Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали бирате партнер според професиjа?

Дискусија во 'Врски' започната од vitomir, 27 ноември 2011.

  1. Monchence

    Monchence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    15
    Дали бирате партнер според професиjа!?


    Хигиенска работа :D
    шала на страна,согласувам се тебе :)
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Стварно отидовте предалеку со примериве... Неќев да зборувам, ама чист пример од мојот реален живот ќе ви кажам...
    Дечко ми, нема образование... Има свој бизнис, буквално со своја пот што го изградил, не му иде којзнае како, ама луѓе работи бе, не лежи, му тргнува полека...Чека да му тргне, па да ја откаже другата работа.
    Другарите негови(наши) сите еве ги испозавршија факултети демек се амбициозни, лежат дома, ама апсолутно ништо не прават. А се десило да му се смеат у фаца, поради образованието. А он е единствениот од нив што успеал нешто од животот да направи. А почнал како продавач во локалниов парк на свои 16-17 години. Ете така! Образованието нема некоја голема врска со амбициозноста!
    И не би го мењала за некој со докторат што седи во фотеља и мрси м*да! Простете на израз!
     
    На RedWine, Libera, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Hајбитна е хемијата, и да имате тема за разговор, и наравно во моето тефтерче стои- добриот секс ;) т.е сексуалната хемија -ако тоа го нема, ма и претседател да е- џабе е се !

    Jас можам да ви кажам дека во странство тие што го собираат ѓубрето зимаат доста голема плата, бидејќи во странство таа работа се смета за штетна по здравје, и заради тоа тие зимаат огромни плати, најсериозно

    A замисли, и покрај тоа тој да е некој необразнован или едноставно туп, па џабе му се сите пари, кога општа географија не знае бре :D (Tака иде зборот) или ко што би рекла Tрендафиљ држи корнишонче у гаќи :lol:

    па што ќе ми е некој таков!
    :lol: Oргазам да не видам

    A секој ќе си ги рашири нозете- колку му е долга чергата :) :)
     
    На RedWine, JuLleE, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Паа, лично јас сум многу голема цепидлака во тој поглед. Додека си одберам некој по мој терк, мама миа, боли глава. Ама еве да кажам искрено, одбрав болно амбициозна личност, спремна да жртвува се за да стаса некаде, сака просеци, стипендии, пари, слава дури... Можеби и јас сум таква, не викам не, ама спремна бев да жртвувам нешто, пример, саат спиење, саат учење, за да бидам со него. Тој не беше. :D

    Од друга страна, типче кое само си кажува дека сака цел живот да го помине во ,,тато носи, мама меси,, е спремно на длабока поврзаност и добра врска. Ама јас секогаш би го одбрала првиот, не можам со таков тип да се замислам, макар и јас го извлекла подебелиот крај.

    И добро платената професија е меч со две острици.

    Деликатно прашање, во секој случај.... :?:
     
  5. Monchence

    Monchence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    15
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    З А К Л У Ч О К : снаџи се па живи :)
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    и премногу амбициозни луѓе не сакам |(
    Oк е, биди амбициозен, во учење, работа, да напредуваш

    Aма, болно амбициозен, па да газиш се пред себе, и за никој да не ти е важно туку само таа цел што си ја зацртал- и тоа не чини :)

    се што е прекумерно не е убаво
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Де бе Офи, ако ти би избрала таков не значи дека секоја тоа би го направила, не можеш да не убедуваш тука во нешто. :)
     
    На Monchence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Па тоа е заклучокот, да. Муабетот ми беше, дека тоа го ценам кај него. Не е дека чека од небо да му паднат или во двор да му никнат пари за живеачка.
     
    На Monchence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Не иако сум во врска и кога не би била не би избрала партнер според професијата во никој случај. Таков карактер на личност сум што не би избрала партнер според професија, тоа не е никаков пресуден фактор, потребно е личноста да поседува други карактеристики.

    Едит: Прочитав коментари од темава и морав да се доискажам. Дечко ми уште студира и не работи редовна работа, но летните периоди работел и како работник кој носи малтер, одел по дрва, одел на нива и сл. па улици да метел јас не би го оставила го сакам премногу. Уште пред 8 години пред да се фатиме јас знаев дека не е богат и дека е од на еден начин земјоделско семејство и дека оди и на нива и во планина иако тогаш бил средношколец и далеку од професија, јас сепак пак го сакам.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Факт е дека бараме горе - долу партнер од сопствената класа (или малку погоре). Велам горе - долу затоа што секогаш има можност некој да добие/изгуби работа и животот да му се смени. И во никој случај не значи дека ако јас го начекам мојот партнер дур е во лоша фаза од животот, дека нема да му дадам шанса, или уште полошо, ако му се случи дур сме заедно - дека ќе го оставам или недај Боже, спречам. Ама сакам секогаш да се труди, исто како што се трудам и јас.

    Секогаш влегувате во екстремни примери, а воопшто нема потреба. Јипмен, истово важи и за тебе. Чисто се сомневам дека ќе погледнеш некоја од младине ромки што просат, нели? Не е темава за приказни со „пепелашка“ синдром, ама па и не е дека тој што го сакам мора по секоја цена да е богат.
     
    На eli25 и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Јас викам да, и те како ми е важна неговата професија, иако пред професијата, многу поважни ми се неговата амбициозност, упорност, чесност, а доколку ги поседува овие 3 елемнти, професијата би дошла како изведена формула од истите, која би му обезбедила солидно посакувано работно место.
    Некријам дека сакам амбициозен, успешен и стабилен покрај мене, со кој ке се следиме паралелно, ке просперираме заедно, ке има што да научиме општо за животот еден од друг, ќе си парираме.

    Нема да наведувам примери на комбинации што ми се смешни, бидејки несакам некого можеби индиректно да го навредам, а и секој си има различен степен за успех.Едноставно, не се согласувам со Пепелашка приказните и со шпанските сапуници каде се и сешто се комбинира и секој преку ноќ е некој си директор, а некоја си е прва дама.
     
    На JuLleE, danichap и Offspring им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Ах Руби, затоа го остави Алехандро и и' го зема вереникот на Марибел? :D :D :D

    Мала шала.
     
    На LilBaby, glamour-lady, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Само според професија не, туку според микс од многу карактеристики.
    ЗнаЧи интелектуално, културно, ФизиЧки да ми одговара.

    Е сега ако јас зборувам неколку јазици, си барам некој сто зборува барем еден странски.
    јас имам две дипломи, си барам некој да има барем една.
    јас имам авантуристиЧки дух и сакам да патувам, сетам, си барам некој со кој ке го делам тоа.
    Јас сакам кариера,амбициозност комотен зивот, си барам истомисленик.
    оваа листа е долга....
    ЗаЧи тоа сто јас го сакам нема врска со професијата, таа отпосле си се наметнува како резултат од неговата лиЧност ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Не се осудувам да бирам според професија кога јас се уште ниту работам, ниту знам што ќе ме снајде. Од каде да знам, можеби јас ќе немам избор па ќе бидам чистачка или продавачка.
    Битно ми е да биде вреден, да има некаква идеја, замисла, да го бива од ништо да направи нешто.

    И еве да ви кажам, родители на моја другарка се само со средно, се распаднаа фирмите во кои работеа и започнаа свој бизнис. На почеток канцеларија им беше едно мало собиче 2 на 2 во бараката во која живееја, работеа од јутра до сутра. Десет години покасно имаат куќа на два спрата, сопствен канцелариски простор на страна и не комотен, туку луксузен живот. Не велам не, може влијаеле други фактори на нивниот успех, ама битно имале идеја, имале желба, па направиле.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    249.502
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Ако зборуваме за пролазен дечко тогаш никој и не размислува што е, каков е, кои му се плановите.
    Авантура!
    Ама кога избираме партнер, е тогаш битно е да гледаш што избираш.
    Џабе не рекле дека и крава кога купуваш се гледа од кој сој е :lol: .
    А не па партнер, со кого треба да оформеш семејство.

    Мене ми е битно да е амбициозен, да се труди, да има цели во животот, а најбитно од се да знам дека тоа е личноста која ќе се грижи за мене и за децата ни и ќе ми пружи убав живот.
    А ако е таков каков што набројав, со труд ќе го постигне тоа.

    Покрај мене имам личност кој е при крај со студиите исто како и јас, и ете го бара работа, за да може еден ден со мене да створи семејство.
    Со него сум бидејќи знам дека може да ми го овозможи тоа што ми треба.
    Реално, така е. И не глумам, искрена сум кога се работи за оваа тема.
    Мене не ми треба некој глупчо, кој по цел ден ќе безделничи или кој ќе нема ни грам визија за себе, а камо ли за друг.
    Нека ме сака, што сака нека е, џабе ако не му работи кликерот.
    Од што ќе се храниме, од љубов ли? Ај ќе ја ставеме во тенџере и ќе ја свариме. И оп, еве ти ручек.
    Но тенкс!
     
    На Herrera, enca.69, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Mуабетот на сите до една ви држи вода :) и на едната и на другата страна, се согласувам и со 2те страни за одредени работи :)
     
    На kate21 и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    секако дека е битна , за оној кој има што да понуди* , нормално , а небитна за оној кој не е сигурен ни во своите способности .

    *понуди -во односн на образование , амбициозност и професија

    А, муабетите од типот на ** родителите на дечко ми имаат само основно , а еве денес незнаат колку пари имаат , мислам дека не држат вода , затоа што ако не се лажам тука зборуваме за професија , а не за пари (дирекно ) ;)

    муабетот ми е
    1.дечко со многу пари од мама и тато , ама нема врска од животот, освен да троши -НЕ
    2.дечко со многу пари ама без соодветно образование (тоа си повлекува многу други работи)-НЕ
    3.дечко без пари и без никаква амбиција-НЕ
    4.дечко со /без пари , ама без амбиција и соодветно образование и култура -двапати НЕ

    се останато може да се искомбинира , да љубов секако , физиономус исто така , хемија , физика итн :)) но да си дозволам да немам муабет со него или да неможам да функионирам во околината во која јас функционирам со него ...не би сакала .
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Бирам бе, како не бирам, јас општо кога нешто бирам гледам да ми се уклапа цакум-пакум во околина, јас и шампон и тоалетна бирам во амбалажа што ќе ми одговара на плочките, без разлика на цена и квалитет, а не па партнер. Битно е да зема над 50.000 плата, да нема кредити, и да вози кола максимум од 2005 година, стан од минимум 70 квадрати, целосно опремен, и здравствено и пензиско осигурање,да му се обраќаат со господине, за покрај него и јас да бидам госпоЖа.

    Ми се може бре, па што?
    Нека испуњава ова све, па не ѓубраџија, ако сака и константен гзолижач и потрчко нека биде. Зошто според мене навредливо е ова второво за разлика од првава професија која е поштена.

    Не, не, шала на страна, професијата, материјалната, станбената и каква год ситуација никогаш не ми играле пресудна улога при изборот на партнер.
    За мене партнерот треба да биде карактерно изградена личност, со цврсти свои, лични ставови, да стои цврсто на земја и да има амбиции и секако предиспозиции истите да ги оствари.
    Може во моментот да е невработен, или да работи во Водовод и Канализација и да чисти јами, но ако има амбиции некогаш да постигне повеќе од тоа би била со него.

    Не би била доколку гледам дека тој е среќен и се задоволува и со минималецот за кој работи, дека и покрај сите можности за напредок тој упорно си останува на своето и не го менува заради тоа што таа професија за него е да речеме идеална.
    Не заради него, ниту заради финансиската страна, туку заради себе, затоа што неговиот таков на некој начин за мене, песимистички карактер во голема мера би влијаел и на мене и на моите амбиции и планови за иднината.

    Еве Петко, моментално сме студенти „по професија“, без никакви забележителни предиспозиции за успех во иднина, зошто сепак знаеме какво ни е опшеството и како истото функционира, и за да преживееш повеќе ти треба снаодливост и среќа, отколку факултетска диплома.
    На оваа тема, Петко мене ми одговара 100%, зошто знае што сака, и сака да успее на овој или оној начин, ако ништо повеќе барем за леб и млеко да се има.
    Ако мене ми беше битна професијата тогаш врскава периодично ќе требаше да ја ставаме на стен бај, зошто тој оди да работи со брат ми и му е чирак, односно учи молерски занает.
    Да но тоа што е молер, не значи дека нема да заработи доволно, знам по брат ми барем, за месец дена заработува повеќе пари од што заработуваат државните служебеници.
    Така да професијата не значи ништо, јас може да сум и доктор на науки а да земам плата од 20.000 а брат ми како молер двојно повеќе.

    А и парите не се се во животот, многу повеќе е љубовта, довербата, разбирањето и желбата за успех.
     
    На Look, srcekrsacka, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sexy25

    sexy25 Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Definitivno se soglasuvam so poveke vasi razmisluvanja...Eve na primer jas sum doktorka, so zavrseno Medicinski Fakultet, a decko mi e so sredno obrazovanie...i se sluci jas da nemozam da najdam rabota i da bidam prinudena da ja napustam drzavata poradi toa, a toj da se vraboti vo jaka kompanija i da zema solidna plata...Se na se, prv i osnoven fakt e nekoj da e covek so karakter, covek so dusa i srce...dzabe nekoj ke e so visoko obrazovanie, ako ne te saka, ceni i ako se odnesuva kako idiot, zaludno e se...Ajt dosta mi e za pocetok...pozdrav do site..:)
    [mod-kirilica:18h0rvyw][/mod-kirilica:18h0rvyw]
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.922
    Допаѓања:
    123.419
    Како бе кога бираме да гледаме што професија има? :^)
    Од љубов не се живее ама и без неа ;)
    Така да сите врски бирани на база на професија пошто од љубов не се живеело ми се чисто спонзорушки врски :)
    Јас и вереникот сме сосема различни професии ,кои немаат допирни точки.Тој сеуште не работи баш на смерот на кој е -тој е дипл.маш.инж но сепак на позиција за која се бараше машински инжинер.Горда сум на него зошто за 2ипол години од обичен службеник да речам, стана шеф на тој оддел и тоа немаше ни в од врски.Ретко -но се случува,би го нарекла на некој начин среќа да го зедат таму на работа,да се покаже и да успеат да го ценат тоа и да го унапредат-што денес навистина е реткост,зошто трудот никој не ти го цени.
    Јас верувам дека ако сме заедно додека има љубов и верба,амбиција и упорност ќе се успее.Колку -толку :) Подршката што си ја давате еден на друг да успеете навистина делува некогаш,значи и тоа премногу.Знаеш дека не си сам,дека некој те храбри да не се откажуваш,а кога ќе успеете заедно со соппствен труд-да не го опишувам чувството,зошто не се опишува. Јас што не бев долго време без работа а тој во голема фирма-требаше да ме остави? Напротив,ми даваше подршка и не ми дозволуваше да се откажам и да се разочарам зошто навистина тогаш си на раб на депресија.
    И не би била себична никогаш.

    Би додала и дека ништо не е вечно.
    Не би споредувала чистач,ова она,зошто утре може да стане најголем бизнисмен.Се се врти,се се менува :)
    Мајка ми со факултет работеше во конфекција.Тоа е суровата реалност кај нас во Мкд.Сите не можат да се бизнисмени и шефови.Кој нема амбиции? Секој сака да има и да е успешен.Така да ова ми е малку чудно кај нас во државата според професија да бирам партнер и воопшто ми нема логика,барем мене :shake: Значи подобро да имате партнер кој работи,се труди,вреден е ,било каде да работи,а после работа да ве стопли со прегратка него студен директор :D е тогаш живејте без љубов.
     
    На srcekrsacka, sexy25, Meggy и 1 друга личност им се допаѓа ова.