такви ствари. Немаш појма до која мера е навлезена политиката во животот. И колку приватни фирми, се само на хартија приватни.
@Priroden , затоа што си до негде реален. Секако дека хемијата, емоциите и друго не зближува, ама факт дека и интересот си има свое место кога наоѓаме партнер. Кој колку сака нека негира дека финансиите не играат улога, сами себе се лажат. Статусот кај партнерот исто е битен. Како што ти даде пример за дотичната манекенка. Да не давам и јас примери, ама секако скоро секој си бара слично на себе. Ретки се примери каде постојат големи разлики меѓу двајца.
Кога решивме со дечко ми да бидеме во врска мене битно ми беше да искусам само љубов, искрена и чиста. Немав критериум. Средношколци и двајцата, мали да размислуваме за иднината, брак и финансии. Се дојде во свое време, се прилагодувавме еден на друг, на нашите карактери, имавме премногу кавги, недоразбирања, но и двајцата се градевме како личности, а секогаш се сакавме. Никогаш не згасна таа љубов. После неколку години еве и двајцата сега размислуваме за финансиите, се трудиме да заработиме некој денар, да сме независни и двајцата и би се жртвувале за убава иднина. Јас секогаш велам родителите наши ни овозможиле да имаме убав живот, но и ние сакаме кога ќе имаме деца се да им биде пружено. Дечко ми совршен не е, не ни сакам да биде зошто ни јас не сум. Секогаш го поддржував за тоа што го прави, а и тој мене. Јас и тој си пружиме несебична поддршка. Имам мани кои тешко можам да ги искоренам,а нему му пречат. На пример избувлива сум, лесно човек може да ме изнервира... Ако јас тогаш поставував критериуми каков ќе биде мојот иден дечко, можеби и до ден денеска немаше да го имам и да запознаам ваква прекрасна личност покрај мене. Секогаш ќе барав мана во некој друг, следен, нареден... А, сите сме со мани, никој не сме совршени, а посебни за некого ДА, како и тој за нас. Што се однесува на физичкиот изглед немав критериум. Но едно знам дечко ми со тек на годините растеше и сеуште расти во прекрасен маж. Онаков каков што посакував, убав, силен, висок... абре мажиште.
Ти @Priroden ако вака резонираш, a и функционираш, тогаш животот ти е исполнет со стравови, предрасуди и бариери, кои ќе ти прават сериозни проблеми во животот. А можеби треба да се запрашаш зошто ти изгледаат повеќето девојки, како што велиш „out of my league'' и да превземеш нешто околу тоа. Но тоа е твој избор. Немаше да коментирам, ама типови кои се потпираат на туѓи искуства и кои генерализираат ми бодат очи многу. Ете....
Tребаше да останам меѓу 20 души да ме истепаат? Да се соочам со стравовите? Еве приказна од деновите кога не генерализирав. Имаше една девојка во студентски, плава симпатична, ме свиѓаше, цимерите ме зезаа шо чекаш шо не напраиш нешто. И во меѓувреме зборуваа за неа како била певаљка, расипана, менувала дечковци често. И ја мислев дека се љубоморни шо оваа мене ме свиѓа. Се додека во нет кафето во студентскиот, не и исчитав некои пораки. Го забораи она фејсбукот, единствено слободно беше тоа место. Баш едно чиче 37-8 годишно и пиша, ама можеме да останеме љубавници? Се згадив. И сеа да речеме како шо не ги слушав цимерите и не генерализирав, ќе ја фатев за женска и пола дом ќе ми се смееше? Сеа ќе ми речеш не требало да ги читаш нејзините пораки. Не требало, да, ама ако не ги исчитав? Зошто не читаш убаво што пишувам? Треба и да сме самокритични. Не ми изгледаат повеќето девојки out of my league, али има некои кои се. Ја спомнав само колешката манекенка, која ако не дојдеше со познатиот ракометар, можеби ќе дојдеше со музичар, фудбалер. И не ми одговори, да речеме хипотетички, твојата фамилија има фирма, а имаш избор меѓу дечко што има фирма и дечко шо е обичен просечен, неврскаџија и одвај врзуваат неговите крај со крај, ама искрен е, фин, симпатичен. Исто и првиот е искрен, фин, симпатичен. И сеа ми викаш дека вториот ќе го одбереш? Ете постот од @julie77 погоре исчитај го, тоа е се што пишувам, во овие 5-6 коментари.
Сега испадна дека имањето фирма е синоним за финансиска стабилност. Да знаеш само колку ризик има во приватната работа и колку луѓе имаат фирми, ама едвај крпат крај со крај. Во однос на второто прашање - мене ми има пријдено тип што е да речеме добро ситуиран, нешто многу паметен не беше, ама фин дечко. Јас искрено со него не можев два реда муабет да сврзам. Не знам како да ти објаснам, едноставно не се најдовме на иста фрекфенција. Има луѓе со кои при прво запознавање можеш со саати да разговараш на најразлични теми. Ама има и такви за кои сфаќаш дека сте потполно различни светови. Тука ни фирмата не помага.
Фино. Ако не иде со овој, ќе најдеш друг со кој ќе ти иде муабет. Ама помеѓу двајца фини и со кои си имаш муабет, едниот е добро ситуиран другиот не е, изборот е очигледен, тоа го пишувам цело време.
@Priroden, не знам кого би одбрала, од проста причина што додека не бидам со таков избор соочена, нема ни да знам. Јас хипотетички не размислувам за вакви битни избори. Но ако сакаш конкретен одговор, ќе ти кажам и двајцата бидејќи се искрени, фини и симпатични. Јас животот не го гледам црно и бело, туку разнобојно, затоа што е непредвилив. Или да ти појаснам (бидејќи гледам се ти нешто врткаш околу парите ), тој што има пари, утре може и да ги нема, а тој што ги нема, може и да ги заработи.
Priroden, изгледа си помлад па вака размислуваш. Маж што знае како треба со жена не му требаат многу пари. Изгледа не знаеш со жени многу, многу па сега финансиите ти се криви и демек сите трчале по пари. Факт е дека на многу им е битно да е ситуиран и да не треба да му ја мислат понатаму во животот за пари, најверојатно затоа што се свесни дека сами никогаш нема да успеат, па затоа и си бараат таков. Ама, има и исто толку многу мажи со просечни примања ама знаат да заведат жена со понашање, знаат да почитуваат, знаат како да направат да и биде интересно и вртат многу женски или па се во врска/брак со убава жена.
Aма зошто упорно ја сум темата? На овој напад дека не знам како со женска, треба да ти одговорам сакаш слика од мене и женска ми? Koга се што пишувам е болдираното?
Ама ти упорно викаш дека сите се такви, а јас ти пишувам дека не е така. Незнам еве барај некоја добро платена работа или отвори си фирма еве има субвенции од владата за сопствен бизнис направи многу пари, фати си некоја манекенка и нека те копка до крај на животот дали е со тебе заради тебе или заради пари
Другарче, не им нуди на луѓето директни примери, секогаш ќе се фатат буквално за приказната и нема да ја земат предвид поентата која се трудиш да ја доловиш. Ама, немој ни ти толку строго да се држиш до генерализацијата. Да, се сложувам со она секоја генерализација е оправдана, ама исклучоците постојат за да ја потврдат, а ти треба да знаеш дека и тие секој миг може да станат дел од твојот живот. И дефинитивно треба да престанеш да гледаш некои девојки како out of your league, зашто на крајот ќе завршиш со девојка која е under your league. Наспроти тој став дека некои девојки за тебе се недостижни, нели е подобро, како Абракадабра што напиша, да се потрудиш да стигнеш до тоа ниво кое е потребно за да не бидат надвор од твој домет. Ќе работиш на себе. Поентата која јас ја бркам во муабетов е дека човек е она што зацртал дека ќе биде пред 2,5, 10 години. Кога ќе стигне таму тогаш ќе брка партнер кој е на истото ниво, она кое ти го буткаш како поента.
Пак се фати за мојата личност. Иам женска бе, ти реков на овој твој напад слика да не сакаш да ти пратам од неа? Нема шанси ја или некој од мое друштво да фати бивша мис Македонија Верувај, колку сакаш подобар стани ти, не си нејзина класа и не се жалам за тоа.
Еве јас ќе одговорам за себе. Ако имам некој критериум, тоа е ова - тој првиот не би го ни погледнала. Зошто мислиш дека мнозинството девојки се материјалисти? Ептен си огорчен. И што е она со читање туѓи пораки на фејсбук? Ако немаше ништо страшно во пораките, мислиш дека би ја заслужил девојката со такви постапки? Не сум оф топик, баш е на темата. Затрупан си од критериуми и сомнежи. И таков ко тебе не би погледнала.
Браво, помеѓу банкар и работник на линија кои имаат исто образование, би одбрала работник. Секоја чест Читај убаво, заборавен и беше профилот во нет кафе и во тој момент и пиша чичево, не дека и го пробив ја. Aко немаше ништо страшно, ќе беше нешто меѓу нас, шо има потреба да и кажувам дека сум и го видел фб уклучен. Али замисли да не го прочитав тоа шо го прочитав и да ја фатев за женска? E сеа на почеток и ја верував дека цимерите ја оговараат пошо ме свиѓа мене и верувај ќе ја фатев ако прочитав. Кој срам само ќе беше тоа. И оттогаш сфатив дека илјада пати е подобро да се сомневаш и да размислуваш во граници на нормала, отколку слепо да веруваш и да останеш изигран. И супер ми оди. Зошто сум генерализирал? Зашо е така, зашо сум искусил, зашо искусиле другари, познаници, колеги. Зашо сум погледнал подалеку од носот, како што вика твојот потпис. Многу добра изрека, сеа ќе си ја стаам на кавер на фб. Нормално, постојат исклучоци. И кој бе ве учи, дискусии да водите со огорчен си, фрустриран си? Што треба да ти вратам на ова, да ти пратам слика со женска ми од одмор за да видиш дека не сум? Реков за тебе ја нешто? Не? Треба да ти вратам дека си огорчена шо не ја гледаш реалноста? Форум е место за дискусии, не за директни квалификации кој каков бил. Каков ко мене не би погледнала? Не зборувам за пари на дејтови