1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали барате партнер по општо наметнати или сопствени критериуми

Дискусија во 'Врски' започната од julie77, 13 август 2015.

  1. Dreamer-V

    Dreamer-V Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    @Priroden , еве лично јас секогаш би го одбрала оној што ќе ги разбуди пеперутките во стомакот и ќе успее да ја одржува таа возбуда, љубов, потреба секојдневно. Може да е успешен или убав, бивши мистер (аналогно на твоето), ако не предизвикува ништо кај мене не би го одбрала. За мене е посебен оној кој моето срце ќе го одбере. Не, не живеам во бајки. Биди умешен, најди цвет во коровот. Тоа е и поентата на темава, ми се чини:?:
     
    На vitamina и Priroden им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    @Priroden откаде знаеш што би му вратила таа на пораката?
    Плус, ти си и' бил само другар. Има право со кого сака да разговара. Каква и да била. Ти во случајов си полош пример за потенцијален дечко.

    И малку избрзав во изразувањето без добро да те прочитам, бидејќи претходно спомнуваше умс и глупости. Во ваков избор како што наведуваш, пак предност би дала на скромниот дечко што сака нешто сам да направи, отколку тој со фирмата. Е сега, може и тој од фирмата да има визии за сопствени успеси, ама тоа треба да се провери :)

    Во секој случај, моменталниот статус не е никакво мерило. Зошто не би можеле да створиме нешто заедно? Во тој случај сто пати повеќе би го ценела.

    И се' ова е теорија. Може да си пишуваме што било овде, ама вистинска љубов никогаш не можеш да планираш.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Еве ја ќе одговорам на хипотетичково прашање кое го постави @Priroden, затоа што гледам дека не сите ја сфатија суштината, туку се фатија за некои други работи што ги пиша дечково.

    Значи, помеѓу двајца фини, културни и симпатични дечковци, од кој едниот работи со добра платичка со помош од тате или амин од партијата, а другиот работи приватно за минималец, кога би одбрала една девојка?

    Па, ако бира според срцето, односно од љубов, ќе го одбере тој што го сака, нормално.

    Ако е прорачуната и и се битни други работи освен љубовта, ќе го одбере првиот.

    Ако е материјалист и ја интересираат само пари и ништо друго, ќе го фати таткото на првиот.

    Што не е тука јасно? :)


    Истиве примери важат и за мажи, не само за жени, затоа што не би рекол дека мажите се имуни на ова.

    Постојат и материјалисти, постојат и оние на кои им е битен престижот и моќта, како и такви што копнеат да бидат видени и „славни“.

    А постојат и такви што се со некој затоа што го сакаат.
     
    На eloves, fallenangel, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно бирам партнер кој ќе ме поддржува во иднина за моите планови и за остварувањето на моите предвидени цели, а и јас него.Некој кој знае што сака да прави во животов и да знае да ја планира иднината со мене,а не да живее од денес за утре.Партнер со самодоверба, да знае да те утеши кога ќе тргне нешто наопаку и да те мотивира да продолжиш.Да е друштвен,многу малку љубоморен,оти тоа е проблем еден ако е на повисоко ниво љубоморен, не трпам. Нели викаат мажите не сакаат многу паметни жени или пак жени кои заработуваат повеќе од нив, затоа што тоа ги прави помалку од МАЖИ. Епа имаше едно еднаш прочитав дека во таква ситуација all you need is a man with bigger hands.
    Untitled.png
    Тоа за сериозна врска.Но со оглед на тоа што сега имам 18 год. сериозна врска може и да почека бар уште година..Значи тоа зборувам за понатака.
    Тоа би било тоа од мене.
     
    На crazylady, Priroden и julie77 им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Комбинација
     
  6. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Ми треба само заинтересираност,харизма,интелект,манири и став :) .
     
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Таман ја отворив темата, си се развила убава дискусија.Арно ама, ми скршнуваше понатака.Индивидуален избор е во прашање.Џабе е цитирањето на мислењата пропратено со просветлувањето на другиот.

    Има момчево дуќан и работи.Бевме разговарале за животни определби, што е она што на двајцата ни е битно.Животов си го гледа низ призма на забава, дискотеки.Нему не му е битно што понатака, оти тука е тате да му ја предаде работата.Останатите ги гледа како заостанати кои со сопствен труд се издигнуваат и самиот се класифицира во посебна група луѓе со постојано потенцирање во прво лице еднина.Си споделив и мое гледиште, ама одма контра да се одело.Не чинеле тие мои погледи на животов, не вредело да си ја замарам главата.На изглед, убаво дете.И сега, што? Ајт, на вакви шамар ми доаѓа да им залепам.

    Ако веќе е до степен на барање, радо би тргнала по скромен дечко со фреквенција на мислење без многу отстапки.Што се однесува до убавина, ако ме освои со асален муабет и си тече од моја страна со зборување до толку што срамежливоста ја тргам настрана, целосно совршен ќе ми се виде.Уште само ми фали он мене да ме најде. :wasntme:
     
    На eloves, Vilince, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    За материјалноста што го искаравте дечкото, еве јас прва реков, пред да го запознавам подобро го бирав да има свои пари, свое место на живеење, а и кола не е на одмет. Друг е човекот излезен од дома. Колата по можност оти досадно е да си нечиј шофер ама се трпи. Но да живее со неговите, не не не, најубав на мајка, никако. Не може човек да ти парира кој на секое твое јас ќе ти одговара со ние вака и за пример не да нагаѓа теоретски туку да научил како да пере под чешма, или сам да дошол до заклучок дека лебот се чува на темно и се јаде не по колку дена е стар туку додека не стане модар.

    Има врска лигата, во секоја смисла и нема потреба да се преценуваме со ама ако работиме на себе. Помири се, поарно, и заврти се околу себе или ќе останеш сам. не станува збор за само финансии, изглед, туку сосем друг стил на живот и социјални кругови. Како мене фудбалер од премиер лига ми бил надвор од лига, така и јас сум била надвор од нечија туѓа лига(кој не исполнувал критериум погоре нели, а јас сигурно нема да чекам некој со обеќања и години да излезе од дома).

    Тоа што не ми се допаѓа во мислењата кај дечково е, што на манијачење ми личат неговите извори на research за со каква девојка да не избере да биде. Другата работа беше која ја спомна како помлада девојка оди по „лоши момци„ заради добар провод а после бара мирен да се омажи. Ај сега, оти нели младите машки не легнуваат се што носи суќна и шири нозе а кога решат дека стигнале за женење бараат невина (втор да им е де :P).
     
    На green.eyes, julie77, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Знам дека никогаш нема да изберам некое "џекче" што има i-phone 6,а куќата не малтерисана 20 години.
    Или вози мерцедес некоја си ес класа,а во собата уште со креденецот од баба му...
    Едноставно чувствувам аверзија кон ваквите типови.Тотална камуфлажа ми се.
    Леле па колку ги има во последно време....

    До лани ми беше ок животот да го поминам со некој и со 8мо што бил.
    Што нема никаква амбиција и гледа и со последните пари да излезе в чаршија,само за да го "видат"
    Како не искусна не знаев да правам разлика...

    После овај партнер што ми е сега.
    Доста строг во своите ставови,и однесување.
    Никогаш не би фатила некое теленце,што се би ми нудел на тацна.

    Некогаш е возбудливо кога двајцата партнери се излезени од различни светови.
    Но понатаму може да биде вистински проблем и настанува несоодветност на темпераментите.
    Но како и да е,жените секогаш се прилагодуваме на мажите










    .
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.588
    Колку тажно би било да бараме просечен маж :( Која е возбудата, кое е задоволството да се задоволиш со некој обичен маж? Мажот треба да е поинаков од другите за да ме освои. Еден од критериумите за маж, кога веќе би морала да ги напишам, е и тој да е поинаков.

    Стандард маж, дечко кој прави се шти така му е наметнато од општеството може да е толку досаден, што не верувам ни дека би отишла на втор состакок. На пример, да се облече како сите, да носи брада и репче ко сите, да уплаќа спортска секој ден, да не е спортски тип, да оди на кеј да трча само да гледа газови, да излегува онаму каде што е извикано место, а не некое кое нему му е пријатно. Да ме вика дома на филмчиња, а да ме кани на секс, да нема прочитано барем 200-300 книги, без да ги броиме лектирите во основно...

    Да има барем основни познавања за некои работи, да знае странски јазик, да користи интернет и за други работи освен за ФБ, порно сајтови и резултати од спорт...

    И најбитно, да не се плаши од мене. Еден период излегував со неколку мажи по ред, кои толку многу се плашеа од мене, што мислам дека еден почна и со Вие да ми се обраќа. Сакам силен маж, кој ќе се труди да е доминантен, а мојот збор последен.

    Битно е да е поинаков. Да ме зачудува со ставови и дела, да имаме муабет за терористичките напади во седумдесетите на авиони, никогаш да не ми вика убави ти се ноктите, туку убава ти е душата. Е тие се ретки.

    Факт е дека на скоја својот маж и е посебен, ама битното е дали кога го бирала, спуштила критериуми, се задоволила со обичен маж, па сега е поинаков оти е нејзин, или е вистински поинаков?

    ПС. Многу битно ми е девојки да се вртат по него :) Значи сакам и да е убав. И мудар.

    ППС Изборот на партнер кажува многу за нас, колку се цениме, се сакаме и почитуваме. Затоа, ако одбереме маж ради поршето, значи дека сме продадени. Ако одбереме маж поради платата, исто. Ако е ради убавината, површни сме. Ако го одбереме поради интелектот, значи дека дораснати сме на таков човек. Ако одбереме пропалица, пијаница, коцкар, наркоман, тоа покажува дека толку и заслужуваме. Затоа треба да се бира комбинацијата од се, со некои кренати некои спуштени критериуми. Не сакам утре да се разбудам гола и боса оти некој ме прокоцкал, ми ја продал куќата или се предозирал, па да се влечкам по болници.
     
    На eloves, Vilince, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Алелуја за потенцираното, посебно за болдираното! :clap: Ох колку ми е битно да го немаат тој некој нереално блесав страв ... Прво од мене, па од себе, а најважно од емоцијата која им испливува на површина ... :| Ама ај ... како да им го држиш тој страв?! (hollest)
    Едниот од критериумите ми е маж кој посакува, има потреба и цел му е силна жена, ама и се труди и да ја има до себе.
    Инаку мене комуникацијата, муабетот ми е афродизијак. :wasntme: Ако го имам на тони, и во него можам да испреплетам муабетчиња на теми од секс до теории на заговор ... Е тогаш дотичниот има pass. кај мене. 8-|
     
    На kjukli, Priroden, Captain-Omni и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Сум поставувала критариуми па ме привлекло нешто сосема друго.
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Се извинувам што малку доцнам одкако замрела дискусијава но немав компјутер при рака.
    Се што опишавте во темава мене ми е просечно. Секојдневно. Не гледам ништо посебно. Си мислев којзнае какви криетриуми имате, ама знаете што, и критериумите ви се просечни. Се што спомнавте како надвор од шаблон, посебно, надпросечно и слично е всушност многу секојдневно и многу лесно може да се најде. Јас барем секој ден налетувам на некоја таква посебна, исклучителна личност, со титули, дипломи и чуда, некои луѓе имаат неверојатна харизма, има и намќори да. Не зборам само за мажи туку и за жени. Дајте да искочиме негде да ве запознаам со некој/а таков/таква, ама што правиме ако и тоа не ви се допадне?
    Кога се запознавате со некој, ако не ве удри одма хемија тогаш глејте ги критериумите, можеби ќе се заљубите во критериумите. Од друга страна, ајде да прашам вака.
    Кога се запознавате со некој, многу што ви се допаѓа, осеќате хемија и што правите понатаму?
    Уште сакате да видите дали ги исполнува вашите криетриуми?
    Како ќе го дознаете тоа?
    Дали директно ќе му поставувате прашања?
    Дали ќе го прашате колку има на трансакциска или ќе му побарате имотен лист?
    Што ако и покрај хемијата не ги задоволува вашите критериуми?

    Исто така каде што ќе се створи љубов и хемија нема личности кои може да ти бидат „надвор од лига„. Ок сега, знам дека неможе да се сретнеме со Бекам во ист клуб или слично, ама може со некој локален бизнисмен. Што ќе му пречи на него ако јас сум локална сељанка, а тој се заљуби во мене. Тотално различни света, ама јбг хемија. Се друго се средува. Проблемот е кога се ти е средено, а немаш хемија. Многу поголем проблем.

    Премногу се замарате со другите луѓе, што ви е гајле дали некоја смотана девојка фатила богат дечко. Па не си и во кожа, може стварно го сака, може само парите му ги сака, ама што тоа ве засега вас. И него парите ли го прават надпросечен, а она кутрата просечна...

    Точно, компромисот неможе да те направи среќен. Но никако неможам да се согласам со болдираните делови. Не, не, не, љубовта и не бара компромис и баш е таква каква што си пишала дека не е. Се случува баш така бааап, на прв поглед, е тогаш ако нема хемија џабе ти е дали ги исполнува сите критериуми или ниеден. Ако се случи тоа верувај ни еден криетриум нема да ти биде важен, ќе го сакаш комплетно каков што е, може ќе биде женет, разведен, со 5 деца, сиромашен, пребогат, мангуп... Може да е се што несакаш, а да се вљубиш и да има неверојатна хемија, каква што не ти се случила до сега да речеме... Е поната ако почнеш да размислуваш дека не ти одговара по овој или по оној критериум, почнуваш да го игнорираш срцето. После доаѓаат калкулациите ама џабе е, срцето го сака него таков каков што е. Некои остануваат, а некои ќе си отидат ако не им одговара ама хемијата ќе остане да те прогонува. Кога има и љубов и хемија може да се постигне се, да се поместат и планини, ама ако се почне со калкулациите ќе продолжиме да си бараме некој според листата и кога ќе го најдеме може да не е тоа тоа... Според мене џабе е се ако нема хемија, љубов или што и да е тоа што не поврзува духовно со некого и ниеден критериум неможе да го надомести тоа.
    Хемија не значи дека нема да има расправии и перипетии, секако дека тоа е составен дел од животот. Идеално нема никогаш ништо да ни биде, барем да е љубовта идеална...

    Ахх Капетане, ако, еве ќе ти покажам каде се окарактеризувате како такви. А Џинџер се изјасни во СДК, не е прферлено тоа мислење.
    Во болдираниот дел потенцираш дека ти си над просекот оти нели твојата девојка е над просекот.
    Тука Џули потенцира.

    А што значи надвор од просекот ако не надпросечен или евентуално подпросечен? Хмм, многу филозофии и заобиколување.
    Воопшто не ме изнервира, снобови не ме нервираат, но морам да ти кажам и дека си далеку од сноб иако сакаш да се прикажеш така. Критериумите за партнерка ти се многу нормални, но пак се во шаблонот, зошто 99% од мажите сакаат таква партнерка покрај нив. Никој несака девојка што незнае да склопи една реченица и што само знае да шири нозе.

    И јас за себе си имам високо мислење, знам што сакам во животот и се стремам да го добијам тоа. Не мислам дека сум најдобра, најубава и најуспешна, ниту пак дека заслужувам нешто најневеројатно. Го сакам тоа што сум, го сакам моето секојдневие и луѓето што се дел од моето секојдневие, си го прифаќам животот каков што ми е и се стремам да си ги исполнам желбите. Не се сметам за посебна или над просечна, за мене сите луѓе се на исто ниво. Немам хиерарскиска скала по која ги делам луѓето на директори и физички работници, двајцата се ЧОВЕК. Едниот не вреди повеќе од другиот.
    Поради тоа што јас за себе си имам високо мислење не значи дека другите луѓе треба да ги гледам со потценување и да барам партнер според тоа. Баш поради тоа што си се сакам себе си и затоа што навистина знам да сакам, се што сакам е да имам љубов, а другите работи ми се споредни. Со тој што сум нашла љубов и хемија, ма не ми е битно каков е. Го сакам и прифаќам таков каков што е, зошто да беше нешто повеќе од тоа може и немаше да се сакаме толку. Човекот што го сакаш ти е совршен и точка. Не го сакам поради тоа што е, туку тоа што е прави да го сакам. Го сакам и кога се караме, кога се инаетиме, кога неможеме да се согласиме и договориме. Кога немаме пари и се трудиме да заштедиме, кога гледа фудбал, а мене ми е предосадно, неговите маани... Комплетно бе, се може да се среди и од ништо да се изгади нешто ако го имате оној специјален однос кој само љубов и хемија може да го направат.
    Ако некој не ме сфати да кажам уште еднаш дека немам поставено критериуми и стандарди кои треба да ги исполнува мојот потенцијален партнер. Ниту општо наметнати, ниту сопствени, никакви критериуми немам. Бев со 100% отворено срце и мисли, без калкулации и дозволив да ми се случи љубов, само чиста љубов. А понатака кога се запознавме, паа... не сме нешто многу слични, не сакаме скроз исти работи. Различни типови на луѓе сме, различно сме растени и воспитани, а од друга страна се што прави ме усреќува, исто и јас него. Незнам како да кажам, абе убаво ни е.
    Престанете да размислувате толку ограничено и да ги гледате луѓето само со интерес. Неможе да ги обликувате луѓето како што вие сакате. Најдобро нешто што може да направите е да си го отворите срцето и да му дозволите да почувствува љубов, според мене тоа е вистинска среќа што никакви пари, коли, куќи, дипломи, титули и слични работи неможат да ја зменат или надкокнадат.

    Ако во вашиот критериум стои дека сакате дечко со:
    - пари - сами заработете ги
    - кола - сами купете си (биди ти фраерката што ќе го вози)
    - куќа/стан - абе направи нешто со свои раце, не чекај на туѓ грб и на готово се
    - диплома - биди ти таа што ќе го мотивира
    - бизнис - отвори си сама стоко!
    - јака професија - а што постигна ти ма? ајт мрш таму, да те видиме тебе дали ќе успееш да се вработиш на јака позиција.

    Бај бај.
     
    На eloves, mimiiiii, jovanovska94 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Nikogas nemav nekoj kriterium.Ednostavno znaev sto ne sakam mojot decko pa i soprug da ima kako osobina vo karakterot.Obrazovanie ne mi bilo vazno,pari uste pomalku,so mm nemavme nisto,se sami si postignavme.
    Vazno mi bese da ne bide od onie koi se znaat i sekogas se vo pravo,da ne e nasilnik i da ne umira od zelba za da komanduva.Nikogas takvi licnosti ne me privlekuvaa.
    Mojot bivsi gi poseduvase tie karakteristiki,ne znaev koga ja pocnavme vrskata no se uci karakterot i se razdelivme posle 1god i 6 meseci.Zatoa nekogas koga citam po forumot za problemi vo vrskite mi se cudni licnostite koi ke kazat go sakam nemozam da go ostavam..I jas go sakav no mnogu poveke se sakam sebe si.
    Mm e dobar,sekogas znae da me nasmee,sekoja den mi pokazuva deka mi veruva i me saka i sekogas me podrzuva.Ima prekrasen karakter.Normalno ima i mani no koj gi nema..
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Скроз се согласувам со Мимс, ама скроз скроз. Отсекогаш ми било најбитно да имам само љубов и хемија.
    Никогаш не сум имала никакви критериуми од кога знам за себе. Како помала (сега имам 25) ми било најбитно да имам некој кој ќе ми биде најдобар пријател, кој ќе ме разбира и сака. Од тогаш ништо се нема променето. Се е исто. И не знам како, но секогаш ми се допаѓал некој на кој и сум му се допаѓала. Сакам да кажам, никогаш во животот не ме привлекувале пример некои типови што седеле на сепаре или се журкале по дискотеки ... не сум ги приметувала, а веројатно ни тие мене :)
    Затоа ми е чудно кога некој ќе наброи милион работи што треба да ги поседува еден дечко или девојка. И ми е претажно кога некој го има "она" до себе но го пропушта ради тие пусти критериуми.....
     
    На Mama25 и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Значи зборуваме да, за хемија ама и физика и др придружни науки. Да, хемија ( Божеее мој, се подразбира) и секако критериуми по кои некаков профил на партнер посакувате. Не рековме дека треба ко пијан за стап да се држиш за истото, критериумот.
    И не сме саде нарциси тука, гледајте малку по објективно на туѓото размислување, став, whatever.

    Благодарам и пријатно. :bow:


    П.С. Слободно нека си тече дискусијата, делењето ставови и мислења на темава, мило ми е за тоа. :)
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Дискусијата си тече фала Богу. Не си ставаме тука нож под грло дека мора да е така јас како што викам или некој друг како што мисли дека е правилно. Секој со својата животна филозофија, не дека нечие мислење на форум може да ни го смени ставот и слично... НО мене ми боде очи што изнасувате тука такви мислења, а после неможете да си ги поткрепите и не одговарате на поставените прашања.
    Како и да е, јас тоа го сфаќам ко „немам што да кажам„ па не ми е интересно повеќе... :yawn:
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мимс. Ти сфаќаш дека јас немам потреба да ти се објаснувам тебе или пак било кому. А исто и членовите кои ги посочи. Толку.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Да ми се објаснуваш?:^)
    Мене не ми требаат објаснувања, целта беше да ме демантираш, да се развива дискусија. Лично воопшто не ме засега да ми објасниш.
    Ти цело време објаснуваш како се водело дискусија, како треба да прифаќаме туѓи мислења и слично, се радуваш што се развило дискусија, а од друга страна несакаш да дискутираш. Јас ги прифаќам туѓите мислења навистина и затоа и поставувам прашања, ме интересира што би направиле луѓето што имаат поинакво мислење од моето.
    Па што ми е мене гајле што сами плукате по тоа што го пишувате и пишувате само колку да се направите нешто јакички со јаки критериуми и после пуф - незнаете како да се извадите од работите што ги изнапишавте.
    Така да биди мирна, немора да се „објаснуваш„. :D
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.361
    @mims-89 еве јас да кажам збор два.
    Бев идеалист.
    Верував дека љубовта и хемијата се најважни, дека се додека постои истата ниту една препрека не е ненадминлива, ниту еден проблем не е нерешлив, дека јас и он сме најсилни и заедно можеме се.

    Дека сме единствени, посебни и безвременски.
    Трпев, се жртвував, патев и мачев во име на таа љубов бидејќи само таа ми беше доволна. Бидејќи ништо друго не беше пресудно.
    Гледав на сето тоа како добиток. Заедно созреваме, печалиме, создаваме и повторно се осознаваме еден со друг одејќи го тој трнлив пат.

    Ама не се живеело само од љубов.
    Не се живеело со некој кој карактерно не ти е компатибилен, не се живеело со некој кој не е спремен за предизвикот и обврските кои ги носи заедничкиот живот, не се живеело со некој кој сеуште лета со паметот, не се живеело со некој кој е на различна фреквенција.
    Не се живеело со некој кој секојдневието ти прераснува во борба а не предизвик и уживање. Не се живеело со некој чиј соживот се прави секој ден се поуморен и поисцрпен.


    Листата на особини кои ти пречат расте секој ден, но нели си инвестирал и години и емоции. Се држиш за таа нишка наспроти маните кои ги приметуваш и нештата кои ти пречат.
    При една сеанса ни беше кажано дека на некои им е потребна помош за да ја спасат врската/бракот, а на други помош за да сватат дека нема ништо за спасување.
    Некои испаѓаат од таа бездна и ја спавуваат врската можеби, но оние кои нема да го сторат истото знаат со што не можат да испаднат на крај во иднина.

    После таа љубов јас знаев што сакам а што не сакам.
    Ете од каде се моите критериумчиња.
     
    На Belgin1, Dennings, eloves и 11 други им се допаѓа ова.