Дали бирате партнер според професиjа!? Mуабетот ми беше дека не сакам адвокати. А и не знам која жена би сакала нејзината домашна приказна да е - ‘мама носи, тато меси‘.
Дали бирате партнер според професиjа!? Адвокатот ми беше метафора , немора да е адвокат било која висока работа де.... Браво за искреноста , тоа се поштува и докажува дека мислејки на иднината економијата е фактор во одлуката тука испадна никој не гледа професија .... а да ве прашам , чисто ради реда ... што работат вашите дечковци ? .... и дали некогаш сте биле со дечко кој продава семки , чисти ѓубре на улица или се вози со Garbage truck .... ? Келнер и Шанкер не се лоши работи ниту пак понижувачки тие се сепак 2-3 класи погоре од предходно наведените .... Сепак останувам дека само 2% еве ај да не испаднам лош 5% од девојќите се како Трендафилка
Дали бирате партнер според професиjа!? Дечко ми е типичен пример. Кога го запознав имаше завршено факултет, но не можел да најде работа па црнчел во странство неколку месеци и се вратил тука да си ја проба среќата. Патот низ кој поминуваше за да стигне да се вработи беше многу трнлив, со многу падови, молења, но најбитно тој никогаш не се откажа. Беше амбициозен, сигурен во себе, сакаше да работи и се вработи. Почна како обичен работник, за после месец дена одма да го унапредат. Јас што требаше, кога видов дека е без пари да го откачам? Напротив, секогаш му бев подршка и секогаш верував во него.
Дали бирате партнер според професиjа!? Нешто што ми го има речено е Се додека јас сум здрав и прав никогаш нема да гладуваме. За тоа никогаш да не се секираш. Таков човек јас барав, да не биде мрза, да не биде се на мој грб да остане. Што дека би имал некоја си почитувана професија, ама да остане без работа ете, не би сакал ништо друго да работи, ни па да мрдне со прст. Што тогаш? Ќе имаш маж со професија? Не би рекла. И не би сакала таков.
Дали бирате партнер според професиjа!? НЕ !!! Никогаш не сум гледала што работи, како работи.. Но, да неможам да негира дека сакам да работи и дека тоа навистина ми значи многу. Негов живот е тоа и негова одлука, што ќе работи, важно е според мене да е задоволен од работата, да го исполнува, а нормално и да заработува доволно за да нема кавги дека платата не доволна за ништо...
Дали бирате партнер според професиjа!? Хм, не сакам крајно неамбициозен и мрзелив тип покрај мене. А според професијата, не, не го опишува таа како човек.
Дали бирате партнер според професиjа!? Па немора да значи дека ќе биде тато носи мама меси. Ама со чистач не би била, со некој со портокалов комбинизон што мете лисја по улиците со метла од прачки. Зборот ми е, нема потреба од правење мајка Тереза. На сите ни е јасно. Ние жените сакаме моќ, сакаме пари, сакаме убави работи. И тоа е факт. Која жена не гледа за иднината? Постои таква? секоја сака да има каде да живее и да има пристоен живот. А со плата од чистач тоа малку потешко. Затоа, да не се лажеме. Не добиваме награда ако идеализираме или се правиме светици.
Дали бирате партнер според професиjа!? ^Не би била? Дечко ти да мора тоа да го работи би го оставила?
Дали бирате партнер според професиjа!? Не, туку не би му дозволила тоа да го работи. Ќе го спречам на секој можен начин.
Дали бирате партнер според професиjа!? Никој не се праве светец,ни па мајка Тереза . Пишаа чистач и адвокат и само за тоа се залепија . Сака да каже дали работе за некоја ситна пара или за поголема пара. И да,точно,не се живее само од љубов.Ама шо ти требат парите ако ја немаш љубовта !?
Дали бирате партнер според професиjа!? А што ти треба љубовта ако ги нема парите? Заклучок - требаат и двете.
Дали бирате партнер според професиjа!? Не ми е важна професијата, важно ми е како тој се гледа во иднина. Сум имала дечко голтари, ама баш голтари ама не ми било битно, затоа што знам дека не било до нив. Едниот работеше ко келнер, па остана без работа и пак бев покрај него. Знам дека беше амбициозен и еве го сега со 3 дуќана. Другиот одеше кршеше ѕидови по згради, мешаше малтер и што ти не, а во меѓувреме студираше. И што требаше да го оставам заради тоа што бил помошник мајстор, бре ни мајстор не беше Да не пишувам значи што биле, како биле, не ми било важно, а и нема ни да ми биде. Се додека амбицијата за успешност не му се сведе на тоа да изеде три хамбугера денес кои јас ќе треба во кревет да му ги донесам. Важно ми е да сака да работи и да напредува. Да верува во себе дека може повеќе, а не да се откажува при првата пречка. Оффи извини што работи дечко ти? Значи не мора точно професијата, него се води во пониските или повисоките работни места и дали ќе го оставиш ако утре ден остане без работа?
Дали бирате партнер според професиjа!? Требат ,не викам дека не.Али според мене поважна е љубовта,и ќе се најде некоја чесна работа,за некој колку - толку скромен живот . Неможеме сите да бидеме милионери,мора некој и '' ваа улога да ја игра''.
Дали бирате партнер според професиjа!? Воопшто нема потреба да се правиме Мајка Тереза. Но нема потреба ни погрешно да се разбираме. Ај ќе се самоцитирам. Да, важна е професијата. Сакаме да имаме пристоен живот. Мене моќ на професонално поле, или како жена на ‘голем човек‘ не ми треба, ако сум целосно среќна.
Дали бирате партнер според професиjа!? Абе тоа секако дека и мене не ми е битно дали ќе бидам жена на некој бизнисмен, само екстремни спротивности дадовте како пример, затоа се фатив за тоа да се објаснувам. Не очекувам да го сместам задникот во некоја богата куќа искрено, ама не ни очекувам да се омажам за некој чистач (ете пак тој пример). Значи, немам проблем, нека е таксист на пример, крај краева мојот дечко не работи којзнае што и којзнае колку платено, ама битно не е чистач де, тоа ми е зборот, искрено јас не би била со таков, па ако сакате и линчувајте ме сега овде. Примериве излегоа како богат идиот или сиромашен гениј темата ама признајте си дека ако двајца ви се допаѓаат едниот богат другиот сиромашен дека богатиот ќе го изберете. или пак оној со професија погоре на скалилото. Марама, реков дека не би му дозволила под точка разно да биде чистач. А има останато без работа во текот на овие две години колку што сме во врска. Не го оставив. Ама не му ни дозволив да стане чистач
Дали бирате партнер според професиjа!? Јас не можам да бидам во врска со амбициите на некој. Пример колку имаме овде феминки кои се образовани и амбициозни, а работа за нив нема? Треба ли да почнат да газат преку лешови за да добијат работа според нивната професија, шо можат тие да направат освен редовно да аплицираат за работа? Мислите дека ги немаат разгледано сите можно опции? И дека тие можни опции ги немат преиспитано по милион пати? И јас имам амбиции и пошо сум многу засегната за иднината си имам направено стотици планови за понатаму. Никој не може да ми гарантира дека тие амбиции на мене ќе ми се остварат оти сум јас многу амбициозна, а такви навистина ги има многу. И пример сега откако овај мојот ќе го заврши вториот факултет и нема да успее веднаш да најде работа, треба ли јас да му кажам: ааааа ама ти имаше амбиции. А ете нема и нема работа. Еве го се труди, се нервира, уче, планира и преиспитува, а лоши работи се случуваат... Јас сум мала за да планирам брак, али ако продолжиме да се сакаме сигурно нема да го откачам ако не може да се снајде за некој шо е пун со пара, а смрде на глупавост, тупавост и не ме почитува.
Дали бирате партнер според професиjа!? Не ги оправдувам девојките кои имаат преголеми очекувања од она што и каков треба да биде нивниот принц а тие самите не заложуваат ништо во себе кога станува збор за идната егзистенција.Да можам да си дозволам да поставувам критериуми треба најпрво јас да ги исполнувам и кога веќе сум јас таа со добра професија сепак нема да можам нечиј труд да го потценувам. Секој жив човек почнува од некаде ама како што спомна некој погоре има луѓе што се навистина амбициозни млади дечковци кои можеби немаат 1000 ден да потрошат за една вечер за да импресионираат некоја си искомплексирана фуфица но затоа пак јас во таквите имам поголема доверба дека утре друјден нема да заглави туку активно ќе се бори напред.Да не се правам многу паметна сепак ниту јас не би одбрала некој што буквално нема вода во очите но како што кажав тоа го сметам за оние кои немаат па ниту желба да постигнат нешто во животот,имам еден братучед во странство,таму е роден си има документи и во неговиот живот нема ништо работено.Живее од социјални пари во таков стан абе дупка,јадење кај баба му цигари од баба му а најголема иронија е дека неговите родители се живи и здрави ама нели лоши се оти го тераат детето од 28 години да работи . Паразит невиден ми се гади од таквите а здрав прав маж го мрзело него да работи,ма неќам ни преку плет да гледам таков .. го развлеков постот сиже на муабетот е дека сепак би следела некои приземно поставени критериуми за тоа не која професија туку какви навики и каков живот живее !
Дали бирате партнер според професиjа!? Прво значи, отидовте во екстреми. Се фативте за тој чистач, та чистач... Еве, мојот дечко е архитект и тоа многу квалитетен. И го бива, многумина го кажале тоа, не е само ради реда некој со диплома во рака. Но, поради некаков грд склоп на околности, работи во една приватна фирма нешто што реално за неговиот капацитет и потенцијал е малтене ко чистач. Метафорично де. Нам и обајцата ни е јасно дека е скроен за многу, многу повеќе, но не се откажува. И јас сум тука да го поддржам. Се додека има некаков план и визија за иднината, и кафето или ручекот не ни ги плаќаат мама и тато, јас сум многу горда на него.
Дали бирате партнер според професиjа!? А, Офи, зошто мислиш дека чистачот е којзнае што ? Па чистачот баш мислам дека има посигурна работа од таксист на пример, а исто мислам дека се и повеќе платени. Плус, кога си чистач, можеш да напредуваш, во возач на камион, или евентуално некаде да стасаш... Шеф, пример. Не знам таксист во што би напредувал, во диспечер ? Јас знам за еден роднина, возеше камион со ѓубре и метеше улици, па му тргна приватниот бизнис и сега не знае колку пари има. Знам дека карикираш со професијата и точно те сфаќам што мислиш, ама интересно ми е ова со чистачов. Во странство и не е битно што работиш, а богами ни срамно, и да чистиш, и да рибаш, и да буцкаш ливчиња од земја со таков стап, битни се парите само.
Дали бирате партнер според професиjа!? Еее се погодил таков еден на милион, секогаш има такви примери, исто како што има еден или два во милион врски албанец/македонка шо успеваат. Пак давам пример . Немора да значи дека сите возачи на камион ќе станат успешни бизнисмени во иднина, мене ми е зборот да си признаеме сите дека кога би имале да бираме двајца што ни се допаѓаат исто, едниот е богат другиот не, дека богатиот пре ќе го избереме