Јас на пример , ги бирам по карактер . Ми се додворувале многу поубави момци од сегашниот партнер , но сите или биле лажговци ( сум ги фатила лично на дело ) или пак биле нестабилни во одлуките . Кога едно е*ано кафе го презакажуваш прво 2 часа подоцна а потоа и 2 дена подоцна .. што да се очекува за поголеми одлуки понатаму во животот од таков човек Секогаш сум сакала човек кој кога ќе каже нешто , стои цврсто зад тоа . И прифаќам да има авантуристички дух , но секако кога се има време за авантури
Јас бирав по спуштени критериуми од околината, по муабет од типот "не очекувај дека ќе најдеш некој кој ќе биде амбициозен како тебе, кој ќе биде интелигентен како тебе, кој што секогаш ќе разбере што зборуваш". И не бев среќна, имав некој за излегување кој не ме исполнуваше интелектуално, со кого немаше поента да разговарам за мојата работа или за работите кои ме воодушевуваа или интересираа. Бев во врска а бев поосамена од било кога, времето поминато со него ми беше изгубено време. И така, полека ги кревав критериумите, се повеќе и повеќе. И посреќна бев сама отколку во врска која не ме исполнува. И така го сретнав него, совршен не е, ама е совршен за мене. Ги сакам сите негови мани, сакам како се чувствувам покрај него. Му ја обожавам смислата за хумор, се обожавам себе си покрај него. И најбитно, не ми го менува животот, се вклопува совршено во него. Немам потреба да се менувам, немам потреба да размислувам што ќе кажам, немам потреба во никоја секунда да размислувам што ќе кажам, дали ќе ме разбере или како ќе ме разбере. Религија, образование, финансиска состојба, општествен статус и сите останати работи ми се тргнати на страна, битно јас сум среќна. И така ќе ги учам и моите деца, да не попуштаат на критериумите и да распознаат што е битно за нов а што за сите околу нив. Прашањата на баба ми: Што работи, дали има факултет, кај живее, дали има куќа, стан, какви се неговите... Тоа може да остане на страна. А да, какви се неговите донекаде ми е битно, каков однос има тој со неговото семејство - таков ќе има и со вашето, кога еднаш си оформите. Ако семејните односи се непостоечки или нарушени - тогаш многу е веројатно дека и вашето семејство нема да биде најфункционално. И не зборам тука за баби, дедовци и петти братучеди, едноставно, каков однос има тој со своите родители.
Не се некои „критериуми“ колку што е некој мој вкус, ако можам така да го наречам. Од физички особини никогаш не ме привлекувале ќелави мажи (особено сосема избричена глава), големо НЕ ми е влакнест грб и не сакам набилдани, со мускули, коцкици итн. Не е дека не сум се потрудила, но едноставно тие типови на мажи автоматски ги прескокнувам. Сакам или слаби или буцкасти (дебели). Останатите физички карактеристики може да се помалку или повеќе било какви. Во однос на карактер, некако повеќе ме влечат мирни и повлечени типови, но се си зависи од индивидуата. Има и екстровертни пријатни и харизматични луѓе, така што не пребирам однапред, туку гледам со кого ќе ми оди муабетот убаво. Доколку е пушач, исто така е „не“. Е, сега, го имам пишано и во друга тема - пребирам малце кога е образование во прашање, ако нема факултет (па каков и да е) некако веднаш се разочарувам. Тоа го сфаќам како особата да не вложила во себе на повисоко академско ниво, не ги поминал студентските денови, искуствата на факултет, тој целиот процес, кој мене лично ми е многу важен. Сметам дека секој/а од нас си има некои критериуми, и доколку не се претерани и нормално е да ги имаме. Едноставно си правиме природна селекција на особи кои сметаме дека би ни одговарале.
Ама насловот на темата со воведот си нема врска. Кои се тие општo наметнати критериуми? Општите критериуми можат да бидат на насловните страни од списанијата, а можат да бидат и критериумите на вашите веројатно просечни луѓе од комшии и останато опкружување. И од каде тоа дека ако некој бира по сопствени критериуми, бира натпросек? Можеби има поставено ниски стандарди
Јас барав партнер според сопствени критериуми. Не дозволував други да ми го бираат партнерот. Маж ми е обратното од тоа што го замислував. Ама пак ни успеа.
Јас барам според сопствени критериуми ама тешко дека ке најдам хаха.Сакам искрен,убав,добар,образован,современ и сл.До сега на сите им фалеше нешто..Или се болни од љубомора,или имаат фаца како на мајмун,или лажат,или пушат и те контролираат.И ако бидам со некој од тие такви ке се мрдам од памет а и не ми треба таков до мене.Баш од овие причини до сега не сум имала дечко.Другар ми почна да се плаши дека нема да научам да се мувам до 25 год.
По сопствени критериуми секако. Мене ми е битно да ми одговара партнерот, а не на другите да им одговара.