Многу пребираш ама ти си знаеш. Малку повеќе проценуваш на некажано јас само ти ја објаснив статистиката. Кога веќе зборуваме за % и за тие околу мене да ти кажам мешано е. Околу 40% се паметни и згодни и не многу слаби и ретки. А останатите % се за жал она што го велам јас се прават глупи а не се. Баш напротив се паметни а изиграваат глупоќа. Како и да е фала на одговор. @mira.mira токму така. И ја би сакала таков човек со карактер и воспитување што се вика, без оглед дебел, слаб важно има некои карактеристики.
Не се задоволувам со малце и секако дека ќе пребирам јер знам колку вредам. Не дека е невозможно, ете имам таков дечко покрај себе. Јас сум академски граѓанин. Не би била со маж на кој достигнување му е 2ка за да помине година. Друг пример, јас вежбам, внимавам на исхрана и физичкиот изглед. Нема да бидам со дечко кој има пивски мев, јер тој мев не е од ништо друго туку од прекумерно јадење и недоволно физичка активност. Не ми е секси да гледам маж кој е дебел, кој има мрсна коса или несредени нокти. Јас не се држам до статистики. Познавам секакви девојки, од типични глуперди кои глумат лудило, па девојки кои се интелигентни ама недоволно социјализирани, девојки кои се просек и во изглед и во умот. Можам само да кажам дека најголем дел од девојките се просек, ама дека оние се такви а овие овакви - не можам да се согласам.
За вкусови и карактери не се расправа. Ти кажуваш за себе а ние си правиме општ муабет. За жал не се согласувам со последната реченица.
После 20+ години кога ќе имаме свиснато стомаче од 1-2-3 бремености, стрии, брчки, целулит, екстра масни перничиња на места на кои сме ги немале до тогаш, ќе ни стане јасно дека единственото што останува трајно, е духовното.. љубовта, разбирањето, почитта.. Ако некој бира само авиони во младоста, во староста се останато ќе му биде непривлечно и на крај ќе мора да се помири со фактот дека од убавината останала само онаа внатрешната Џабе му се и најдобро дефинирани стомачни, ако се друго на списокот не исполнува.. Еден ден ќе ви стане јасно, откако сите принцови ќе ги бакнете, па жабите ќе останат на репертоар П.С... јас не задоволувам критериуми на авион, ниту на некоја риба а ла сирена стил, ама задоволувам на крапче. Или ајкула, сеедно. Може затоа имам вакви критериуми, што некој би ги нарекол - ниски.
Ти рече дека имам висок критериум, па објаснив зошто. Затоа е и дискусија, да се согласувавме немаше да биде интересно. Апсолутно се согласувам. Но, за да бидам со некоја личност, таа пред се мора да изгледа добро. Визуелен тип сум, па џабе правење муабет со саати кога тој маж со пивски мев мене во кревет не би ме привекол. Грижата за физичкиот изглед и образованието се дел од карактерот, или барем, јас така гледам на тоа.
Затоа и велам .. јас задоволувам некои критериуми - не сите, па си имам и свои барања.. Некои ги задоволуваат сите критериуми, па си бараат сличен на нив Во суштина поборник сум на она - не барај нешто што и сам не можеш да го понудиш Ти можеш, па бираш. Јас не можам, па барам блиски на мене Крај краева не се сите визуелни типови Еве јас не можам да завршам со некого ако само визуелно ме привлекува. И ако се случи тоа, повеќе од една вечер сигурно нема да биде
Јас реков дека се преценуваш во смисол кога ти би раѓала ќе соочиш со стрии, стомаче кое виси,целулит и кога тонираниот маж до тебе ќе го види тоа, ќе ти рече "леле каква си,среди го тоа" наместо паметниот кој би те разбрал дека си жена,мајка и дека истото се средува, не целосно но колку толку. Сепак тоа е мое мислење.
Далеку од тоа дека јас ги задоволувам сите критериуми, ама знам како изгледам и не сакам маж кој нуди помалку. Целосно се согласувам со болдираното - секое лонче си има свое капаче. Може и ја сакам да сум снаа во кралска фамилија ама немам сина крв. Кога веќе дискутираме за врски, пред се треба карактерот да се совпаѓа и погледите на светот. Амбицијата е особено битна. Ама за да дојде до ова, луѓето мора да се привлечат на некој начин. Лепота е субјективна ствар. Можеби физичката привлечност на дечко ми, тебе не ти е ништо повеќе од просек или едноставно не е "твој тип". Можам да сумирам дека од причина што сум визуелен тип, за да воопшто дознаам дали мажот задоволува други критериуми, мора да ме привлече физички. Епа тоа и го објаснував погоре. Значи јас работам на моето тело и не сакам до мене некој маж кој не му е битно како изгледа. А не може никој да ме убеди дека "никако не може да ослабне". Може ама треба воља и посветеност. Сметам дека луѓето (и мажи и жени) кои не водат сметка за физички изглед едноставно не им е тоа приоритет во животот. Сега, да ме сфатите погрешно, физички изглед не би смеел да биде приоритет, ама и те како е битен. Мене лично ми е во топ 3. Пак генерализираш. Згодниот маж може да биде и паметен. Па освен моето тело да го привлекува и мојот интелект, поглед на светот, амбиција итн итн.
Ти кажуваш за себе пак ќе кажам. А овдека правиме муабет за дебели мажи и слаби девојки во in love. Поточно никој не те праша ти дали би била, туку прашањето гласеше со барате со дебели мажиња. Тука не правиме муабет за тоа каква си ти и не се преценуваме. Еве според мене тие се ради карактер + привлечност во пакет. Јас не велам дека слабиот маж го нема тоа само тие толку не гледаат памет туку гледаат колку им е убава половината до нив,згодна и јака а дали има памет или не и не е толку важно.
Ти можеш да си најдеш некој со стомачни, убав, згоден, паметен, но луѓето со текот на времето се менуваат. Можеби ке се мажиш со него, па после години тој ке се здебели, дали ке го оставиш поради тоа што е дебел и ке го занемариш останатото? Сигурна сум дека тогаш нема да ти бидат битни стомачните. Ни ти нема да бидеш иста после 2-3 дечиња. Физичкиот изглед е најмалку битен ако бирате некој со кој планирате да го поминете животот.
Не знам дали ги прочита претходните мислења. Кажав дека за да бидам со некој маж тој мора да ме привлече физички, а тек после тоа да задоволи останати критериуми. Јас никаде не реков дека ќе го оставам ако се здебели, ама од карактерот зависи дали тој ќе направи нешто по тоа прашање или ќе остане дебел. Исто е и со жена: ќе роди дете и најверојатно ќе се здебели, ама од неа зависи дали ќе остане дебела или ќе смени режим на исхрана и ќе почне да вежба . Вака гледам на работите: јас поради лична сатисфакција сакам да сум згодна. Тоа ми ја крева самодовербата и прави да се чувствувам посекси. А ако јас се чувствувам посекси тоа ќе го забележи и мојот дечко/маж. Ниту тој мене, ни јас него нема да го оставам ради некое кило вишок, ама вишок килограми се проблем кој лесно да се реши, Па, освен љубовта која ја чувствуваме, кога ќе ме погледне и обратно, јас него кога ќе го погледнам сакам да почувстувам физичка привлечност. Јас зборам за себе дека физичкиот изглед ми е битен.
Самодоверба не се гради преку физички изглед, самодоверба значи да се сакаш себе си таква каква што си. И најчесто ќе слушнам мислења од типот "ми рекоа дека сум дебела грда и ми се намалува самодовербата..." не не тогаш ти не се сакаш себе си и дозволуваш таквите работи да ти влијаат. Нели ти беше интересно да дискутираме различно, што се нервираш сега.
Ако некој си дозволи да запусти убава и згодна надворешност, самиот си го упропастил животот. Во здраво тело, здрав дух, ти текнува?
Јас се сакам себе таква-каква што сум и имам многу високо мислење за себе. Мојата самодоверба е на повисоко ниво кога сум послаба и кога, да речеме, лицето ми е чисто. Тоа се работи кои зависат од мене, нијанси се во прашање. Посекси се чувствувам кога стомакот ми е рамен а задникот затегнат. Не дека немам самодоверба кога имам некое кило плус, ама дааалеко посекси изгледам кога ќе имам идеална килажа. Мојата самодоверба не се намалува, само оди нагоре. Не ми влијае на психата доколку некој каже дека сум дебела, а уште помалку ми влијае ако некој каже дека сум згодна а јас не се чувствувам така. Мојата самодоверба зависи единствено од она што јас го гледам во огледало. Не се нервирам, си дискутираме.
Ако се сакаш тогаш нема да имаш стереотипи и нема да се преценуваш. И можам да ти наведам милион примери во врска со дебелеење и слабеење ама не сакам од причина што повторно зборуваш за себе. Убава вечер.
Да го бирав по “иделанта замисла за партнер“, никогаш немаше да бидам со него. Но, еве не година и осум месеци наскоро. А, тој е поубав и позгоден секој ден се повеќе и повеќе И на почетокот беше бомба, ама малку плишано мечеста бомба. За ништо на светот не би го заменила. И да, карактерот беше пресуден и те како. Јебига, права премија на лото