Чекајте сега, прашањето е дали бираме маж да не речам иден татко на нашите деца според професија или дечко според професија? Разлика има. Пошто на 20 и кусур години колку само не ми било битно ШТО работел дечко ми ама ич! Ич бре. Дури и мојот бивш работеше сенешто во студентски денови да ви кажам право - и никогаш не сум го осудила затоа што чистел вециња и купатила некаде кога имал 21, 22. Зошто? Затоа што тоа ми кажува за него дека е вреден, дека не си го одмара дупето по дома, дека кога нема други можности не е пребирлив, дека не се срами да работи кога знае дека нема пари...мислам поарно да чисти отколку да безделничи по дома из чисте мире пошто така му прднало а?! Евентуално да тресне мобиЉката на маса и клучевите од туѓата кола и да си нарача еспресо за пензијата на баба. Престижно, мошне престижно Ете тоа за мене не е знак на амбициозност. А не тоа дека работал сенешто само за да може да си пруишти некој џепарац за себе па и да ја покани девојка си на кафе, пијачка, ручек, што и да е. И патем денес си има своја фирма, и си работи успешно тоа што му е струка. Е сега некој на 30 и кусур да ми рече дека буквално ради мрза се зафркава со животот и лепи сеуште постери низ градот пошто така му прднало, а знаеш дека имал можност да работи нешто друго, е тоа е сосема друга слика. Тоа ми кажува за човекот дека ако не е амбициозен барем малку сега, кога ќе биде?! На 50? Уствари и тоа е ок, ако реши да создаде фамилија тогаш. А сепак по некое непишано правило, за да создадеш семејство ти требаат пари, не се живее од љубов, особено кога се деца во прашање. Мислам дека Македонија е последната лулка на цивилизацијата каде што голем процент на девојките сеуште гледаат првенствено што работи дечкото пред да се „фатат“ со него (пардон за изразов од дедо Ное, ама така ми дојде ), каква кола вози, дали е наш или не е при што да е муслиман е боже сачувај ама ако е од странство (разбирај Германија, Швицарска, Аустрија и слично) леле колку е набилдан и галантен ма срце и душа, дали е црн или бел, дали вози фиќо или мерџо, дали ланецот околу врат му е од злато или платина...едноставно и просто кажано гледаат на такви некои тривијални безвезности што некогаш сериозно ми се лоши од сопствениот род и ми иде да го натепам колективно и превентивно. Мајке ми. Башка што овие тенденции кај нас многу ми идат на живци. Пошто да си чистач е ептен срамота, да да. Море ако ве подберам - во немаштија и безработица потценувате некој кој сака да заработи макар и денар - ама барем ќе биде одработен чесно и со мака. Да не е поарно да ви носи дијаманти заработени преку криминал за да може да се пофалите - лила ама дечко ми Леон мене дијаманти ми купува?! Јас не би за вторава опција. Други работи отсекогаш ми биле побитни кај партнерот. А ако чисти или работи ко, шо знам, пајтонџија да речеме, не значи дека вечно тоа ќе го работи. И нема зошто да го потценувам, туку напротив, многу ќе го ценам затоа што гледам дека барем работи нешто. За разлика од сета онаа багра да ми простите на ку*опецачи кои си го ладат секој ден по кафичите низ градот за пензијата на баба или на дедо. Сеедно. Пих - што се изнервисав
Иако сум непоправлив романтичар сепак на темава ќе кажам дека вода и масло не се мешаат. Еве и зашто. Ако едниот партнер ( без оглед маж или жена) е факултетски образуван, се движи во кругови со интелектуалци, го има тој поглед на работите, не може да опстојува со партнер кој е на пониско ниво од него. Барем што се однесува до мене. И ова го велам од мое искуство. Секогаш сум велела, ништо не е битно, all we need is love. Е па не било така. Не можам да коегзистирам со човек кој, не ме сваќа во моите амбиции, не ги разбира моите проблеми и не може да ми погне да ги решам. Одев со еден кој едиствена амбиција му беше да се пикне во администрација и да си се укотви и да си работи само од 8 до 4 а после дома нозе во вис, весникот, даљинското и мењај канали. Не сакам таков човек. Сакам човек со професија како мојата, или барем сродна да можеме да се поддржуваме, да се издигаме и да паѓаме заедно.
НЕ !!! Не значи ако некој е продавач има помали шански кај мене од доктор, инжинер...итн... Мене ми е најбитно каков е човекот по карактер, а не каква професија има. Најважно е да работи чесна работа, поштено да си ги заработува паричките. И за жал, скоро сите мои сингл другарки (а, и многу други девојки), гледаат на професијата. Зошто? Затоа што повеќето живееле скромен живот, па сакаат богато да се омажат. Во богатиот гледаат спас од се`. Значи и професија, ама и богат да е , зошто има доктори, инжинери...невработени.
со мојот партнер сум 7 години скоро откако се запознавме. така да имав 17 години кога го запознав и верувајте тогаш ми било побитно со кој сум. (јас сум обратна) пред него бев заљубена во еден што едвај имаше средно, клошареше и не работеше и никогаш не ми стана дечко токму поради овие причини. го сакав лудо ама мозокот повеќе ми работеше од срцето. за да го заборавам се фатив со еден што немаше факултет беше свирач во слободно време и работеше во фабрика. не ми пречеше извесно време дечкото беше супер но по одредено време немавме теми на разговор иако јас бев премногу млада сепак бев многу зрела и увидов дека ниту го сакам ниту пак има зашто да го сакам. заедничко нешто 0. јас млада амбициозна и жедна за успех а он ништо од тоа. и после него го сретнав сегашниот партенр, студираше, знаеше јазик, и беше мн амбициозен. на почетокот го мразев бидејќи беше арогантен но пота се заљубив и сум долги години со него бидејќи има добра професија се бори за својот живот и за него е незамисливо да не стане нешто во животот.(не ги набројувам другите особини бидејќи сега не се важни да не речете го сакам оти работи) тука ни се поклупуваат амбициите. во се друго сме како ден и ноќ. но најбитните работи ни се заеднички. сметам дека за секое тенџере има и капаче. не потценувам ниедна професија но сметам дека партнерот го наоѓаме според она што и ние самите го познаваме. неможе некој амбициозен со факултет, јазици познавње и амбиции да му биде интересен разговорот со некој кој има 8 оделение. уште на самиот старт тоа е осудено на пропаст
Ау девојки баш ме замисливте со темава Не разбирам како некој/а однапред има план за тоа што би требало да работи партнерот.Дали тоа значи дека доколку некоја сака да има маж доктор ,ќе почне да излегува на Клинички или економист па ќе прави дневни шеми по банките?Дали тоа значи дека чистачите немаат девојки?Мене секогаш кај спротивниот пол најпрво ме привлекувал физичкиот изглед ,потоа карактерот ,па сексот .Единствено нешто што ми е важно во врска со професијата или она што го работи е таа да го исполнува вистински и со мерак да си ја работи ,односно да нема секојдневни нервози на работа кои потоа би ги донел и дома.Сепак според мене изборот на професија е поврзан со карактерот на самиот човекот (секако доколку го работи тоа што навистина го сака,а не мора да работи било што само за да преживее). Јас си ги знам своите способности ,а ги знам и неговите.Двајцата знаеме дека што и да ни се случи во животот ќе преживееме,ќе работиме и за леб никогаш нема да патиме ,па и како чистачи ако треба.Двајцата имаме по две раце и знаеме добро да ги користиме.
На прво место би било тоа дали ми се допаѓа или не но и професијата е битна - да не се лажеме. Не дека по секоја цена мора да биде некој адвокат или бизнисмен но сепак сакам да има добра работа.Затоа што имањето добра и ценета работа значи и почитување од страна на другите.Ова за дечко . А кога некој ден ќе треба да се мажам со некој секако дека ќе ми биде важно дали тој некој има пари или не.Не сум материјалист но сепак не сакам цел живот да се караме за пари па колку сака нека сме вљубени.Од љубов не се живее. Но секако на прво место е допаѓањето и да го сакам но да сум затрескана по него па поради тоа да живеам во некој подрум - не.
Па не го бирав партнерот според видот на професијата, го бирав според лепота, степенот на образование, интелигенција, џабе е ако некој има диплома а да нема никакви познавања. Имам среќа што најдов токму како што барав, со високо образование, паметен, убав, добар и најважно што ме разбира и што ме смее, исто како што и јас го засмејувам него Не е од мојата професија (фала му на Господ, тоа ќе беше премногу со оглед на тоа колку монотона е мојата професија ) и тоа внесува шароликост во животот, уште државата да ги имаше во предвид финансиските потреби на младите образувани кадри се ќе беше совршено.
Ги прочитав повеќето мислења на темава, иако прашањето е доста лично и од него се очекува индивидуален одговор, сепак имаше доста наметнувања на сопствените ставови, што барем според мене нема потреба бидејќи никој и нема да се разубеди во исправноста на своето бирање какво и да е тоа и од која мотивација и да е потхрането. Не бирам партнер според професија од причина што тоа е и променлива категорија посматрано во наши услови и по нагорна и по надолна линија. Сепак, бирајќи по карактер не сакам несигурни мажи намерно е употребена големината, сакам маж во прав смисол на зборот, значи стабилен примерок со интелектуална цврстина и визија за иднината. Не се гледам себеси покрај некој целосно перспективно млитав и нестимулативен човек во секој поглед какви што барем според моја проценка се повеќето машки припадници за жал и не зборувам толку за тоа колку се остварени преку професија, туку како личности пред се‘. Не сум феминистка туку сакам силен маскулизам кој прска од тестостерон, тоа е веќе предизвик и дури мерак да те фати да се репродуцираш и продолжиш врста ... Повеќето вршат избор од сличен или пак близок општествен статус од сопствениот и јас ја разбирам потребата дека поголемиот дел девојки не би сакале да паднат неколку скалила подолу исто како што ја разбирам и потребата на други да се искачат неколку скалила погоре. Значи, не се поистоветувам со нив меѓутоа и не ги осудувам, уште помалку презирам поради тоа, ако има и такви кои својата позиција ја гледаат исклучиво проектирана преку таа на мажот - нивни избор и право, најмалку демократско. Инаку во реално општество каде пазарот на труд е формиран врз база на лојална конкуренција се ценат можеби и амбициите и образованието според професијата т.е. се рефлексија едни на други, ама кај нас други ,,вредности,, се на цена, сепак секој како милува, во крајна сметка сите си ги носиме на свој грб товарите од сопствените избори.
Ми било битно...отсекогаш. Амбициозна сум, упорна, многу труд, мака, откажувања ми биле потребни да се изградам себеси. Затоа и сакам изграден човек. Ми било битно и во петто одделение, битно ми е и сега. Тогаш да биде одличен , сега да е остварен, реализиран. Ми биле битни и парите, но не и пресудни. И не, никогаш не сум барала некој да има пари за мене да ме финансира. Доволно верувам во себе, и знаев дека можам да се изборам самата за себе, ано ми беше битно и тој да има, и тој да заработува, ми беше битна и професијата. Со ѓубреџија не би била. Никогаш. И сега тука одма некој би ми рекол, а што ако има пари, образование, ако нема љубов? Епа јас првин со разум се заљубувам па потоа со срце, таков човек не го ни фаќа мојот видокруг. Исто како што сум разграничила со себе, женет и муслиман не, така сум направила со себе и договор за основни критериуми за оној со кој би била. Секако тука има многу аспекти, може да е образован и амбициозен, а да нема во моментот работа, па работи блиц, што му дојде, со таков би била, или некој трудољубив до коска, паметен, интелигентен, но ете, немал средстав да се образува, но на секој начин дава се од себе да успее, исто, но со некој кој го мрзело во школо да оди, книга да фати, 3 години едвај се влечкал во Влахов, пекар, месар, графичар или во таму некое школо, кај што средно одат само за да имаат слободна и сендвичи на одмор да јадат (без навреда), ЈОК!!!ЊЕТ!!! Имам во непосредно окружување еден брачен пар, професорка по англиски и овој со три години, месар во некоја месара. Таа чат пат на семинар, на дружба со колегите, треба да потчитне по нешто, а овој... Многу ме интересира кои им се темите на муабет по дома, кога онака прават резиме на изминатиот ден, што тој ќе сподели со неа, и што тој ќе ја разбере и како си изразуваат поддршка еден на друг, за наредниот ден. Можеби затоа се повеќе ја гледам во друштво на колеги и колешки, на прослави секаде без него. Можеби и во цел тој круг не се уклапа Не сакам некој кој нема да може да ме разбере, со кој ќе немам теми на муабет, кој ќе ме ограничува, а можеме да пишуваме бајки тука до сабајле, но факт е дека и тој човек ќе се чувствува инфериорно и тоа негово внатрешно незадоволство и коплекс ќе најде начин да се канализира на некој начин и да влијае и ја разниша целата љубов на која толку се повикуваме. Да љубов, битна е, ништо без неа, но тоа е само едната страна на паричката. Јас лично не би можела да засакам човек од тој тип, да се заљубам по цена и во колиба да живеам, нити пак би можела да бидам и со директорот на незнам ти која фирма, некое тешко богаташче, ако во него нема ништо од основните човечки вредности. Надвор од сите екстремности кои се наведуваат тука, за среќа реалноста не е сурова како темава и повеќето мислења, па јас скромно би се изјаснила за златна средина. Таква сум, така размислувам, и нема потреба да глумам светица, и да пишувам небулози тука, да залажувам некој, или полошо, да се залажувам себеси. Животот е тркало, тоа го знам, сега сум во брак со личност која ја сакам, и се бориме задно низ животот. Сега веќе што и да донесе животот ќе го решаваме, и работиме заедно. п.с. Ако некој се најде погоден од постов нека не ми реагира, тоа е мое размислување на темава и мое видување на работите, погрешно или не, такво си е.
Фала ви за искрените мислења и ставови,има што бараат амбициозни типови,исто има девојки кој мислат дека треба да равотат било што,само да не биде бадијалџија. Што сметам дека и двата случаи е исправно.
Па прво ќе погледнам оти ќе ми дојде до мене и ќе бидам принуден да погледнам кој ја бара мојата рака ... А второ , нема од економски причини туку од национални ,регилиозни и јазични причини да се фатам со нејзе. За чистач , знаете ли зашто ќе ви биде добро да си го фатите ... ќе ви биде чисто дома 24/7 Искрено , немојте толку да ја напаѓате офи и мене оти ние се водиме не на тоа што на форум ни кажуваат него на тоа што во живо го гледаме Бидејки јас кај и да идам да видам , кој и да прашам ... сите бараат високи класи на професии... една другарка не се ни пушта на дечковци ако се таксисти или чуда такви .... Другарите , скоро сите гледаат некоја со парички , т.е средно и висока струка или работа ... (се разбира ако ги изоставиме сексуалните работи како да има убав задник) Така да едно е што се кажува на форум , друго е во живо што се гледа *Бидејќи осеќам дека во наредните 10 постови ќе има прашање "А ти Јипман каква ти бараш?" ќе одговорам уште сега - Јас барам девојка со која ке се сакаме , нема да ме изневерува со пола град и ќе ми дозволи да играм нељути се човече со нејзините гради
Не дека бирам ниту пак ке бирам партнер со професија од соништа и со професија која газот му го сместува на врвот на пирамидата. Нејќам ни да се замислам со таков ко прво... Битното е што има професија партнерот, и што се труди и што нејќе да лежи низ дома на грб на родителите! Од една страна кога ке дојде моментот за она апла сериозното врзување - Институцијата Брак ... Више тука станува друг муабет ... А тоа е дека секако партнерот и не би требало он самиот на себеси да дозволи да работи што било и за некоја пара со која дома само за една недела леб ке има. Значи за мене апсолутно е во ред јас ко јас да си завршам факс а партнерот да си брка свој живот однсоно професија што нему му одговара. Па имав 3годишна врска со пекар па никому ништо ... Барем кифлички ми носеше секое сабајле Значи за партнер со кој ке сакам да оформам семејство се што ке барам е да е сериозен у работата што ја сака и да сака да работи ! А што се однесува до изгледот и таКВИ СТвари си имам јас своја замислена шема и цртеж за идеалниот ми мој иден партнер. Ама тоа е сосема различно, и во шемата нигде немам оставено што Ја сакам да работи мојот партнер !
Сум си одбрала партнер кој пред се ме почитува,сака,го почитува моето мислење.Не ме интересира неговата професија,но секако несакам некој џаболебар утре во брак само јас да заработувам за цело семејство. Јас не сум човек што ќе чека пари од дечкото или од мажот и ќе дреме по бјути салони,туку ќе работам и ќе си имам.Доволно сум паметна и способна за тоа,не ми треба маж ми да ме издржува.Затоа и никогаш не сум се распрашувала прво што како работи па после ааа супер ситуиран е овој може глупости. Сакам човек кој е способен,паметен,сериозен и секако кој си има свои доприноси за живот,а не на 25 год да го мрзи да работи па од мама и тато.Не дека ќе му ставам етикета не работи,нема пари,туку ако тој е таков сега,тогаш како можам да очекувам сигурна,сериозна иднина со таков човек?Неможам! Не е работата во професијата,парите,дали имал факултет или не,ова е многу плитко размислување како прво и прво,но работата е дека секој сака сериозен маж до себе,изграден човек со став и со цели а не некој плачко (Леон ) мама и тато даваат пари а тој од мрза клинчи дома само пред тв.
А, што ако и ТОЈ сака да одбери партнерка според професијата ??? Зошто само ние женските да одбираме? Бараме рамноправност! Еве рамноправност на тацна!
Мислам дека изборот на партнер е прилично покомплексен од тоа што е по професија. Уф, колку само ќе беше едноставно да се избере вистинскиот/вистинската да стануваше збор за избор сведен на професијата. Арно ама, за да ве привлече некој треба да ве привлекува физички, да има хемија меѓу вас, нормално, да има и солидна физика , потоа да се најдете некаде на половина пат (барем) во заедничките интереси, амбиции и очекувања за тоа како да се помине денот заедно, а да не зборувам за подолгорочни планови. Од друга страна, колку и да сакаме да бидеме без предрасуди, професијата не е неважна. А друга работа, кога зборуваме за професија, мислиме баш на професијата или на парите кои може да се заработат од неа? Како што убаво одамна се искажа моја другарка „Колку и да ме привлече, нема шанси да бидам со некој земјоделец бе. Не се гледам себеси на нива и крај.“ Професијата не е неважна, а колку е важна зависи од менталниот склоп на човекот. Нема дефиниција и нема равенка. Но во секој случај, многу, многу поважен е човекот отколку професијата. Имам другарка чијшто маж смени барем 6-7 професии откако се во брак. И откако ја изгуби првата (добро платена и висока позиција) да беше само професијата во прашање, одамна ќе се разведеа. Мислам, треба и тоа да имате во предвид, се менува и професијата и финансиите, но и човековиот карактер не е имун на промени. Напротив, пожелно е да се менува со искуствата кои ги стекнува, да напредува прво како личност, а потоа се друго. Јас кога го запознав маж ми имаше фирма во пропаѓање+личен финансиски долг. Да сум га запознала некоја година претходно, кога бил во пикот со фирмата, би запознала финансиски успешен млад човек. Од Х причини работите тргнале надолу. Професијата, финансиите, успехот, сето тоа е варијабила и не може да биде добар темел за здрава врска. Како се доживувате како личности и како партнери е многу подобра основа за добра врска.
Важно ми е да биде ЧОВЕК ,а не доктор ,адвокат ,бизнисмен ,цепач ,д**ач или што било друго. Човекот не го прави професијата , поважно ми е да има душа и разбирање.
Со оглед на тоа дека човекот прво се заљубува со срцето а потоа доаѓа се друго,тешко дека би се правел избор во тој поглед. Еве некои велат-подобро со келнер што барем нешто работи и е вреден,него ли со некој кој лежи дома и не фаќа ништо...Да,така е но знаете ли колку жени се во брак со такви?На срцето не можеш да му наредиш,тоа е факт.Сепак ,станува збор за лична работа. Јас кога се фатив со маж ми бевме средно,поима немавме кои и што ќе бидеме.И сега ако тој сакал да оди келнер јас требаше ли да го оставам ....Јас сосема поинаку го сфаќам тоа.Навистина од кај денес на оваа немаштија па и работи нешто,се труди да преживее,па и ќе бираме да бил ова она...нз јас ова не го сфаќам.Па и не ми се допаѓа кога ги потценувате луѓето што биле чистачи,таксисти,келнери,па и ѓубретари.Знаете ли колку луѓе работат со факултет како чистачи,во конфекции за 3,4000 илјади? Се случува од многу богати да се симнат најдолу или обратно,во животот не се нзае ама баш ништо. Јас сум задоволна со мојот избор,прво со срцето а потоа се друго.Како што кажав не заневме кои и што ќе бидеме,едноставно заедно ги минувавме тие денови ,а тој ми кажа дека ќе биде подобро.И знам дека ќ е се потруди да го направи тоа.И ќе го направи. Да има и жени кои имаат мажи со 8мо одд,во мојата околина имам такви.Очигледно им е убаво а кои муабет го прават дома е тоа не сум им дома да знам.Не верувам дека немаат што да си кажат.Има и др страна од приказната,можеби тој од икс причини не можел да заврши фкултет-кој денес не е ама баш никакво мерило,оти секој втор се запишува и го завршува,во секое селце отворија факултет па а ко некој со 2и 3ки го заврши не значи дека ќе стане нешто спсообен или интелигентен.Имам пријатели на моите,тој хирург а она мед.сестра.Така да се е релативно.
Прво, јас како успешна амбициозна млада личност како би се снашла со некој без амбиции за во иднина? Никако. Ниту тој ке издржи, ниту јас. Ке бидам искрена, покрај мене сакам маж со стабилна, добра работа. Не ми требаат неговите пари, имам мои доволно но важно ми е да е економски стабилен, не сакам да сум ничив поткрепувач, навивам за независноста. Но никогаш не знаеме што животот ни носи, сепак.